Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Разоткривање на Книгата Зохар - „Буквите на Раби Амнон Саба“ - Вовед

31.01.2010

Здраво драги наши пријатели ! Денес повторно сме присутни на нашиот редовен виртуелен час. Со мене како и секогаш е мојот помошник и ученик Александар Козлов.Тој ќе ги прима вашите прашања, со задоволство ги очекува, со големо нетрпение. Но сега засега екранот пред него е празен, а јас имам мало соопштение. Вие знаете дека сега ја изучуваме книгата Зохар и тоа многу интензивнo, не само на овој виртуелен час на руски јазик, кој нормално се преведува на многу други јазици. Воопшто нашите редовни лекции, тие вклучуваат голем број часови на изучување на книгата Зохар. Затоа што оваа книга сама нé променува, нé поткрева, обликува, нé подготвува кон влезот во чувствувањето на Вишиот Свет. Затоа нам ни е многу важно да се промениме себеси. За да станеме поблиски до оваа книга, до нејзиното ниво, содржината, до тоа што таа сака да ни пренесе, да се ставиме под нејзиното влијание – тоа е најглавното. И тогаш веќе да се почне да се чувствува, да се влегува во оваа книга како во нова земја, нов живот, нов свет. Да ви даде вистински поглед.

Јас сепак сакам да направам мал вовед. Во 1991 година почина мојот учител. После тоа јас речиси година дена бев целосно исклучен од целиот свет. Почина мојот татко. Некое време престојував во Канада со мајка ми, каде што тој починал. И бев исклучен. А потоа, кога повторно се вклучив, ги напишав моите книги, вклучувајки ја и оваа книга Зохар на руски јазик, по која ние со вас ги изучуваме лекциите, и другите мои книги, околу 8-10 книги. Потоа постепено ги печатев. Сакам да кажам дека групата почна да се организира пред околу 15 години. И сите овие 15 години ние не ја изучувавме книгата Зохар. Затоа тие поминаа многу сериозен период на подготовка за да започнат да ја изучуваат оваа книга. Да ја разбираат, да навлегуваат во неа, да се стават себе си под влијанието на Ор Макиф, Вишата, надворешна Опкружувачката Светлина, која нé променува. Целиот овој период на подготовка вие го немате. Тој и не ви е потребен цели 15 години, меѓутоа самата подготовка ви е потребна. Барем во текот на неколку месеци, и тоа не претходна, туку истовремена со изучувањето на книгата Зохар. Но сепак е потребна. И затоа ние се договоривме во рамките на МАК on line ( Меѓународната Академија на Кабалата on line) која се спроведува преку Санкт Петерсбург, Москва и Израел. И ние од овде, од Израел и групите од Санкт Петербург и Москва заеднички го спроведуваме курсот за обучување кој така и се нарекува "подготовка кон книгата Зохар".

Таа подготовка содржи сé што е потребно за ефективно духовно напреднување. Тоа е основен курс, тоа е вовед во науката кабала, основните кабалистички статии, правилен пристап кон материјалот што се изучува. Подготовка за тоа, со помош на текстот да се предизвика врз себе вишото зрачење, Светлината на исправувањето – тоа е најглавно. И сето тоа после дава резултат, поради правилното навлегување во книгата Зохар. Како што веќе говоревме Баал ХаСулам напишал четири предговори кон книгата Зохар: "Вовед во науката кабала", "Предговор кон науката кабала", "Вовед во книгата Зохар" и "Вовед во коментарот Сулам кон книгата Зохар". Тоа се четири статии кои се обемни, со голем број страници. Тие не само што треба да се прочитаат, туку треба да се разбере зошто се напишани – за да нé внесе, втурне во таа цевка, која нé води кон книгата Зохар; во тој премин, кога можеш правилно да почнеш да ја разбираш, а не од страна, сосема погрешно. Така што мнигу ви препорачувам да се поврзете со МАК on line и преку групите Москва- Санкт Петербург – Израел, кои ви предаваат, до го поминете тој курс. И тука, во текот на изучувањето на книгата Зохар, ќе можете да давате свои реплики, забелешки, прашања, поврзани со материјалот што го изучувате на курсот. Јас ќе се потрудам да опфатам што можам и нешто од тоа да ви објаснам. Затоа многу ви го препорачувам специјалниот курс од Меѓународната Академија за Кабалата on line. Земете го ова предвид.

Сега ние со вас преминуваме кон статијата која се нарекува "Буквите на Раби Амнон Саба" т.22 од "Предговорот кон книгата Зохар" стр.284 од оваа наша книга. Страница 284, ја отвораме и гледаме. "Буквите на Раби Амнон Саба".
Амнон Саба беше многу сериозен кабалист. Тука не мислиме на луѓе кои некогаш некаде живеале и нешто ни напишале, туку мислиме на нивното духовно ниво. Тој беше на многу високо духовно ниво, оваа душа. Во кабалата не зборуваме за човек, туку за душа, која го достигна своето поправање, своето духовно ниво во духовните светови, за да може да ги објасни изворите, смислата и сé што се однесува на буквите. Т.е. предавањето на информацијата. Тоа можат да бидат електронски, писмени, тоа можат да бидат звуци, не е важно што. Стоа е взаемно поврзано. Тоа е предавање на информацијата, т.е. практично создавање на врска помеѓу нас и Создателот. Не помеѓу нас, тоа е споредно, но во принцип кога се зборува за врска, тогаш се подразбира врската на душата и Создателот, човекот и Создателот. Душата на човекот кој постои во нашиот свет.

Како ние од нашиот свет можеме да почнеме да се поврзуваме со Вишиот, со Создателот, кој се наоѓа во сосема друга димезија, и ние од нашата состојба можеме на некаков начин да влијаеме врз него, да достигнеме да влијаеме врз него. На некаков начин нешто до него да спроведеме. Што означуваат тогаш тие букви?

На хебрејски буква се нарекува ОТ , и иако се преведува како буква, во принцип означува знак. Зборот буква и знак, сé едно исто. Односно ние под зборот буква подразбираме како некој хиероглиф, цртеж на некои сили, некоја појава, комбинација на сили. Ние пренесуваме некаква информација. И не е важно каков облик има буквата, туку е важно дека овој облик носи во себе своја информација. Односно јас не гледам на самата буква, да речеме првата буква на азбуката алеф, таа така изгледа. Буква А=алеф се нарекува. Јас не ја гледам неа самата и велам "алеф", мене ме интересира каков симбол е тоа, каква слика. Како прво, од една страна ние ја изучуваме самата форма, црна на бела подлога, од друга страна ние ја изучуваме белата подлога од која е избран нејзин дел, кој се затемнува со оваа буква. Мене ме интересира што останало однадвор.Ако јас ја изучувам светлината која оваа буква во себе ја проголта, белата светлина, и ми го прикажа како црна своја слика, тогаш мене ме интересира опкружувањето, а не самата буква. Односно може да се изучува и самата буква и нејзиниот да речеме обратен отпечаток, нејзиното опкружување. Како кога би ја исекле од хартија и таму би останал празен простор. Тој празен простор што начелно означува ако целата бела хартија начелно ни ја означува вишата бела светлина.

Понатаму. Буквите имаат природно, свој редослед – од првата до последната. Имаат, секоја свој симбол, имаат и свои озвучувања, затоа што во хебрејскииот нема самогласки. Постојат само согласки. Односно а, бе, се де...а е нема. И во принцип ја нема ни буквата а, само постојат секакви означувања над и под, кои се нарекуваат некудот=точки. Освен тоа, кон буквите се додаваат секакви прилози, дополнувања, во облик да речеме, на круни. Да речеме такви круни, токму со таков облик, тие така и се нарекуваат-круни. Тие зборуваат за светлината која постои претходно, пред да дојде во оваа матрица, која се нарекува буква, која слегува во неа. Освен тие озвучувања, кои постојат под буквата, во вид на точки, или во вид на стапчиња, кои ги означуваат согласките. Понатаму уште има секакви вакви цртежи, кои се нарекуваат таамим = музички звуци. Кога ние го кажуваме текстот, за да можеме да го "испееме" правилно да изговараме, со правилна интонација, затоа што интонацијата многу често влијае на зборот – како ние го разбираме, како ние го пренесуваме. Секој збор може да се каже со љубов, а може да се каже со омраза. Значи, како тој се пренесува. Овие горните се нарекуваат самогласки, а самите букви се согласки. Што е важно за нас? Ние сега не ги изучуваме овие горни букви, кои се нарекуваат таамим- вкусови.Нема да се занимаваме со долните ликови кои се нарекуваат некудот.Нема да се занимаваме ниту со додатните крунички врз буквите, кои се нарекуваат тагин, туку ќе се занимаваме со самата буква, која се нарекува от, или во множина букви=отијот. Само со тоа. Тоа за нас е најважното.

Останатото подоцна ќе се додаде, затоа што во различните состојби сите тие опкружувања околу овој знак, кој го нарекуваме буква, тие пренесуваат различни комбинации, преоди од една состојба во друга. Т.е. ако ние зборуваме како светлината делува на некое кли, и потоа го преместува од една состојба во друга, а од ова кли се раѓа некоја трета состојба мала, потоа од таа мала состојба има враќање заедно кон првото и уште следна состојба...

Ние почнуваме да забележуваме дека тука може да се добие некоја посебна шема, слична на електронските шеми, блок- шеми. И буквите тоа ни го пренесуваат. Тие ни кажуваат дека од оваа состојба на која и претходеа такви крунички, или таква светлина, ти треба да поминеш сега во следна состојба. Ако користиш вакви точки под себе, а од оваа состојба во оваа со помош на такво дејство над истото кли, над истиот знак, и т.н. Потоа овие знаци преминуваат еден во друг и се сложуваат меѓусебно во зборови. Да речеме кога од едно се раѓа другото, тогаш се добива не една буква, туку две букви, а две букви-тоа е веќе збор. Најмалиот збор се состои од две букви. Зошто? Затоа што зборот кажува за преодот од една состојба во друга.

Накратко, кога ние зборуваме за буквите, општо земено зборуваме за суштеството, кое поминува некои одредени состојби. И тие состојби од првиот збор во Тора кој започнува со буквата Бет. Зборот беришит, во почеток, и последниот збор во Тора кој се нарекува Израел. Ламет- тоа е последната буква. Сите тие букви кои се прикажани во Тора, не се сеќавам колку беа точно, 500-600 илјади...тоа не е важно. Сите тие букви на Тора ни кажуваат нам, како ние преминуваме во своите состојби додека се исправуваме. Од самиот почеток до крајот, до целосното поправање. Тие букви се сложуваат во зборови, зборови велиме релативно, затоа што во принцип, ние можеме да ги сложиме сите букви заедно и нема да има тука никакви зборови, само ќе има еден голем збор, од почетокот на Библијата до крајот. Притоа треба да се каже дека во Библијата, во Тора, не постојат ниту знаци на интерпункција, ни точки, ништо. Постои само еден непрекинат текст во оригиналот. А кога човек чита, тој знае како да ги разделува тие букви на зборови. Можете да си замислите ако човекот не знае, тој може да си ги раздели сосема поинаку тие зборови. И тука постои многу голема можност за комбинирање.Се отвора цел систем на преместувања помеѓу зборовите, буквите, взаемна замена...
Јас го напишав ова така за да можеме да читаме од почеток до крај, ако е во права светлина, а ако е во обратна светлина, не од страна на Создателот кон суштеството, туку од страна на суштеството кон Создателот, тогаш овој текст можеме да го читаме по обратен редослед. На таков начин ние влијаеме одоздола нагоре- на Создателот. Ако пак читаме одозгора надолу и одоздола нагоре – тогаш можеме да го земеме било кое наше влијание, Неговото одозгора и моето одоздола и на таков начин ќе добиеме средна вредност меѓу нас. Колку Тој влијае врз мене, колку јас влијаам врз Него во секоја фаза. И тука меѓу нас ќе се добие многу интересно соединување. Значи буквите ги изразуваат истовремено влијанието на Создателот врз нас, нашето влијание врз него и соединувањето меѓу нас. Освен тоа, каква состојба претходеше на ова, и каква состојба од ова треба да произлезе.

Освен тоа, овие букви се разделуваат на десет сфироти.Значи после едно одредено време, оваа која било буква, таа како да се повторува, но на друго ниво. Т.е сите тие отсечоци ние можеме да ги поделиме, условно кажано, на пет дела. И затоа ние разбираме, зошто Тора се нарекува Петокнижие. Пет книги, т.е. во неа се поделени сите делови на Кетер, Хохма, Бина, З'А и Малхут. И сите овие илјадници букви се делат на делови кои припаѓаат на Кетер, Хохма, Бина, З'А и Малхут. А тие пак, во Кетер има десет сфироти, во Хохма, Бина.. во секоја од нив има по десет сфироти. Нормално дека таму се случува нивно взаемно соединување, затоа што ктарим во сите делови, дури во Малхут има Кетер, Хохма, Бина З'А и Малхут. Кетер, кој е во Малхут е поврзан со сите ктарими, во сите места е поврзан со овој Кетер, и т.н. Хохмот, каде и да се наоѓаат, Бинот, сите поврзани меѓу себе...т.е. како крвни садови да речеме : еднен крвен систем, еден лимфен систем, и т.н. И сите тие системи паралелно постојат во едно исто тело кое се нарекува Тора.
Сето ова се открива во нашето духовно тело кое се нарекува душа, т.е. сите овие букви претставуваат една целосна душа- кли, сад, во кој сето ова се открива. Тогаш веќе јас можам да зборувам дека е тоа мојата душа која поминува секакви метаморфози од почеток до крај, тогаш човекот восприма поинаку. А понатаму што?

Ние сега со вас зборувавме само за информацискиот дел. Да речеме го откривме целиот овој систем, убав, со илјади, милиони соединувања, како во една сложена електронска шема, блок – шема...Потоа го откривме поинаку, не во во вид на шема, туку во вид на букви, во вид на взаемни врски и т.н. Понатаму, тука е скриено следното ниво – моето можно влијание црз целиот тој систем. Каде сум тука јас? Или јас сум пасивен и мене ми раскажуваат како сум создаден и како со мене управуваат. Или јас од моја страна можам да почнам взаемно да делувам отворено, јавно, со овој систем. Зошто тој ми е потребен, зошто не ме создадоа едноставно неразбран,несвесен, како неживо, растително или животинско, туку како човек кој се развил до нивото да стане сличен на Создателот? Значи целиот овој систем ми се открива мене за да јас го осознаам, разберам, осетам, проверам, да видам како тој работи врз мене и што треба јас да сторам за да го искористам правилно. Затоа што тој е затоа претходно создаден и затоа сум јас во принцип создаден. Јас веќе почнувам да го гледам системот како тоа - од што сум јас составен и што треба јас да правам. Така што буквите не се едноставно азбука – тоа е се' што постои.Бидејќи тоа се тие келим, желби, кои излегуваат од заедничката желба која ја создал Создателот. И само разбирајки ги овие знаци, означувања, симболи, нивните особини, нивните преместувања и комбинации, ние можеме да разбереме како можеме да ги пронајдеме во себе и да почнеме со помош на нашите внатрешни преместувања, внатре во себе, оваа буква со онаа буква, и со онаа буква се взаемно поврзани, се сложуваат во одреден збор."Во почетокот беше зборот"и т.н.
И така почнува раскажувањето одозгора надолу и јас почнувам до го разбирам обраќањето на Создателот кон мене и соодветно со тоа почнувам да се обраќам кон Него. Самата тема нема крај. Во врска со оваа тема има голем број на кабалистичка литература, но оваа статија – "Буквите на раби Амнон Саба" e основоположничка. Воопшто во книгата Зохар освен "Воведот во книгата Зохар" таа што ја изучуваме, има многу други кои ја третираат темата за буквите. Така што, да почнеме. Има ли некои прашања во врска со мојот вовед?

Има неколку интересни прашања. Виктор од Одеса прашува:"Буквите делуваат врз чувствата или чувстата ги создале буквите? Каква е врската на чувствата и буквите?"

- Буквите се тие шаблони, преку кои вишата светлина доаѓа до нас и делува врз нас. Замислете дека на екранот постои извор на светлина, тој поминува преку некој цртеж и вие на екранот го гледате резултатот. Изворот на светлината е Создателот, шаблонот се моите лични особини, колку сум соодветен на Создателот или не сум, толку светлина поминува и толку се скрива во мене, т.е. тоа што го гледам јас на својот екран – тоа е резултат на моето вземно дејство со Создателот, тоа се нарекува знак. А што ќе правам јас со тој знак – тоа ние со вас го изучуваме.

Има уште многу прашања за тоа колку е важен јазикот, дали само на хебрејски буквите така ги одразуваат чувствата или во секој јазик?

-Не, јазикот не се буквите. Постои јазик и постојат букви. Тоа воопшто не е исто. За јазикот ние уште ќе изучуваме, што означува нашиот јазик, а буквите се симболи. Јас можам воопшто да не го знам хебрејскиот, да не знам ниту еден збор, да не знам како тој се изговара. Тоа се симболи кои јас ги гледам. Ако јас гледам некои сообраќајни знаци, јас можам да не знам како тој се нарекува во таа земја. Јас патував во десетици земји со автомобил и не знаев како се нарекува тој знак во таа некоја земја, во сите земји на Европа, во Америка, но јас знам што означува тој знак. Истото се однесува и на буквите, во тој облик во кој ние сега ги изучуваме. Односно ние го изучуваме не јазикот, не изговорот, не изучуваме зошто и на каков начин сме создадени.Така што кај нас се создава воздух во белите дробови, зошто тој воздух, роах на хебрејски, т.е. тоа е некој тип на светлина, која треба да поминува преку одреден механизам кој го нема практично кај животните.Затоа ние се нарекуваме говоречки, мидабер =говоречки, поминува преку грлото, и тука во грлото ние фактички го соединуваме сето човечко што постои во нас.

Ние не можеме да замислиме како сме изградени. Претставете си, целиот наш мозок, со сиот негов потенцијал, запомнувањето, споредувањето, перцепциите, се'...на крај слегува тука, за да го изрази тоа што ние го мислиме, претставуваме, фантазираме.На крај тоа се претвора тука во некои интересни механички дејства, кои ја придвижуваат воздушната пумпа и го испуштаат воздухот. Воздухот поминува преку грлото и горното непце, кои го затвораат тој воздух се наоѓаат, или не, во контакт "зивуг де ака" меѓу себе.Потоа навлегува во пет празнини на устата, вклучувајки ги забите, непцата, јазикот, усните. Сето тоа треба да се изучува, зошто сме такви создадени, тоа е последица на нашите особини. Нашите особини, се материјализираат во таков облик. И отворајки ја устата и испуштајки од себе некои звуци – јас дури не можам да замислам какви милиони операции тука се случуваат. Од менталните, од духовните, од семожните нивоа како тие доаѓаат тука и ми го притискаат грлото, се отвораат непцето и грлото и преку забите, устата и усните нешто се изговора.Се пренесуваат преку воздухот до вас некои вибрации кои вие ги примате исто на непознат груб начин, преку некој интересен систем на тапанчиња и мембрани. Потоа тоа преоѓа во електрични звуци, а потоа во електрохемиски систем – секакви раствори, електролити. И во мозокот неврони и уште кој знае што се'. И како тоа се повторно поминува преку алвеоларниот систем на белите дробови до грлото и на крај дури ако ние ги осеќаме, ги слушаме звуците ние сепак внатре во себе ги изговораме. Вие можете да позборувате со лекарите кои се занимаваат со болестите на грлото и тие ќе ви кажат – кој го боли грлото не смее да слуша. Исто како што не смее да зборува, така не смее ниту да слуша. Затоа што кога тој слуша - несакајки внатре во себе зборува. Грлото се напрегнува. Например оперските пејачи или слично, тие си ги затвораат ушите и не слушаат.Ако сакаат да им се одмори грлото - тие мораат да ги затворат и ушите. Односно се' кај нас поминува преку овој центар, кој затоа и зборува. Тој го одредува нивото – човек или животно. Затоа што "тој кој зборува", на хебрејски= мидабер, што значи тоа што е повисоко од животното. И општо земено, тоа е таков систем...полека.

Значи ние сега со вас не зборуваме за механизмот кој се нарекува говор, туку зборуваме само за симболите, запишувањето, пренесувањето на духовната информација во облик во кој ние, постоечките во овој свет, можеме на некој начин да ја осетиме, да ја апсорбираме, да ја осознаеме, да ја прилагодиме.

- Има лавина од прашања, Јерганат од Казахстан, групата Сент Луис од Англија и нашите ученици од шпанското говорно подрачје прашуваат: "Колку е важно да се изучува Книгата Зохар на хебрејски или може тоа да се прави и на својот мајчин јазик?"

- Надвор од секакво сомневање е дека вие можете слободно да се задржите на својот мајчин јазик, затоа што сите јазици се потребни и во тој однос се рамноправни. Но духовната информација беше пренесена на овој јазик, на хебрејски, таа беше во таков облик истакната во древниот Вавилон. Таму се зборувало на арамејски јазик. Арамејскиот и хебрејскиот - тоа се исти азбуки, само со малку различен изговор. Например Книгата Зохар целата е напишана на арамејски јазик, и кај кабалистите во текот на сите досегашни поколенија се' до нашето време, арамејскиот јазик и хебрејскиот, тие взаемно коегзистираат и взаемно се надополнуваат еден со друг, но разликата кај нив е само во изговорот. Но не во пишувањето. Самото пишување дојде кај нас од древниот Вавилон, таму каде што беше откриена науката кабала, а до древниот Вавилон, со овие знаци, симболи се користеле уште дваесет поколенија до Вавилон, почнувајки од Адам.
За пред тоа ние не знаеме, но можеме да претпоставиме дека Адам е првиот од жителите на земјата кој го открил Создателот, го открил духовниот свет. И пред него живееле многу луѓе.Но тој е првиот кој открил дека човекот постои во овој свет во затворен простор, и дека постои простор вечен, бесконечен, надвор од границите, без секакви рамки, време, преместувања и т.н. значи тој прв ја открил таа следна димензија и тој ја напиша својата книга "Тајниот ангел" на хебрејски, односно со овие букви. Вие можете да ја најдете, тенка книгичка, околу стотина страници, напишана на хебрејски. Така тој ја напишал. Таа се чита многу тешко, неразбирливо.Тој само нешто опишува, а што нам не ни е јасно. Јазикот е уште таков и тој така опишува...Постојат многу коментари кон оваа книга и секакви објаснувања, но сепак ние не ја изучуваме иако ја имаме во архивата, можете да одите и да ја видите. Значи, невозможно е со други букви да се опишат духовните дејства. Тоа е многу едноставно – затоа што било која буква е составена од само два вида светлина.Тоа е светлина која се распространува одозгора надоле или одоздола нагоре ( светлината Хохма), и светлина која се распространува оддесно налево или одлево надесно ( светлината Хасадим). Затоа писмото се нарекува коцкасто, затоа што постојат само овие два вектори. Кога тие меѓусебно создаваат хармонична комбинација, тогаш се добива кружница, елипса. Има букви кои се означуваат со кружница, но постои од страна некаде некаква цртичка, како влез или излез од оваа целосна хармонична состојба. Но во принцип сите букви се изградени со коцкаст приказ, затоа што формата на буквите произлегува од взаемното дејство на овие две светлини врз желбата. Затоа секоја буква – тоа е знак кој означува на каков начин взаемно си делуваат двете светлини, светлината Хохма и светлината Хасадим.

А што значи "две светлини"? Од каде светлината вземно делува? Светлината Хасадим – тоа е нашата особина на давање, во мера на таа особина постои светлина Хасадим, и во таа мера во која ние во особина на давање можеме да ја вклучиме и да работиме со особината примање, толку продира и свети во нас светлината Хохма. Затоа, постојат две особини – давање и примање, единствено можни во вселената, и соодветно на нив две светлини кои взаемно си делуваат, светлината Хохма и светлината Хасадим. И тие две особини ги образуваат меѓусебно за нас сите знаци. А колку знаци има? Ограничено количество на знаци, затоа што овие светлини почнуваат да делуваат одозгора надолу врз душите почнувајки само од Бина. Имаме во делувањето на Создателот врз нас Кетер, Хохма, па потоа Бина – посебна особина. Кетер – е целосно влијателен напред, одозгора надолу. Хохма ја добива таа светлина и целосно ја пренесува надолу. Бина во нејзината средина ништо не сака да прима, а потоа за да дава, да биде слична на Создателот, во ова свое горно делување, таа е слична на Создателот, еднаква е на Кетер. Таа сака да биде како Кетер, да дава, а како може да дава? И тогаш во вториот свој дел таа почнува да дава, надолу. И тоа нејзино давање надолу веќе создава букви. Девет букви од средината на Бина до нејзиниот крај, девет први букви. Потоа имаме парцуф кој се нарекува З'А, во него има уште девет букви, под З'А стои Малхут – во неа има само четири букви, таква е нејзината структура, нема повеќе сфироти, и под Малхут стои таканаречена Парса. И бидејки е препрека на целата виша светлина, за таа да не поминува надолу, туку да запира на неа, оваа препрека е составена од пет дела, катанци, кои се нарекуваат Манцепах. Називот звучи како кај Мајите...тие имаа такви имиња, на главатарите. Манцепах, значи е Мем буквата М, Нун буквата Н, Цадик буквата Ц, Пеј буквата П и Хаф буквата Х. Само пет букви. Тие имаат своја завршна форма, кога се пишуваат на крајот од зборот, тогаш се пишуваат поинаку. Овие пет завршни букви исто се додаваат кон азбуката. Тие ја карактеризираат границата, подолу од која светлината не поминува. Т.е. што сакам со ова да кажам? Буквите имаат своја количина, квалитет, форма само како знаци, по кои вишата светлина поминува преку желбите, ги оформува тие желби и на таков начин нам ни ди презентира. Затоа кога ние гледаме на симболот на буквата, не го читаме зборот, туку ја читаме промената на желбата и на каков начин во неговата трансформација тој го извршува дејството. Односно секој збор – тоа е дејство, последователна причина на желбата и светлината во неа. Затоа абуката е изградена произлегувајки од соодносот на светлината и желбата, и затоа е таква. Затоа таа и се создала со откривање на вишиот свет, а зошто се нарекува хебрејска азбука – затоа што групата која излезе од Вавилон и таа почнала да го применува.

Ако ја земете книгата "Развиток на писменоста" на Истрин ( тоа е руски истражувач) ја има оваа книга во продажба, знам, јас ја користев кога живеев во Русија, тогаш ќе видите како тој ја сведува целата писменост токму кон овие букви, кон овие вавилонски времиња. А кабалата зборува за тоа и без нашите истражувачи, сама за себе. Многу се занесовме...има ли уште нешто интересно?

Главно околу буквите, јазикот, има такво прашање: " Ќе го спознаам ли јас хебрејскиот јазик автоматски кога ќе навлезам во духовното?"

-Кога вие ќе навлезете во духовното, автоматски ќе го знаете хебрејскиот. Исто како Адам кој кога за првпат го осетил духовното ( не знам на каков јазик зборувал тој со својата мајка и татко) тој ги открил во себе комбинациите на овие светлини и келим, и на таков начин почнал со нив да ги изразува своите виши, духовни чувства. Затоа и книгата ја напишал со тие букви.
-Што е интересно, јас го давав примерот кога се уште сум бил со својот учител, Рабаш.Ние добивме, односно јас добив тетратка од Русија, од некој си сибирски работен логор.Ми пишуваше човек кој немал никаква врска ниту со Еврееите, еврејството, ниту со хебрејскиот, со ништо... Тој напишал стихови на хебрејски, на многу оригинален хебрејски, јас речиси не ги разбирав зборовите. Јас му ги покажав на мојот учител, Рабаш, кој ми рече : "Овој човек го открил вишиот свет за себе.Непознавајки го јазикот гледај што тој напишал!" И тој таму ги опишал своите чувства во вишиот свет. Тоа беше потресно! Тој наеднаш го спознал јазикот. Но како мислам спознал – не како што зборуваме ние, да го изговара, да општи на него, туку тој го чувствувал и го изразувал преку писмо со своите чувства. Т.е. тој ги преведуваше чувствата, а чувствата немаат облик, во облик, кој може да се прикаже, изрази на носителот. Тоа беше многу интересен настан, јас се вчудоневидов. А излегува дека тоа е многу едноставно, ние постоиме во единствен свет, и духовниот и нашиот свет, само што ние не го чувствуваме контактот, работата со сето тоа.

Затоа, тој кој ќе го достигнува духовното, без сомневање, ќе ги знае овие пишувања, т.е. овој јазик. Во најмала рака писмениот, не разговорниот, и ќе ја разбира смислата на сите овие знаци. Тоа е познат факт, затоа многу научници од сите времиња, филозофите, го изучувале хебрејскиот. Тој секогаш се сметал како јазик за духовното изразување. Зошто се користеле со јидиш, другите латино јазици, а хебрејскиот го чувале не да зборуваат на него. Бидејки само што излегле во галут, прогонство, после разрушувањето на Храмот, паднаа под нивото на Парса. Кога паднаа подоле, таквата состојба се нарекува "прогонство"од вишото, веднаш почнаа да се користат со другите јазици. Затоа што хебрејскиот асоциира само на вишиот свет. И затоа настанал јидиш, латино, или арапскиот. Рамбан, например, пишувал на арапски јазик, има многумина кои пишувале на латино, и на јидиш, нормално, но само ги пишувале своите дела, а кога пишуваа духовни дела, тогаш ги пишуваа на хебрејски. Затоа се нарекува лашон кодеш – свет јазик, затоа што зборува за светоста. Светост- тоа е особина на давање. А овие сите други се замена само за во текот на прогонството. И затоа, кога се вратија сега тука, во земјата на Израел, што претставува олицетворение на враќањето на целото човештво од прогонството во вишиот свет, тогаш повторно се враќаат кон хебрејскиот. Тоа е еден вид историска информација.
Уште прашања?

-Има неколку прашања. Прашува Константин од Канада, и наш студент од Норвешка :" Каква е разликата во чувствувањето на материјалот кога слушаш или читаш, дали е важно е да се слуша или треба да се следи текстот задолжително?"

-Јас ви го советувам следното: Како прво постојат како во секој јазик термини, како во секое занимање. Сакаш или не, ако некому кажеш "чварки", тие ќе помислат дека тоа загорело месото, или не знам што. Ако некому кажеш "перисталтика на цревата", не знам кој ќе разбере, можеби ќе разбере...или некои медицински термини...намерно ги измислуваат за ние ништо да не разбереме. Во музиката, во физиката...филозофските книгу воошто не може да се читаат.Во нив тие самите изгледа ништо не разбираат. Тоа јас ви го кажувам како доктор по филозофија. Накратко, секоја наука подразбира одреден избор на термини кој се условно признаени и тие треба да се користат за да ги разберат специјалистите, затоа што тие содржат во себе многу обемно смисловно значење.

И затоа хебрејскиот ќе треба да го знаеме, не знам, неколку десетици зборови, но вие и онака постојано ги слушате и затоа со тоа нема проблеми. Колку повеќе зборови ќе знаете, толку поразбирливо ќе ви биде за што станува збор. Кога почнуваме да го читаме Зохар, почнуваат проблемите.Таму има многу зборови и таму треба да се знаат голем број зборови, затоа што тие ги објаснуваат сосема различните особини. Да речеме, ако велат "коса", на хебрејски е сеарот= од зборот соер = секирација, се наоѓа во состојба на стрес, состојба на огромна желба која е невозможно да се реализира, така што тука се појавуваат сосема други разбирања. Од разбирањето на тоа што значи не само ви кажаа "коса", туку ако вие слушате саарот, тоа е соер, што значи огромна неисполнета желба. Или уште: иш-иша, вие едноставно ќе знаете дека иш= човек, иша= жена, туку и разликата меѓу нив во буквата "а", зошто се додава таа буква и од човек се претвора во жена и т.н. Т.е. тука мора да има знаења, ги нема многу, но се неопходни. Така што самиот јазик не е задолжително да се изучува, но зборовите кои ќе ги гледате како базични, кои се повторуваат – кабалистите ги користат намерно за објаснување, за појаснување – тогаш тие треба да се знаат. Но сето тоа во текот на изучувањето.Сега ништо не треба да запомнувате однапред. И сега, кога ние со вас ќе почнеме да ги изучуваме буквите, ќе добиваме уште многу , така да ги наречеме, пропратни занења.

-Јас сакав да го појаснам прашањето на нашиот студент од Норвешка: "Точно ли е дека кога ти го слушаш Зохар и го читаш, тогаш преку буквите ја чувствуваш светлината? Ја добиваш ли ти таа светлина ако слушаш?" односно, важно е да се чита или слуша, и каква е разликата помеѓу читањето и слушањето?

-Тоа зависи од карактерот на човекот. Јас не би рекол дека тоа е пресудно, не би рекол. Има луѓе кои без да читаат - не слушаат, има луѓе кои читаат и не разбираат - мораат да слушаат, како навидум директно, додека преку окото...а ова директно од увото јас слушам. Како да слушам со мозокот. Постојат луѓе кои гледаат со мозокот.Постојат такви кои истовремено мора да слушаат и гледааат, има такви кои слушаат, гледаат, но мора и да зборуваат, истовремено со читањето, тие треба и со усните да го изговараат. Тоа зависи од човекот, тука не постојат никакви општи правила.Како ви е удобно, за да почнете внатре во себе да се изедначувате со овој текст, да почнете да го чувствувате, дека преку вас поминуваат овие матрици, букви.Овие состојби, кога секоја буква сака да ви ги пренесе, дека вие самите го попримате обликот на буквата. Такво сложување помеѓу давањето и примањето. Се наполнувате со светлината Хасадим и со светлината Хохма, вие се претворате во таква буква, вие преминувате од една буква во друга, трета, го завршувате одреденото духовно дејство – тоа значи го исполнивте зборот.
-Што значи " збор"? Зборот Божји, односно го добиле одозгора надолу, кон себе, на таков начин на него изреагиравме одоздола нагоре. Т.е. да се чита, слуша...важно е тоа внатре – тоа треба да го одреди вашиот однос кон текстот. Со звук, како ви е удобно, главно е ова да се достигне.Затоа што ние мораме да ги поминеме најаве и целосно, сите тие состојби кои треба да ги предизвикаат во нас сите букви на Тора – од првата до последната. Тоа е фактички планот на суштеството, по кој, ако поминуваме од првата буква до последната, првата буква алеф и последната ламет, а-л, сите тие букви, тогаш ние целосно го завршуваме нашето исправување и стануваме потполно рамни на Создателот. Тоа е нашата задача, нашата цел.

-Жења од Њујорк ве прашува: " Зошто грлото го нарекуваат "адамово јаболко", дали постои некоја поврзаност?

- Тоа веќе кога ќе го изучуваме првиот грев, тогаш ќе зборуваме за тоа. Но во принцип тоа е многу интересен момент, затоа што не му се обрнува должното внимание од никој – зошто човекот се нарекува "говоречки". На хебрејски тој не се нарекува "разумен", "исправен", туку се неживо, растително, животинско и човечко ниво на развиток.Човечкото ниво се нарекува мидабер=говоречки, затоа што токму тоа нас не' дефинира и не' разликува нас од животното. Кај животното овој систем со разбирање и поврзаност и целосно изграден како копија на петте виши сфироти, пет дела на белите дробови, потоа грлото кое е изградено според принцип на структурата на системот кој исто се нарекува грло во парцуфот Арих Анпин во светот Ацилут. Тука уште над овој систем, тука овој парцуф се нарекува Арих Анпин. Во него постои конструкција, која се нарекува Рош=глава, таа се состои од Кетер и Хохма во него самиот, и следното во него е Бина, З'А и Малхут. Бина кај него се нарекува грло =горон, и тој систем е изграден намерно за тоа да се пренесе од тоа што се случува во главата, да се изрази на таков начин за нижите да разберат. Надворешните, туѓите...затоа постои овој систем на Бина , а потоа овој систем делува според истиот принцип и пренесува одозгора надолу. Така што целиот наш систем, како и целото наше тело, но посебно овој наш систем не постои кај никого, освен кај човекот. Системот не е само гласот, како што кажував, дури ако ние нешто разбираме, размислуваме, ние можеме тука да измериме, кога би знаеле на каков начин, и оттука да ја читаме информацијата која е во главата. Човекот не сака да говори, не е важно, може да му се приклучат тука мерачи и да се дознае што му се одвива во главата. Толку многу овој наш систем е поврзан кај нас со активноста на мозокот, со работата на душата. Денес целото време го посветивме само на воведот, затоа што тоа е толку обемна тема и заслужува малку да навлеземе во неа, а понатаму да ја изучуваме.

-Марија од Петрозаводск, Карелија прашува: "Како да се усогласи потребата да се знаат зборовите- термини и способноста да не се споредува напишаното во Зохар со познатите за нас ликови?"

-А вие запомнувајте ги зборовите како што звучат на хебрејски, и во таков облик оставајте ги. Да речеме, сеарот – зошто е потребно да се знае дека тоа означува коса? Сеарот се нарекува надворешниот парцуф. Да речеме, постои внатрешен парцуф ( парцуф= духовна конструкција), а на него одозгора има надворешен парцуф. Надворешен во однос на внатрешниот. Ова се нарекува Гуф – не го преведувајте дека означува тело, а ова – сеарот, - не го преведувајте дека означува коса. Оставете го така – сеарот. И ќе ви биде полесно, нема да се збунувате, ќе бидете во многу попогодна положба отколку тие што го знаат хебрејскиот. Ви кажувам од мое лично искуство.
Многу од овие зборови јас не ги знаев кога започнав да ја изучувам кабалата, не ги поврзував со ништо. Во земјава бев само две години, а и со јазиците воопшто имам проблем, не сум надарен за јазици, и мене тоа ми помогна. Јас почнав да изучувам огромен број нови зборови, кабалистички, и ги поврзував само вишите парцуфим, световите, и т.н- а во никој случај со поими од нашиот свет. Освен тоа, кога овие зборови се изговораат на арамејски – Арих Анпин – тоа на арамејски јазик значи долго лице, З'А – кратко лице, а потоа доаѓаат секакви називи, кои речиси сите се на арамејски. Така што се' ова ние со вас уште ќе го дискутираме, ќе говориме...пишувајте и следниот пат ние веќе без секакви воведи ќе почнеме од т.22. А вие дотогаш прочитајте ги патем првите две-три поглавја, за да ми поставувате веднаш умни прашања. И тогаш ние побрзо ќе го поминуваме материјалот, или побавно, но подлабоко. А дотогаш ние од вас се простуваме, ви пожелуваме многу успех, здравје, поврзаност со нас, вклучување во нашата заедничка работа. Уште еднаш ви напоменувам јавете се во МАК, дознајте кога таму се одвиваат часови за подготовка кон изучувањето на Книгата Зохар. Јас тоа упорно ви го советувам.Успех на сите вас, ве прегрнувам, до гледање од нас двајцата!

Лекција бр.14 „Буквите на Раби Амнон Саба“ дел 1

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica