Зохар е збирка на коментари и толкување на Тора, наменета за луѓе кои имаат достигнато одреден духовен степен на коренот (потеклото) на нивните души.
Зохар ги содржи сите духовни состојби, кои луѓето ги искусиле при процесот на развитокот на нивните души. На крајот од процесот, душите го достигнуваат она што кабалистите го нарекуваат „крај на поправката", највисоко ниво на духовната целина.
Оние кои немаат духовно достигнување, Зохар го читаат како збирка алегории и легенди кои можат да се толкуваат различно и погрешно од страна на читателот. Но, за оние со духовно достигнување, односно за кабалистите, Зохар е практичен водач за внатрешните акции кои ги изведуваат, со цел да откријат подлабоки, повисоки состојби на согледување и сензации.
Толкувањата и објаснувањата на Д-р Михаел Лајтман служат токму за таа цел - правилно да се разбере и да се изведуваат внатрешни акции кои ќе доведат до повисоки духовни согледувања.
Пријави се за бесплатен кабала курс кај Бнеј Барух -Институт за образование