17.01.2010
Добар ден драги мои пријатели, ја започнуваме нашата денешна виртуeлна лекција.
Денес ќе ја разгледаме статијата која е многу важна, би рекол најважна во Предговорот кон Книгата Зохар, која се нарекува „Две точки". Тоа се навистина две важни точки;точката Малхут – нашиот почеток, каде што ние со вас го започнуваме своето духовно патување, напредување, и точката на нашата цел – Бина, во која ние тоа духовно патување го завршуваме. Малхут која ја достигнува Бина и целосно се спојува со неа, ги добива сите нејзини особини, а притоа ги изразува и своите особини. Односно Малхут во таа мера ги добива особините на Бина, што не само се наоѓа во неа, поништувајки се, растворувајки се во неа за Бина со неа да владее...Не, таа се искачува во Бина, на некој начин се раствора во неа, и дозволува на Бина целосно да ја впие, а потоа започнува да ги пројавува своите особини, внатре во особините на Бина. Тогаш излегува дека се пројавуваат две особини – особината на Создателот - давање, и особината на суштеството – примање. Тогаш овие две особини соединети, соработувајки заедно го достигнуваат нивото Кетер. Тогаш имаме; Кетер, мала Хохма, Бина, мал З'А, и Малхут. Таква е градбата на целата вселена.
Ние со вас, сакајќи заедно да се соединиме, се искачуваме во Бина, само во толкава мера, колку што сакаме да се соединиме заедно. Затоа што заедничкото соединување значи поништување на својот егоизам, т.е ние притоа создаваме услови за Цимцум Алеф. Соединувајќи се во едно, ние целосно се предаваме на Бина. Ние сме како ембрион, како капка семе што се прицврстува во матката на мајката. И почнуваме таму да се развиваме. Т.е. почнува да се развива нашиот егоизам, од 0 до сите наши 125 нивоа, скалила. Притоа ние, над овој егоизам, делувајки врз неговото намалување, постојано се обидуваме да се вклучиме во особината на Бина. На таков начин ние растеме. Како што расте ембрионот од капката семе (точката во срцето) сè до целосниот развој на плодот. Кога тој целосно се анулирал себе си и го апсорбирал сето што било потребно преку нејзината крв – тој се раѓа. И тогаш почнува да ги изразува своите особини. Изразувајки ги своите егоистички особини внатре во особините на Бина, заедно тие две особини во него, се искачуваат. Егоизмот кревајќи се во Бина тој го анулирал. Во Бина, над тој свој егоизам тој ги добил сите особини на Бина, без да го исправи или да го искористи, а сега почнува да го користи заедно со особините на Бина. Малхут и Бина се креваат заедно до нивото Кетер. Тоа и е нашата цел, кога стануваме еднакви со Создателот. Кога сите особини на Малхут и сите особини на Бина, собрани зааедно, се поддржуваат меѓусебно. На тој начин ние стануваме еднакви на Него, се соединуваме со Него. За тоа ни кажува оваа мала статија, која е многу јака и обемна по својата содржина.
Точка 120. „Раби Хија почнал и открил" – ние веќе знаеме што значи тоа. Tој и го отвори патот на Вишата Светлина и пројавувајќи ја во себе, почнал понатаму да ни ја открива нам, појаснува. Неговата прва фраза:"Почетокот на мудроста- страв на Создателот, и сè добро добиваат тие што го спроведуваат тоа. Почеток на мудроста? – прашува тој, но би требало да кажеме дека крајот на мудроста е страв на Создателот, затоа што стравот на Создателот е особината на Малхут и таа е последна, крај на мудроста", а Хохма е одозгора. Т.е. страв, трепет, не како нашиот страв. Мудроста е Хохма, а стравот е особина на Малхут." Но, одговора тој, токму Малхут е почеток на влезот на скалилото за добивање на вишата мудр ост". Односно ако јас сакам да стигнам до мудроста, до тоа скалило, јас треба да се искачувам до неа; од Малхут. И во Малхут не е толку едноставно да се пронајдеш, затоа што Малхут не е едноставно. Туку ние сме желни за обединување, желни за духовен подем. Затоа е кажано: "Отворете ми ја портата на праведноста на Малхут, наречена праведност-тоа е портата на Создателот. А ако не влезе човекот во таа порта, тогаш нема да влезе во ниту една друга кон вишиот Цар, Создателот. Затоа што скриен е, одделен и создаде многу порти ( услови) на патот до Себе". Зошто го кажува тоа? Има многу долго објаснување, ама сака да го каже следното: дека ние со вас, од нашиот свет , кога ќе почнеме да ја чувствуваме точката во срцето, која во принцип сите ја чувствуваме, започнуваме да се искачуваме по скалилата (ова се нарекува период на подготовка) кон духовното чувствување. Тој период не е само да се одолговлекува за некогаш да помине, туку период во кој ние треба да осознаеме дали доволно посакуваме и дали навистина го посакуваме духовното, наместо нашиот свет. Додека тоа не се случи, ние нема да влеземе во Вишиот Свет. Т.е човекот може да се убедува себе си, да си докажува дека толку многу сака...ама ако тој сака а не може, значи дека сè уште не сака. Тоа е многу едноставно.
Во духовното не постои проблем во тоа дека тебе не ти се дава одозгора, постои проблем само со твојата желба. Значи дека уште не е оформено одоздола. Периодот на подготовка може да трае неколку години, а може и неколку десетолетија. Затоа што тоа зависи од желбата на човекот, како тој ќе ја оформи. А желбата на човекот зависи од : учењето, групата, работа во групата или распространување, маасер и учител. Тие се нашите средства со чија помош можеме да достигнеме таква желба за да се пробиеме преку Махсом (бариера) Т.е. кога навистина се плашиме дека нема да го достигнеме духовното, и така доаѓаме до конечен заклучок, дека поинаку не вреди да се живее. Тоа над целиот тој егоизам, кој тука ни се развил. Кај нас се развива многу голем егоизам кон нашиот свет, кој постојано расте. Тука се во игра парите, власта, славата, животните задоволства, сето она што ние го посакуваме. Ние над сите нив мора се кренеме и точно да се ориентираме. Најважно за мене е достигнување на вишата цел. Сето останато - ако треба во некоја мера, во која што нема да пречи, јас хармонично и правилно да се стремам кон таа цел – јас сум подготвен! Никако поинаку. Само на таков начин јас се воспримам себе си и своето напредување. Како мој придружник, помошник, поддржувач. Тоа се однесува и за мажите и за жените, нема разлика. Душата се крева горе под едни исти услови. Значи, кога човекот може целосно да одлучи дека е подготвен сè да отфрли само поради влегување во особината давање, тогаш таа особина на давање му се дава.
Тогаш тој навлегува во својата следна состојба, која се нарекува трепет, или страв. Кај нас тоа се нарекува Хафец Хесед или праведник. Кога во човекот целосно се создава постепено состојбата на давање. Ова напредување се состои од два дела: првиот дел се нарекува Убар, а вториот дел Катан. Убар – е ембрион, потоа се раѓа, и следниот дел се нарекува Катан Катнут, мала состојба, т.е. до неговото созревање. Потоа човекот ја достигнува таквата состојба кога може да помине погоре. Значи на ова ниво тој ги достигнува особините на Бина. Понатаму, користејки ги особините на Бина и своите егоистични особини, веќе оди понатаму (тоа е веќе возрасен), Гадол (хебр.Голем) – Гадлут. Значи ја достигна оваа особина на Бина тука, а тука ги достигнува особините на Кетер. На таков начин одат во нас тие две точки и така кај нас се појавуваат.
Точка 121. " А на крајот на сите порти (значи тука постојат многу порти, т.е. скалила. Скалилата почнуваат од 0 тука, 1-во скалило Субара, а завршува овде, 125-то скалило) поставил посебни порти со неколку катанци". Тука тој зборува за друго, како само да се влезе во Вишиот Свет за тоа наше време на подготовка. Вели дека тука постојат многу порти, на овој пат за време на подготовката. На крајот од сите порти се поставени посебни порти со по неколку катанци, "неколку влезови, неколку сали, една над друга, и рече: кој ќе посака да влезе кај Мене (т.е. да помине преку Махсом..тука и понатаму веќе доаѓа откривање на Создателот) нека бидат овие први порти негови за кај Мене. Кој ќе влезе преку овие порти – ќе влезе, само ова се првите порти кон вишата мудрост, порти на стравот на Создателот – Малхут – и затоа се нарекува почеток. Т.е тука, првата порта почнувајки од 0 и понатаму тие одат. Значи кој сака да влезе, но тука постојат многу порти. Преодот преку Махсом не е едноставен, а потоа започнува долгиот пат на поправањето. Катанци, влезови, сали – тоа се три последовални на секое скалило точки на поправање. Сакам побрзо ова да го поминеме, за подоцна подетално да го разгледаме. Понатаму тој поинаку почнува да го објаснува ова наше искачување.
Точка122. "Буквата Бет од зборот Берешит- во почетокот (Тора започнува со "почетокот" – во почеток Бог ги создал небото и земјата. Тоа "во почеток" е буквата Бет- Берешит покажува дека обете; ( Бина и Малхут) се соединуваат заедно во Малхут. Двете тие-точката скриена и видливата. Но бидејки не постои поделба меѓу нив, тие се нарекуваат почеток. Т.е. само една точка, а не двете, затоа што тој што ја зема едната, ја зема и другата, без да осети." Т.е. ние се закачуваме за нашиот егоизам, затоа тоа се нарекува – во почеток, без да осетиме дека позади него се наоѓа огромен свет, кој на таков начин веќе не прикачи кон себе. Тоа е едно (тие две точки) "затоа што Тој и името Негово се едно, како што е речено и ќе спознаете дека тоа е единственото име на Создателот." Т.е. таа мала точка за која се закачуваме, од каде започнува зборот Берешит, во реалноста нè води во огромен внатрешен свет. Затоа со неа започнува Тора. Бет исто така го означува зборот "два", затоа што секоја буква има свое нумеричко значење. Така што Бет е 2, означува два света.
Т.123. Зошто Малхут се нарекува страв на Создателот? Затоа што Малхут е дрво на доброто и злото: заслужил човекот – тоа е добро, не заслужил - тоа е лошо. Т. е и самата Малхут се појавува во однос на нас со две лица – надворешното, и спротивното, зависно од тоа како човекот е расположен кон неа. Ако човекот е егоистички расположен кон неа, тогаш и таа е егоистички расположена кон него. Ако тој кон неа со особина на давање, и таа е кон него со истата особина. Ние на таков начин го унапредуваме вишото управување и поправајќи се себе си го исправуваме вишото управување. Играјќи се на таков начин со своите егоистични желби и особините на давање, левото и десното, предизвикуваме врз себе сосема различни, спротивни влијанија одозгора. "Затоа се наоѓа на тоа место стравот". Во Малхут. Затоа што таа може да се сврти така или инаку, слободно или неслободно, заборавајќи за тоа потпаѓајќи под влијание на некои надворешни фактори, и затоа веднаш добива одозгора соодветно дејство. "и преку тие порти одат кон сета добрина што постои во светот." Ако правилно се насочуваат себе си, кон вишиот сефирот, покажувајќи им ги само своите позитивни особини, особините на давање. "Сета добрина – тоа се две порти, две точки кои се совпаѓаат во човекот како една". Односно кога тој скривајќи ја својата егоистична особина, сака да се обвитка во особината на Бина, алтруистичката особина, особината на давање. "Сета добрина – тоа е дрвото на животот. Затоа што тоа е добро, совршено и без секакво зло. И затоа што нема зло во него, тоа целосно е исполнето со добрина". Сега ги читаме пасусите од Зохар,а потоа ќе ги разгледуваме.
Т.124 "За сите што дејствуваат - тое е верно милосрдие, кое ја поддржува целата Виша С ветлина, целата Тора. Тие поддржувачи на Тора како сами да ја создаваат"Т.е.Светлината која што се распространува одозгора до самото дно, која поправа сè е Ор Макиф. "Сите што се занимаваат со овој систем на исправување, кој се нарекува Тора" т.е. Светлина-упатство за исправување, кое ни покажува како да ја привлечеме Вишата Светлина од највисокото ниво. "...нема во нив дејство, кога тие се занимаваат со неа". Што значи не постои дејство? Затоа што сите тие само го пронаоѓаат начинот како Светлината да се пробие, ги расчистуваат сите пречки за да и обезбедат слободен достап долу. Во тоа се состои работата на кабалистот. Да издвои, што му пречи на распространувањето на Светлината одозгора надолу и на површината на нашиот свет. Тоа е она со што се занимаваат кабалистите. Во наше време и на нашето ниво ние со вас се занимаваме со распространување. Ние сè уште не можеме да ја привлечеме врз себе Вишата Светлина. Не знаеме на каков начин таа одозгора може да се пробие. Како молскавицата, која бара начин да слезе, по сите јонизирани молекули од воздухот и конечно на тој начин ја достигнува земјата. Да се создаде тој "јонизирачки пат" за поминување на Светлината – тоа е нашата задача. Само откако ќе го создадеме тој пат, Светлината ќе почне да делува на нашето ниво. До тоа ниво, на кое ние можеме да создадеме премин на Светлината. Во тоа се состои задачата на праведниците."Во тие што се занимаваат со Тора нема дејствие". А ние со вас на ова ниво, во материјализирана форма, таа кабалистичка светлина ја распространуваме. Дејството на Светлината е кога таа делува одозгора надолу, а ние само и го расчистуваме патот. "Но во тој, кој ја држи Тора - во него има дејствие. Со таа сила постои светот, вечната мудрост и Тора таа сила на која овој свет треба да стои".
Завршивме со читање на оваа статија, реков дека е кратка, но тоа се само скратени извадоци од книгата Зохар, а сега ние со вас треба тоа да го објасниме. Ако има прашања, повелете.
Виктор од Одеса прашува: Ако душата влегува во духовниот свет како ембрион, тогаш на кои скалила се случува детство, зрелост, старост?
На душата? Гледајте како тоа се случува. Ќе одговорам на ова прашање подетално, затоа што се однесува на тие фази што сега ги изучуваме. Оваа статија е многу обемна, така што уште ќе се навратиме на неа.
Да видиме како тоа се случува. Да направиме паралела помеѓу нашиот и духовниот свет. Да речеме во нашиот свет капка семе доаѓа во матката на мајката, почнува во неа да се развива. Прво се прикачува кон ѕидот на матката и првите три дена така и се нарекуваат – три дена на прицврстување на семето во матката. После тие три дена, постојат понатаму 40 дена во текот на кои таа точка, која влегла тука, семето. Тоа е Решимо. Почнува да ги добива особините на Бина. За тие 40 дена ги достигнува особините на Бина. Прва особина – особината на Бина. Непрестајно развивајќи се. Во неа се развива егоизмот, и над егоизмот се развива особината на Бина. Се добиваат првите 10 сефирот, (арбаим јом јецира тавлад). Првите 3 дена (гимел ја меј клита тазера) – 3 дена на прицврстување, апсорпција на семето, и потоа 40 дена (арбаим јом ецира тавлад) формирање на ембрионот. Затоа што во тие 40 дена тој го добива целиот свој иден облик. Сам по себе ембрионот е материја, таа нема никаков лик, форма. Целиот лик во неа го формира особината на Бина.
Ако е тоа во духовниот свет, тој ембрион треба да е сличен на Создателот, но во свој посебен израз, секој од нас. Излегува дека Бина црта заедно со таа точка, со Решимо, свој посебен облик. Односно ако би можеле ние во нашиот свет да ги распознаеме после 40 дена сите особини на идниот човек, ние би можеле таму тоа да го видиме. Тие таму постојат, сите до една се изразени, само што ние не умееме тоа да го разликуваме. Имав многу дебати со специјалисти од таа област, тие сè уште денес не разбираат на каков начин може да се дознаат апсолутно сите параметри на идниот човек, во неговото 40 дневно развивање. Ќе беше одлично кога би можеле тоа да го направиме, тоа би спречило подоцна голем број на заболувања, трауми и т.н. После 3 дена, и 40те дена доаѓаат првите 3 месеци (пишувам до 3 месеци) и со тоа завршува првата фаза. Потоа се следните 3 месеци – втора фаза, (мадор ришон, мадор шини) и третата фаза, уште 3 месеци. Зошто тие така се оформуваат? Затоа што ова решимо треба да се крене по трите линии кои се нарекуваат Нецах, Ход, Јесод. Тоа се првите 3 месеци. Потоа следните 3 месеци; Хесед, Гвура, Тиферет, и следните 3 месеци; Хохма, Бина, Даат. На таков начин се развива плодот. И еден ден кај него се појавува зачеток на Кетер. Во таа состојба започнува породувањето. Зошто? Затоа што тој целосно ја завршил, излегол на 10 сефирот. Ако добива понатаму, наоѓајќи се во матката на мајката, тогаш ќе се отруе, затоа што не може повеќе да добива во таа состојба. Тој целосно го завршил својот развиток. Сега светлината што ќе ја добива само ќе му штети. Тој треба да се промени себе си, да се преврти. Тој се превртува, т.е. Кетер и Малхут се превртуваат наопаку, затоа што тој ја менува својата состојба. Духовните скалила се однесуваат така меѓусебно: Малхут, Кетер, а следното скалило има свој Малхут, а погоре Кетер. И излегува дека сега Кетер на Убар, треба да се претвори во Малхут на следната состојба – Катан ( мала состојба на новороденче). Значи тој се превртува самиот себе со својот Кетер надолу, и се крева себе си на тоа скалило. Како сам себе си да се крева? Тој чин кај нас се манифестира како превртување на плодот во матката на мајката и потоа негово раѓање. Тоа многу долго се објаснува во Талмуд на десетте сефирот, со сите детали. Како тоа се случува, какви сè сили на исфрлање од страната на мајката учествуваат. Какви сили од страна на плодот, и на таков начин тој се раѓа веќе на следното скалило. Т.е. првото скалило - убар завршува, ги одработи тие 10 месеци, се превртел тој, неговиот претходен Кетер се поставил долу како Малхут. Тој сега почнува да расте до следното скалило како новороденче. Како тој дејствува внатре во матката, како се развива? Едноставно. Наша денешна задача - ние со вас денес треба да влеземе во Вишиот Свет, во Создателот. Тука постои порта, за која читавме сега во Зохар. Тоа е влезот во Вишиот Свет, влез во мајката. На кој начин можеме во него да влеземе? Тука во секое наше дејство постои слобода на волјата. Ако сакаме ќе влеземе, ако не сакаме – нема да влеземе. Влезот во матката и прицврстувањето во неа зависи само од нашата желба. Особината на мајката е особина на давање, целосно давање, на Бина. Ние треба да сме соодветни на неа за да и се залепиме. Тогаш таа ќе нè прими и ќе нè расне.
Знаеме од нашиот живот колку милиони обиди се прават за да се пробие сперматозоидот во јајната клетка и да се оплоди. Во нашето духовно изразување тоа ни дава-колку обиди треба да направиме за навистина да се залепиме внатре во духовната сфера, Бина, и да почнеме да добиваме од неа светлина на животот. На тој начин да се израснеме себе си во особината на давање. Оваа наша точка, од која се обидуваме да поминеме внатре, таа е само точка. Целата останата сила, која може да не внесе внатре во духовната матка, особината на Бина. Целата таа духовна сила, можеме да ја добиеме само од групата, од учењето, од заедничко општење меѓу себе. Јас ја немам таа сила, ја имам само точката. Движењето внатре во матката и прицврстувањето во неа, т.е."да се дадеш себе си", да се прицвртиш и нека прави со мене што ќе посака, иако таа е спротивна на мене, се наоѓа во особина на давање, а јас во особина на примање. Мене ми се потребни огромни сили, напори над себе за да се прицврстам. Или како во нашиот свет – да се пробијам преку ѕидовите на јајната клетка за да влезам внатре и да ја оплодам. А потоа да се залепам да бидеме заедно.
Тука имаме Решимот, кое се состои од женско и машко Решимо. Решимо од Светлината и Решимо од желбата. Во оваа фаза ми е неопходно, ако сум решил да се предадам на оваа работа, да има група, пријатели, учител, распространување, работа и т.н. Со тоа завршува процесот на прицврстување кон ѕидот на матката. Т.е. ако човекот е подготвен целосно "да си оди од нашиот свет", тој останувајќи во нашиот свет, продолжува нормално како и досега да функционира како обичен граѓанин. Само неговите внатрешни сили се насочени кон тоа да се открие Вишиот Свет. Значи да ја достигне особината на давање. Да претпоставиме дека тука, тој тоа го постигнува во заедничката работа со групата. Кон себе си тој треба да додаде некоја количина на сили. Колку, не му е познато однапред, треба да се труди. Како што за нас во денешно време уште е непознат бројот на обиди да се забремени, да се роди човек.
Следната наша фаза кога точката, која веќе не е точка, туку е надградена со желбата од групата, од книгите, учителот, од сите пропратни средства. Тоа не е само точка, туку машки и женски почеток, соединети заедно. Тогаш мајката, особината на Бина, давање, почнува да влијае врз него, да му ја предава својата особина. Таа особина се нарекува "Дам"-крв. Од зборот домем-неживо. Затоа што тој треба од себе да прави апсолутно нежива состојба, да се анулира како да го нема, не постои. Во тој случај Бина ќе делува врз него. Јајната клетка се анулира себе си во однос на мајчиниот огранизам. Тој организам не ја восприма како нешто туѓо, туку напротив, нешто посакувано, корисно во себе растечко, кое треба да се исполни. На кое треба да му се дава, а не го отфрла. Затоа што јајната клетка се става себе си во состојба Цимцум Алеф, целосно поништувајќи се. Затоа во однос на Бина, кога се поништува тој егоизам, Бина не го осеќа тој егоизам како нешто спротивно, туку напротив. Цело време тој егоизам и се мести за полнење, за исправување.
Таа ги пропушта во него своите особини на давање. На тој начин од егоизмот сè повеќе и повеќе се добива особина на давање, т.е. нашиот ембрион расте. Оваа светлина на Бина на таков начин го израснува ембрионот. И го израснува 10 месеци ( 3+3+3 и почеток на 10-от, кога треба да се исфрли тој ембрион од особините на Бина, затоа што ќе почне да му штети. Тој треба да почне да се развива самиот, т.е. да ги открива своите егоистични особини за исправување. Да не се поништува целосно, туку самиот да делува во особина на давање. Тој преод се нарекува раѓање, духовно раѓање, како и во нашиот свет. Плодот се превртува.Матката се состои од два дела кои се наречени две порти, тие на тој начин се соединуваат меѓу себе, се отвораат едната на оваа страна, другата на друга, се отвора влезот од матката и тој Убар, првите 10 сефирот се превртуваат од Кетер на Малхут. На таков начин тој се раѓа. Тука се појавува особината на Светлината Хохма, која предизвикува огромен притисок врз плодот, затоа што отсуствува Светлината Хасадим. Светлината Хохма е Светлината на следната фаза, треба да му свети на новороденчето. Но додека тој уште се наоѓа внатре, во таа состојба, Хохма се чувствува како нешто спротивно. Затоа таа го исфрла. Циреј лида- породилни контракции; цир,цар-тесен, страдање, притисок. Цир ги означува и оските на кои се вртат двете порти. Крвта, во облик на Светлина, Бина цело време ја пушташе во тоа Решимо за тоа да се развие. Крвта која решимо стигнала да ја апсорбира, да ја крене во себе и да создаде месо, т.е. од дам – неживото, да го крене преку растително до ниво на животинско, таа крв останува во новороденчето. Постои и крв која не стигнала да влезе, затоа што не стигнала да ги поправи сите особини во тоа новороденче. Затоа тој вишок на крвта излегува од матката, како породилна крв – дам лида. Само што во духовниот свет таа дам лида не се губи. Таа Светлина што не можеше да биде примена од страна на духовното новороденче, од страна на душата која се развила до состојбата на своето духовно раѓање, ќе биде потоа апсорбирана од душата во следните фази. Во кои? После раѓањето на душата доаѓа следната фаза - нејзина 24 месечна исхрана (доење). Две години се храни душата во духовниот свет. Во нашиот свет тоа не е така, но затоа што е тој целиот непоправен. Духовната исхрана препорачува 24 месеци, лунарни. Сето ова се одбележува во сооднос со месечината. Затоа што Малхут е земја, а добивањето на особините на Бина се случува под влијание на месечината. А сонцето е светлината Хохма. Месечината е Светлината на Бина.
За фазата на раѓање може многу да се зборува, затоа што во кабалата таа е многу детално опишана. Какви светлини влегуваат, какви органи се развиваат, во кои денови, дури часови. Може да се направи редослед на појавувањето на секоја сефира, т. е. орган на душата и соодветно на тоа да се разбере како во нашиот свет, се развива човековиот плод. Потоа, кога тоа Решимо ја достигнува состојбата Авијут Шореш- нулти авијут, од точката се претвора во нулта авијут, тогаш таа веќе се раѓа. Породувањето е почеток на Авијут Алеф. Тука има 0-ти Авијут, а тука веќе прв Авијут. И соодветно на првиот Авијут почнува да изразува некои свои лични движења, кај него се појавува егоизам, со кој тој расте. Т.е. тој почнува веќе да го преработува во особина на давање. Така гледаме дека кај него се појавуваат сопствени движења. Сака или;не сака нешто да прима, добро му е или лошо, почнува да реагира и постепено почнува да се развива. Овој прв Авијут многу долго се развива, од раѓањето до 13 години. За тоа време тој го достигнува својот целосен развој - Галгалта ве Ејнаим. Галгалта е нултиот Авијут, Ејнаим е првиот Авијут, така што тој има Г'“Е. т.е. кај него се создава мала состојба апсолутно целосно завршена. Таквата состојба се нарекува 13 години. Тоа не трае кај кабалистот толку време, 13 години, туку треба да се поминат 13 фази од својот духовен развој, од кои секој се нарекува година, која нема никаква врска со годините во нашиот свет.
Денес само малку позборувавме за двете точки. Како Малхут се искачува во Бина. Како во неа почнува да расте, да ги добива особините на Бина, и постепено во неа да се развива. Потоа од тоа што во неа се развива, прицврстувајќи се, поништувајќи се, потоа се развива споредно со неа. Кога се развива внатре во утробата; ова е Бина, се состои од 3 дела, Хохма- Бина -Даат, Хесед- Гвура- Тиферет, Нецах- Ход- Јесод. Оваа состојба овде е матка. Следната е гради. Значи, после тоа откако Убар ја добил светлината од тука, тоа се 9 месеци на развитокот. Тој ја добива Светлината Нефеш, која се нарекува Дам (домем, крв). Потоа таа иста крв, таа иста Светлина се искачува и се добива преку Хесед и Гвура ( градите). Тие 24 месеци тој не ја добива Светлината Нефеш, туку Руах. Затоа, ова е крв тука, Дам, а тука е млеко. Млекото и крвта се едно исто, само тоа е крв обоена со особина на давање и се нарекува млеко. Затоа кога човекот го конзумира, во него тоа повторно се претвора во крв. А крвта згуснува и се претвара во месо, во негово тело. Бидејки и тука постоеја т.н. отпадоци – породилната крв, и тука постојат отпадоци. Не дека мајката не може целосно да го нахранува детето, туку детето прави отпадоци, самостојно ги ифрла непотребните, за него, материи. Мислам дека денес нема да имаме време да можеме да навлеземе подлабоко, во овој период на хранење, 24 месеци и после до 13 години.
Има многу прагови на развитокот, постојат многу различни состојби; наши, на нашата душа. Сите се детално опишани. И сите тие само за тоа;Малхут, нашето его, нашата желба да може да ги апсорбира сите особини на Бина. Во почеток поништувајќи го во себе егоизмот, да превладаат во нас особините на Бина, за потоа ние постепено од себе да го ослободуваме својот егоизам под покровителство на Бина. Нашиот егоизам да се претвора во особините на Бина, да има свој личен израз, но таков како да тој сам е сличен на Бина, особината на давање. На таков начин тој наш егоизам, кој надворешно се претвора во особините на Бина, ќе биде сличен на Кетер, нивото на Создателот. Во тоа се состои главната идеја на оваа статија "Две точки", Бина и Малхут. Човекот, имајќи ја во почеток особината на точката во себе, Малхут, ја добива уште точката во срцето. Како секој од тие кои денес ме слушаат мене и кои ќе дојдат во кабала, зошто кај нив се создава уште една точка - особината на Бина, зачетокот на Бина во себе. Затоа тој поседува две точки и сега треба само да знае како да ги развива. Можеме да одговориме на едно- две прашања. Имаме премногу прашања во врска со оваа тема. Темата ја чувствуваме како блиска, затоа што тоа го гледаме во нашиот свет, во нашите тела, нејзината реализација. Но сето тоа треба да се преведе на духовен јазик, на јазикот на силите, заемните делувања, и тогаш ќе се појават уште повеќе прашања.
Тереза од Чиле,прашува: Соодветно со развитокот на душата, што се случува откога таа ќе созрее, остари, дали е опишан целосно тој процес се до нејзината смрт, и постои ли таков поим – смрт на душата?
- Не! Во духовниот свет смртта не постои. Духовниот свет е вечен свет. Затоа што кога ние целосно се поправаме себе си, ние ја достигнуваме особината која се нарекува Гмар Тикун - целосно поправање. Тоа се т.нар. 70 години на човекот, потоа се 80 години до 120 духовни години. Потоа на душата се приклучуваат сите останати души, сите тие заедно прават една заедничка душа. После тоа сите души, целосно поправени и соединети во една заедничка душа, станувајки целосно еднакви на Создателот. Се искачуваат на следно ниво, кое кабалата не го опишува. Затоа што немаме ние никакви сили и особини тоа да го опишеме, немаме ознаки за тоа. Затоа што тоа е фаза која се наоѓа надвор од рамките на тој свет, кој кабалата ни го објаснува и ни помага да влеземе во него. Односно ние со периодот на подготовка, потоа со периодот на поправање на себе си во особината на Бина, со периодот на поправање на особината на Малхут во особината на Бина, го достигнуваме целосното поправање. Стопувањето на апсолутно сите души, меѓу себе и со Создателот и со тоа завршуваме. Што следува после тоа – ние не знаеме. Иако кај нас се појавуваат прашања во врска со тоа, но вистински прашања, вистински страдања, стремежи кон тоа кај нас нема. Затоа што сите наши желби се насочени кон апсорбирање на сите фази на духовното воздигнување, кои се пред нас до нашето целосно исправување. Се надевам дека ние со вас ќе можеме тоа да го направиме наскоро, да бидеме во контакт.Главното е – заедништвото на сите нас, тоа ќе ни помогне да влеземе во Бина. Само оваа додатна сила, групата ќе ни помогне да се залепиме за ѕидот на вишото скалило. До наредна средба!