Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Разоткривање на Книгата Зохар - „Мајката ѝ позајмува на ќерката, од својата облека“

02.05.2010 

Добар ден на сите наши другари, пријатели во целиот свет. Ние, како и обично, со Саша Козлов го спроведуваме редовниот виртуелен час. Денес ја имаме од Книгата Зохар статијата „Мајката и позајмува на ќерката од својата облека", т.16 во Книгата Зохар, или 267 страница во оваа книга. Ајде да започнеме од одредувањето која е мајката, а која е ќерката. Ние со вас секогаш започнуваме од..

Во почетокот светлината се распространи и си изгради за себе кли, желба, која се нарекува 1-ва фаза. А светлината се нарекува фаза на корен – шореш. Нејзина особина е давање, затоа ова кли е направено со желбата да се прими. Поради тоа што светлината ја наполнила оваа желба за примање, таа решила...Почнала да ги чувствува особините на светлината и решила во својот краен дел дека сака да биде слична на светлината, и решила да дава. И ете втората особина која се создава, директно, произволно, независно од решението на клито.Тоа на таков начин светлината делува во ова кли, што се создава особината за давање. Оваа особина за примање се нарекува особина Хохма, а особината за давање се нарекува особина Бина. Бина, откога се определува како желба да дава, желба да биде слична на вишото, на природен начин, егоизмот.Желбата да се прима, сака да биде сличен на вишото, дури ако тоа значи да дава, не е важно. Но вишото е многу поизразено, посилно, поголемо насладување, поголем впечаток. И затоа Бина се определува себеси како особина на давање, а понатаму – што да се дава? И тука таа почнува да одлучува – а што јас да давам? Овој втор нејзин дел се занимава со одлучувањето, и таа одлучува – јас ќе примам поради давање, и на таков начин јас ќе се реализирам себеси.

И ете, таа на таков начин се прави себеси, значи ова е да се прима поради давање. Оваа особина се нарекува З'А, или 3-та фаза. И кога тој З'А, 3-та фаза на таков начин делува, тој се чувствува себеси рамен на светлината, рамен на коренот. И на таков начин сака целосно да се насладува со тоа што се одвива во тој корен, т.е. посакува се' да прими. Токму ова чувство "сакам се' да примам", тоа не е такво, како во Хохма. Затоа што тоа во Хохма на природен начин се создаде, несакајки, под влијанието на светлината, која сака да дава – така ја направи неа примател. Додека оваа особина да прима се создаде веќе по одлука на оваа 3-та фаза. И затоа оваа особина Малхут, ние сметаме дека произлегува од самото суштество, оваа желба да прима. И затоа се нарекува Малхут – од зборот владеење, царство, царство на желбата. И ете ние гледаме, дека светлината, која ја создаде првичната желба,која првична желба беше неоформена, не произлегуваше од самото суштество, туку се случи под влијание на светлината. Додека оваа желба, 4-та, таа се создаде како последица на одлуката на самото суштество. И затоа таа е вистинска. А овие особини – Бина и З'А, - тие се меѓуфазни, за да се дојде до оваа целосна желба, до оваа одлука. Затоа, оваа прва фаза, светлината, коренот – тоа е изворот, тоа е Создателот. Ова е првично суштество кое тој сака да го создаде, само што ова суштество е како појдовна позиција, тоа како да не постои само по себе, како новороденче, ембрион, капка семе... на крајот од краиштата нешто ќе се случи. Зрнце од кое ќе израсне нешто. Но тоа не е апсолутно во ништо самостојно сеуште, но ембрион на тоа, во него постои. И под влијанието на светлината, од овој ембрион се развива понатаму, и тука тоа е конечно суштество, т.е. тоа е суштество целосно, со извичник. А кон него ние можеме да се однесуваме како кон нешто самостојно постоечко, свесно постоечко.Не како кон некоја таму капка семе или ембрион или новороденче, туку како кон возрасен човек, на кој ние му поставуваме одредено барања, тој е одговорен за своите постапки, за своите одлуки. А не како мало дете, особено новороденче или само постоечки сеуште во утробата на мајката. Т.е. сеуште сосема неоформени желби. Тука желбата е целосно оформена.

Значи, откога суштеството ја достигнува таквата состојба, тоа се чувствува себеси апсолутно примател и апсолутно спротивен на Создателот. Т.е. помеѓу нив се создава јасно дефинирано чувствување..Тоа што се создава во Создателот ние не зборуваме, ние тоа не можеме да го знаеме, ние зборуваме за тоа што се создава во нас.Се создава во нас таква делта – јасно дефинирано чувствување на нашата спротивност на Создателот.И како последица на тоа, суштеството е подготвено на се', само да се ослободи од ова чувство, од чувството на спротивност, т.е. чувствувањето на себеси како мрак, како ништожност, апсолутна спротивност, апсолутно нереализиран...ужасна состојба. Таа доведува до тоа, да Малхут прави врз себе цимцум, таканаречено скратување, и останува целосно празна, ја истргнува од себе целата светлина, целото наполнување, чувствувањето што беше содржано во неа.Таа од себе го истргнува, оваа состојба се нарекува Ц''А, прво скратување, останува празна.А потоа таа вели "не, ако јас останам празна, јас сепак не сум рамна на Создателот, сепак не сум како Тој.Јас морам да ја достигнам таквата состојба, кога јас се' ќе примам поради давањето, како Тој. Т.е. јас се' ќе примам од Него, затоа што Тој сака јас да примам, но тоа примање во никој случај нема да биде и никако поради себе. Никогаш.Туку само поради Него. Т.е. јас секогаш ќе се наоѓам под цимцум, јас секогаш ќе се наоѓам во чувствување на насладувањето, но само затоа што јас со тоа го насладувам Него. Можете да замислите какво внатрешно дејство на силите треба да се одвива во Малхут. А на кој начин тоа да се направи?

За да се направи тоа, неопходна е особината на Бина. Затоа што Бина е особина на давање. И таа може нам да ни покаже на каков начин желбата за примање доби желба да дава. И ние можеме од неа да се научиме. Бина се нарекува Мајка, а Малхут, која посакува да добие од неа особина на давање, да се научи од неа, се нарекува Ќерка. И ете сега ние со вас ќе изучуваме на кој начин Мајката ги позајмува своите облеки. Како да пренесува, помaга, ја обучува ќерката да стане жена. Т.е. да успее да прими поради давање, да биде иста како неа. Тука се случува исправување со Бина. Ете за тоа зборува оваа статитја. Ајде ние со вас да почнеме да ја читаме, тоа што ќе ни биде јасно – добро, нејасно – ако.Но во принцип, во ова се содржи целата нејзина тема.Јас сакам само да нацртам уште една шемичка, тие потоа се изложуваат, овие шеми, нели?

Да.

Значи, јас сакам да нацртам уште ваква шема – на светот Ацилут. Имаме свет на Бесконечноста, светот А''К, потоа доаѓа Табур, и под Табур веќе се наоѓа светот Ацилут – тоа е Атик, А''А, АВИ, З'А и Малхут. Понатаму, тука се наоѓаат световите Брија, Јецира, Асија, и тука се наоѓаат душите, не расипани, како ние велиме...скршени...не знам како...егоистички, разединети, ти велиш, души. И кога овие души посакуваат да се искачат во Малхут, посакуваат да се искачат, значи да се обединат помеѓу себе.Ќе ја нацртам овде Сигма, математички знак на обединувањето, на сите им е јасно, мислам. И ако душата сака да се обедини со другите, тогаш таа со таа своја желба добива од својот стремеж виша светлина, која неа ја крева, влијае врз неа – О'М, таканаречена опкружувачка светлина.Таа влијае врз душата, и помага да се крене, и да се вклучи во Малхут. Затоа што самата желба е недоволна, треба , неопходно е, да се добие одозгора сила. Ако твојата желба навистина е добра, доволна, тогаш ти ќе добиеш. Оваа светлина произлегува исто од нивото на Бина. АВИ – тие се нарекуваат: Аба – тоа е татко, Ве – тоа е и, и Има – тоа е мајка. Значи од овој систем, АВИ, но во принцип од мајката, од Бина. Аба – тоа е Хохма, Има – тоа е Бина, а Атик и А'А заедно – тоа е Кетер. Само што тие се разделени на два дела – горниот дел на Кетер и долниот дел на Кетер, затоа што горниот дел на Кетер се наоѓа во целосно исклучување од сето што се случува во светот Ацилут, тој се наоѓа како цимцум Алеф, практично како да го олицетворува светот на Бесконечноста. Додека долниот дел на Кетер, А'А , -тоа е веќе Цимцум Бет, тоа е веќе систем кој делува изразито во сојуз, врска со целиот свет Ацилут. И затоа Атик се нарекува така од зборот неитак, од зборот отстранет, изолиран, од целиот свет Ацилут. Таков е неговиот назив. Постои дури и такво машко име – Атик. А кога душата се искачува во Малхут, и сака да се поврзе со сите останати души, тогаш особината на поврзувањето, на Бина, таа повторно ја добива од Бина, која влијае врз неа веќе не со таква опкружувачка светлина, туку директно. Ете, на таков начин во принцип се одвива нашето исправување. Но тоа е само грубо кажано, затоа што тука внатре се случуваат секакви дејства, и ние за нив денес, можеби, ќе зборуваме.

Значи, почнуваме со вас да го читаме текстот. "Мајката и позајмува на ќерката од својата облека". Т.16 од предговорот кон Книгата Зохар: " Сето небо, земја и тие што ги населуваат се создадени од М''А, т.е. Малхут, како што е речено: "Кога јас ги гледам небесата, делата на рацете Твои" A пред тоа е речено: "М''А = ШТО ( Како) величествено е името Твое на земјата, која си ја поставил над небото!"
Во почетокот само го слушаме текстот.Бидејки небото е создадено од името ( особината) М''А (Малхут). Напишано "на небото", што укажува на Бина, која се нарекува М''И, небо, која е над З'А, кој се нарекува М''А. И исто така М''А ( Малхут) се крева и навлегува со своите особини преку З'А во Бина. Се вкучува во Бина во нејзините особини. Бина се нарекува ЕЛОКИМ – тоа е име на Создателот. "ОТКОГА ЈА СОЗДАДЕ СВЕТЛИНАТА ЗА СВЕТЛИНА- како ја создал светлината Хасадим, наречена скапоцен накит или "одежди", за да ја облече во нив светлината Хохма. Тогаш се облекува светлината Хохма во светлината Хасадим.Светлината на насладувањето – светлината Хохма, се облекува во светлината Хасадим – светлината на Бина, и Малхут се крева со силата на вишото име ЕЛОКИМ, особината на Бина, се крева и се соединува со Бина. Ги прима сите нејзини особини и се вклучува во неа.

Затоа е речено во првите зборови на Библијата: "Во почеток создаде Создателот"- "БЕРЕШИТ БАРА ЕЛОКИМ". Се зборува за вишата особина ЕЛОКИМ, за Бина, а не за Малхут. Бидејки М''А (Малхут) не е создадена од името М''И ЕЛ''Е.". Текстот е многу сложен, многу долг и заплеткан. Што сака тој со ова да каже? Во принцип, целото кажување на Библијата, Тора, - тоа е дејство, кое се случува со душата. Кога таа е веќе целата искршена, паднала долу, се измешала со останатите души.Се наоѓа во состојба подготвена за исправување, т.е. во најниска состојба, неисправна, во взаемна омраза со останатите, во одделеност...Ние дури не можеме да си ги замислиме омразата и одделеноста, тоа за нас не е видливо.Затоа што во принцип, ние не се чувствуваме себеси до тој степен такви. А сето ова треба да се открие постепено. Затоа што се' се спознава со споредувањето. Кога светлината на Бина ќе делува врз нас, ние ќе увидиме колку сме внатре, во својата природа изградени во особина, кога апсолутно ништо не земаме во предвид, само личното и непосредно, моментално наполнување. Значи, затоа Зохар и Тора зборуваат за тоа дека БЕРЕШИТ БАРА ЕЛОКИМ - ВО ПОЧЕТОК СОЗДАЛ СОЗДАТЕЛОТ. Што создаде? БЕРЕШИТ – тоа е особина на Бина, особина на ЕЛОКИМ, Бина, кој создал БЕРЕШИТ БАРА. БАРА – значи го извадил од себе. Го спуштил долу во спротивна на себе особина, во особина на Малхут. Сега одиме понатаму. Особината ЕЛОКИМ, особината на Бина, се состои од два дела, кои се наречени ЕЛОКИМ , зборот МИ и ЕЛОК – тоа ЕЛЕ, како да го нема К. На хебрејски тоа поинаку звучи – МИ ЕЛЕ. МИ – тоа е КОЈ, а ЕЛЕ – тоа е ОВИЕ, ОВА. КОЈ ГО СОЗДАЛ ОВА. Таква е особината на Бина. Т.е. таа се состои од два дела, горниот дел се нарекува МИ, долниот се нарекува ЕЛЕ, или како што велиме ние – Г''Е – тоа е горниот дел, и АХАП – долниот дел. Долниот дел ЕЛЕ взаемно дејствува и се поврзува со Малхут, со душата, да речеме ќе напишам ЈАС, за скратено, взаемно дејствува врз неа, и ја повлекува кон себе. И на таков начин душата, кога се вклучува во ЕЛЕ, таа заедно со ЕЛЕ претставува таква конструкција – ја дополнува неа.Ова ЈАС, до 10-те сфироти, до особината на давање. Многу ситно, нели? Добро, ќе го препишеме, но ние сега тоа ќе го поминуваме.

Ајде да прочитаме и истовремено ќе пишуваме. Т.17.: " Но во тоа време, кога буквите ЕЛЕ слегуваат одозгора,од Бина, надолу, кон Малхут, бидејки мајката и позајмува, и ги предава на привремено користење своите облеки на ќерката, и ја украсува со своите скапоцености, слегува името ЕЛОКИМ од Бина, мајката, кон Малхут, ќерката. Кога ја украсува со своите скапоцености?" Ајде да нацртаме. Особината на Бина, Г'Е, АХАП. Ова АХАП – тоа е ЕЛЕ, тоа се одежди, светлината Хасадим. Особина на давање, екран, кој слегува и влијае врз Малхут, и на таков начин ја крева Малхут и ја вклучува во АХАП на Бина. "Кога ја украсува со своите скапоцености?" – т.е. кога и ја дава својата светлина Хасадим? Малхут ја сака светлината Хохма, Малхут – е желба да прима светлина Хохма, но не сака со тоа да се служи, бидејки се наоѓа во Ц'А, во прво скратување.Посакува да се служи со тоа, само за да да ја искористи таа своја желба за давање. Значи, желба да прима со намера, или само поради, со цел, за давање. Желбата за примање – тоа е во Малхут или душата наша, која првично сака само да прима, егоистичка, додека намерата за давање ни доаѓа од Бина, од особината Хасадим. Кога кај нас се создава желбата да примаме со намера за давање, правилно организирано.Така што точно кај мене ќе постои желбата да примам, под екранот, под услов, дека јас ќе примам и тоа задолжително ќе биде поради давање, тука ќе влегува насладување, наполнување. Тоа ќе влегува само затоа, што кај мене постои намера да давам, наполнувањето ќе произлегува од Хохма преку Бина, ова е светлината Хохма, намерата – тоа е светлината Хасадим. Кога во мене точно ќе постои ова правилна комбинација на желбата да примам со намерата да давам, - јас ќе можам да го извршувам ова дејство – да се наполнувам со светлината Хохма со намера.

Јас никому ништо не давам, кај мене само внатре во себеси се создава таква намера, да давам. Тогаш се вели дека јас работам за давање. Слично на Создателот. Во таков случај јас сум сличен (знак на сличноста) на Создателот. Тое е можно, само ако Бина ми ги даде своите облеки, своите особини на давање. Значи, Бина – особина ЕЛОКИМ, ЕЛЕ, а ова МИ, заедно тоа е особината ЕЛОКИМ, називот на Бина. "Кога ја украсува со своите скапоцености? Кога гледа пред неа машко." Што значи "машко"? "Тогаш е речено за неа: "Трипати во годината да се појави секој возрасен маж кај тебе пред лицето на владетелот Создател". Зошто трипати? Затоа што кај нас постојат 3 точно дефинирани степени на желбата. "Затоа што тогаш се нарекува Малхут господин, со машко име.Како што се вели, еве го ковчегот на сојузот, господин на целата земја." " Тогаш Бина се украсува со машки облеки, т.е. со облеките на Бина, да ги прими сите мажи на Израел."

Не, ова е страшна работа, што ми ја подметна денес, Саша.Ме натера да ја изучувам оваа статија. Јас не бадијала ја пропуштав претходно. Во книгата ја вклучив, затоа што едноставно ја преведов целата...Но тука се такви објаснувања, што нема да имам време да постигнам. Јас ќе морам да зборувам со свои зборови, поинаку нема да може. Значи, по какви фази Бина го извршува исправувањето на Малхут? Ние тоа со вас го изучувавме, но уште еднаш ќе повториме. Во почетокот, кога душата се крева во светот Ацилут, таа се крева и се вклучува тука во Малхут на светот Ацилут во вид на ембрион, добива тогаш од Бина таква особина, која се нарекува матка, во која почнува да се развива како во инкубатор. Т.е. повторно – душа, се искачува преку Парса во Малхут, и се вклучува во Малхут во вид на семе во матката на мајката. Почеток на духовната состојба. И во таков случај почнува да ги прима од Бина, едно по друго, возбудувачките светлини. Бина во почетокот, најпрвото што се произведува, тука во оваа состојба, Бина ја зема Малхут под своја власт.Ние ќе нацртаме таква граница.Ова е особината на Бина, кога таа облекува во себе се' што постои под неа, З'А и Малхут, долу.Тоа и е таа особина на Бина како на мајката, како матка, во која таа ги држи внатре во себе тие души, кои посакуваат во неа да се развијат. И тогаш таа почнува да работи врз нив. Долниот дел на Бина – тоа се првите 9 букви, З'А – тоа е од 10-18-та, и Малхут – тоа се од 18-22-та. 22 букви на азбуката, а овој долен дел на Малхут, кој се наоѓа тука на Парса, тој содржи во себе 5 цврсти особини на екранот, конечниот екран, кој се нарекува МАНЦЕПАХ. Тоа се 5 букви, така тие се изговараат, сигурно но ги има многу, но реално тоа се 5 букви. Мем, Нун, Цадик, Пеј, Хав – 5 букви. Овие сите останати, самогласките, знаете, дека на хебрејски не се пишуваат. Затоа се изговараат повеќе, но реално се 5, а не 8. Значи, на таков начин Бина почнува да влијае врз душата со овие свои влијанија, и образувајки во душата, отпечатува во особината на душата.Ние тоа го изучувавме, особините на буквите, - отпечатува во особината на душата, желбата да прима, секакви свои букви – особини на давање. И на таков начин почнува да се развива од оваа точка, желбата, почнува да се развива некое тело, некоја негова форма. Ова тело на таков начин поминува во целиот овој обем – ова сето е особината на Бина.Тоа така и се нарекува – матка – Рехем, а ова е значи душата – ембрион, и почнува да се развива. Т.е. дури и од најпрвото свое зачнување овде..Во што се одвива развитокот на душата? Во тоа што таа прима од Бина особината на давање. Затоа се вели, дека од најпрвиот момент, кога душата се вклучува во Малхут, мајката почнува да ги предава своите облеки на ќерката, т.е. душата од овој момент станува слична на Бина, барем во нешто, барем малку. Затоа таа веќе се нарекува ќерка, Бина се нарекува мајка, и започнува да ги добива од неа овие особини.

Овие букви ЕЛЕ, - тоа како што ние велиме Бина самата е ЕЛОКИМ, Бина е ЕЛЕ и ИМ, ЕЛОКИМ. ИМ – тоа е МИ, кое останува секогаш погоре од оваа особина, ова МИ, тоа е тука, тоа е Гар де Бина – тоа е таа особина на Бина, која нема врска со нас. Слично на тоа како што мајката истовремено е и жена, човек, нешто што припаѓа и на другото, освен на ембрионот, кој го носи во себе. А ЕЛЕ – тоа е цел овој дел, рехем- матка, сето тоа е ЕЛЕ. Значи, "Последните букви ЕЛЕ добива Малхут одозгора од Бина, Малхут, наречена сега со.. "Ги изговарам јас буквите ЕЛЕ и ги леам солзите од целата моја душа." Така е речено. За да се добијат особините на Бина, зошто треба да се пролеат солзи? Солзи – тоа се, како што некогаш со вас говоревме, тука се одвива примање на светлината, која слегува во вид на капки. Постои светлината Хохма, која слегува во вид на капки, во вид на солзи. Кога нижиот се наоѓа во состојба кога не може да прими се', тогаш тој прима со паузи, по капка. И бидејки тој прима во најмалата состојба, а возрасниот се наоѓа во големата состојба, тогаш ова сочувство на вишиот во однос на нижиот, кога нижиот сака да прима, но не е способен за повеќе, ова сочувство се нарекува солзи. Затоа, од една страна слегува благодет, но бидејки таа слегува во многу ограничено, во вид на капки, влијание одозгора надолу, затоа се нарекува солзи.

"Како јас можам да ги добијам? Со гласот на благодарни пеења песни и масите кои се веселат" Кога душата без оглед на тоа дека се наоѓа во таква состојба, - тоа Вишиот пролева солзи. Тоа ЕЛОКИМ, Создателот плаче. А нижиот се искачува во радост, затоа што за него, откога тој се скратил себеси, не претставува никаков проблем да прима барем по методот на капки." Со гласот на Тора на благодарни пеења песни и масите кои се веселат. Молчењето мое го создаде вишиот Храм, Бина, и нижиот Храм, Малхут. Како што велат луѓето – зборот е злато, но двојно поскапоцено е молчењето. Зошто двојно е поскапоцено молчењето? Затоа што тој се наоѓа под Ц'А, и е согласен да прими од вишиот се', слично на тоа како ембрионот во матката на мајката, тој целосно се поништува себеси. Но во нашиот свет тоа се случува затоа што природата него на таков начин го поништува. А ние, влегувајки во вишиот парцуф, во ЕЛЕ, во оваа виша матка на Бина, ние треба себеси целосно да се поништиме на таков начин, кога што и да се случува со нас, ние сме подготвени за се'. Само да престојуваме во вишото. И затоа молчењето се нарекува двојно поскапоцено од златото, т.е. двојно поскапоцено, отколку примањето одозгора на светлината Хохма. Двојно поскапоцено, затоа што кога ти молчиш, ти ја добиваш светлината Хохма веќе однапред облечена во светлината Хасадим. Т.е. ти добиваш двојна добивка – добиваш две светлини. "двојно е поскапоцено молчењето мое затоа што со тоа молчење се создадоа два света, Бина и Малхут", кои се соединуваат заедно во Малхут.
"Затоа што ако не би премолчал, не би го постигнал единството на двата света".Тогаш немаше да дојде до него вишата светлина. Т.е. целото наше постигнување, целото наше исправување, е базирано на тоа, дека ние сме согласни да ги примиме вишите услови, над нашиот егоизам, т.е. што и да направи сега со мене вишото управување, јас се согласувам на секоја операција врз себе.На таков начин јас се ставам себеси во состојба на ембрион во утробата на мајката. Кој на никаков начин апсолутно не ги одредува своите состојби, туку целосно се наоѓа под нејзина власт.

Тешко е, Саша. Ова не е текст кој може така да се поминува. Т.19.: "Рекол раби Шимон: "Оттука и понатаму совршенството на напишаното, како што е речено, го изведува бројот на војските. Затоа што тоа се две скалила, секое мора да е запишано, т.е. забележано. Едно, за кое е речено М''А, а другото – тоа е М''И. М''И – тоа е вишо скалило( како што ние со вас говоревме еве го тука, вишо скалило), а М''А – нижо скалило". Малхут Вишото скалило запишува,." зборува и го изведува бројот на војските" Ајде на напишеме – М''А "Вишото скалило запишува, зборува и го изведува бројот на војските, каде што буквата Хеј зборува за познатата, на која нема слична, т.е. за М''И. Затоа е речено: Растечкиот леб од земјата ( обраќање кон Создателот), каде што буквата А, амоци , првата буква на првиот збор, зборува за знаењето на познатото, нижо скалило,, т.е. М''А. а двете тие заедно се едно скалило, Малхут. Но вишото М''И и нижото М''А – двете тие припаѓаат на Малхут." Односно што сака тој да каже, со други зборови?Преводот е многу конфузен, но јас се обидував да бидам што поблизок до оригиналот, и тоа било некаде пред 15 години, кога јас преведував, јас се уште не знаев за кого тоа го правам, така што простете ми за книгата. Значи, што сака тој да каже? Тој сака да каже, дека М''А и М''И заедно се обединуваат. М''И .Оваа особина на Бина, е највиша, која се наоѓа дури над тоа ниво, од каде што нижиот добива влијание. Како резултат, Бина, која влијае врз ембрионот, врз душата, и и ја пренесува својата особина, таа на крај ја подготвува оваа душа, која се нарекува М''А, за тоа таа да стане рамна не на оваа особина на матката, во која расте душата, туку повисо од себе, на особината М''И. Односно, фактички, Бина тука претставува трансформатор, адаптер, кој го зема нижиот, му ги дава своите особини, но бидејки нижиот ја има особината Хохма, Бина ја исправува Хохма, и на таков начин Хохма се крева повисоко од Бина.

Односно, генерално, душата, преку особините на Бина, исправувајки се, добивајки ја тука дополнително особината на Бина, таа потоа се искачува погоре, понатаму, повисоко од нејзината мајка. Т.е. таа ги добива од мајката само облеките, а на крај, благодарение на тие облеки се искачува повисоко од неа. "Сите од овие 600 000 и сите војски, на кои им нема број, им кажува имиња" Што значи им кажува имиња? Ако речеш, дека ги кажува по име, тоа е неточно, затоа што тогаш би било речено: "Ги кажува по име". А кога тоа скалило не се крева во името ЕЛОКИМ, туку се нарекува М''И.Не раѓа таа и не ги открива скриените во неа. И иако сите беа скриени во неа, т.е. иако веќе се искачиле буквите ЕЛЕ, но уште е скриена скапоцената облека на светлината Хасадим. А кога таа е скриена, тогаш не се нарекува со името ЕЛОКИМ. Затоа што ги создаде ЕЛЕ, се кренале во неговото име.Т.е. се облекле во скапоцените облеки на светлината Хасадим, поради што се соединуваат ЕЛЕ и МИ, и се нарекува ЕЛОКИМ. Тогаш, со силата на ова заедничко име ЕЛОКИМ, МИ и ЕЛЕ, (душата преку облекување во ЕЛЕ се крева до МИ, и станува рамна на ЕЛОКИМ, рамна на Создателот.) "Тогаш со силата на ова име , ги изведе нив во совршенство", Т.е. ги кажува нивните имиња, што значи секого го нарекол и го изведе секој вид и род, за да постои во совршенство. Затоа е речено: "Ги изведе со бројот на војските сите, ги нарекол по име, т.е. со името ЕЛОКИМ". Односно, конкретно едноставно кажано, душата, која нема воопшто ништо од почеток, освен својата мала единствена егоистичка желба. Ако таа почне да се искачува со точката во срцето за да ја добие особината на давање, ја добива особината на Бина.Расте тука во матката, како во инкубатор.На крај ги добива сите особини на Бина наречени ЕЛЕ, и се искачува со овие особини повисоко од особината на Бина, во МИ. И го добива целосното име ЕЛОКИМ. И здобивајки се со оваа особина ЕЛОКИМ, таму таа почнува, оваа душа конечно да го постигнува својот вистински корен и го добива своето име.Т.е. почнува да го сфаќа своето место во заедничкиот систем на душите.

Тоа значи да се одреди своето вистинско име – кој сум јас, од каде сум, во што е мојата намена, во што е мојата функција, обврска, во заедничкиот систем на душите, во однос на сите останати. И тогаш таа станува самостојна, управувачка, влијателна врз сите останати. И затоа го заслужува целосното име ЕЛОКИМ.
"Прашува: Што означува од големите сили и богатството? Тоа е главата на скалилото, каде се креваат сите желби и скриено престојуваат таму. Силниот, кренат во името, ЕЛОКИМ ( се мисли веќе на душата, на тоа ниво) – тоа е тајна на вишиот свет, нарекуван МИ. Ниту еден човек не се губи од тие што се креваат горе, и затоа никој од луѓето не се изгубил– од тие 600 000 ( 600 000 се мисли на тие кои се креваат до ова ниво, затоа што тоа не е бројка во духовниот свет, туку сили) и ја добиваат таму тие својата целосна награда. Никој не се изгубил, така не се изгубил ниту еден човек од оваа бројка долу". Т.е. сите души треба да се кренат на крај до целосната реализација во себе на ова име ЕЛОКИМ, да ја добијат целосно сета облека, т.е. целата светлина Хасадим, од Бина на светот Ацилут, за потоа да се кренат во ова име до светот на Бесконечноста. Во ова е суштината на целиот овој систем. Што сега, ајде со прашањата! Да, статијата е многу сложена.

Токму поради тоа ви изразуваат голема благодарност дека ја читате и дури прашуваат, ако не сега, тогаш кога ќе можеме да го разбереме тоа што таму е напишано?

Треба да се реализирате во себеси, кој е тој сезнајко таму?

Сега ќе го најдеме .

Добро, не е важно, сите сме ние такви.
Многу тука ги има такви.

Да, јас знам, само со реализацијата во себеси ние ќе можеме да сфатиме, инаку тоа се само празни зборови, смирувачки разговори...

Имаме уште голема дискусија помеѓу нашите ученици – од каков пол сепак е Создателот, вие понекогаш го нарекувате Бина, понекогаш З'А...

Вие можете, сега кога ние ја изучуваме книгата Зохар, можете да видите, еден ист објект се нарекува со машко име, женско име, се искачила/се искачил, се спуштила/се спуштил, тој/таа, притоа тоа не се грешки, тоа не е од незнаење. Авторите на книгата Зохар биле големи научници, тие ги користеле буквите како инструменти.За нив тоа било јасно до длабочината на сржта, взаемното делување на овие две сили, на примањето и давањето, од што се состојат и се изградени сите букви. Тие не ги цртале едноставно буквите, тие ги прикажувале силите, кои ја олицетворуваат таа буква. Така што тука граматички грешки нема, едноставно секој духовен објект работи и во примањето и во давањето. Тој се наоѓа во однос на другите на ниво или кога прима или кога дава. Во однос на вишиот тој може да биде примател, во однос на нижиот, како давател, и затоа сите ние во однос на Создателот сме женски род, приматели. Затоа што душата – таа прима, таа чека, таа е како ќерка, чека од мајката особини на давање, на Бина, а кога се здобива со особината на давање, се искачува на нивото МИ.Таму таа е веќе како маж, затоа што кај неа веќе постојат сили да се крене над егоизмот и совладувајки го, владеејки со него, да работи за давање. Тоа е веќе машка особина. Затоа ние секогаш со вас, и во детската и во женската и во машката особина ги поминуваме сите состојби. Душата сама по себе нема пол, таа секогаш ги поминува таквите состојби. Женски души – машки души, тоа е веќе посебна нивна поделба според нивните функции во заедничкиот организам, во заедничката душа. А така, искачувајки се нагоре, исправувајки се себеси, ние наизменично ги поминуваме состојбите на примање, давање, вклучување во десната, левата, средната линии и т.н. т.е. ние тука во однос на своите функции, во однос на вишите, нижите и како машки или како женски делови на суштеството повремено себеси се однесуваме. Само кога ние се вклучуваме во заедничкиот систем целосно, тогаш ние се гледаме себеси во однос на тој систем. Ние работиме на примањето , но истовремено и на давањето – ништо друго не може да постои.Но сепак постојат души, кои повеќе работат на апсорбирање, а другите на давањето. На општа и лична поделба во своите функции тие се делат, и на таков начин...но тоа е само на крајот.Сега нам не ни е потребно да правиме никакви поделби во нашиот свет.И мажот и жената се обврзани да размислуваат за своето исправување, подеднакво се' да изучуваат.Само за мажите има дополнителен услов – тие треба да ги реализираат, во врската помеѓу себе, сите свои стремежи кон вишото. Но во принцип и жените, токму сега ние работиме на создавањето на виртуелна направа на интернетот, која ќе не поврзе сите нас заедно, ќе не натера нас да бидеме во врска, во една единствена обвивка.И таму ќе добијат сите, јас се надевам, максимална реализација на поврзаноста на мажот и жената. На тоа ние сега работиме. Мислам дека тоа е се. Има уште некакви прашања?

Сосема накратко, Саша од Чиле прашува: "Зошто часовите по Зохар во недела толку многу се разликуваат од другите, токму на овој ден, можеби тоа зависи од аудиториумот, од материјалот..."

Тоа зависи од аудиториумот, јас тука го читам овој Зохар, кој никогаш никаде не го читам.Вие, патем речено, добивате таков материјал каков што никој не добива. Од една страна тој е многу сложен, од друга страна е многу концентриран.По својата сила тој го надминува сето останато, затоа ние со вас ја изучуваме оваа книга. Зошто јас неа ја направив, оваа посебна книга, и ја издадов вака одделно. Затоа што ова е предговор кон книгата Зохар.Т.е. раби Шимон ја земал целата книга Зохар, ја избрал од неа максималната сила, и го создаде од неа овој таканаречен серум. Така го објаснува ова Рабаш, мојот учител. И затоа во оваа книга ја има концентрацијата на целата книга, на целиот Зохар. И нормално, кога јас предавам, се наоѓам во некој внатрешна возбуденост, напнатост, во исто време е многу тешко да се предава од ова ниво. Концентрацијата на материјалот е многу јака. Но не е важно – тој сепак навлегува во вас, сепак вие сето тоа го примате, внатре во вас тоа почнува да работи, постепено, - тоа е најважното. Духовното не се адаптира во разумот, тоа треба да се пројави во нашите способности да почнеме да ги чувствуваме духовните сили на нашиот свет. Се повеќе и повеќе ќе се растргнува (разоткрива) сето тоа што ние го гледаме, и наместо него ќе се пројавуваат други врски. Јас се надевам, ние со вас ќе почнеме да контактираме преку оваа внатрешна врска помеѓу нас, тогаш ќе почувствуваме што значи Книгата Зохар. До гледање!

Лекција бр 23 „Терач на магариња“ дел 5

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica