27.12.2009
Добар ден на сите наши пријатели од сите делови на светот, гледам пред мене на екраните Москва, Њујорк, Санкт Пeтербург, други групи, многу самостојни ученици....Така излезе дека овој час е најпосетен, имаме најмногу вклучувања. Да, овој час и во саботата навечер се најактивни. Затоа јас со нетрпение го очекувам започнувањето на часот и се надевам дека, иако се само еднаш неделно, ќе ви дадат правилна претстава, а уште поважно правилен влез во духовниот свет. За тоа сакам денес малку да раскажам пред нашиот час по Зохар.
Науката кабала се состои од многу делови. Во неа постојат различни гранки. Како во хемијата, физиката или математиката. Постои основа, и постојат многу различни разгранувања, специфични интерни дисциплини. Така и во кабалата, како во сите други науки постојат многу различни гранки, кои самостојно се занимаваат со изучување на градбата на световите, слободата на вољата, кабалата и човештвото, историја, географија, дополнување на кабалата кон сликата на нашиот свет. Многу е поврзано меѓу кабалата и воспитувањето на човекот, однесувањето на човекот во општеството...Но тоа се така наречени споредни последици, прилози на кабала во однос на секакви прашања.
Но тоа не е кабала, затоа што самата наука кабала е непосредно откривање на Создателот од страна на човекот во нашиот свет, т.е. откривање на вишиот свет. А сето останато што ни го раскажува кабалата за нашиот свет: дека ние можеме на некаков начин и во овој свет по правилно да се однесуваме, подоле од духовниот, Вишиот Свет, кој ние мора да го достигнеме, тоа се т.н. мали овоземни прилози кои ние ги користиме за реклама, распространување на кабалата.
За постепено привлекување на луѓето, нивно доближување до разбирањето на тоа што е кабала, за да им се помогне на родителите да сфатат дека на децата треба да им се даде нешто дополнително во процесот на воспитување. Освен сите тие науки од нашиот свет со кои ги преоптоваруваме, за да од нив направиме човек на повисоко ниво од нашиот свет и т.н. Како луѓето треба да разберат од законите на вишиот свет како треба да се однесуваат во нашиот свет, како да основаат семејство, да се мажат или женат, да ги воспитуваат децата, да ја одберат професијата, вредностите во животот. Како да се потпаѓа под правилно влијание и правилно да се оди кон целта на животот, или во најмала мера комфорно да се проживее.
За сето ова науката кабала ни дава во нашиот свет свои разгранувања, заклучоци со кои треба да се служиме. Затоа што немаат смисла страдањата во кои што човештвото поминува толку време, а на крај од тоа нема никаков позитивен резултат. Но најважно во кабалата е откривањето на вишиот свет, затоа што само тоа му го дава на човекот одговорот на прашањето – зошто јас постојам? Не како да се проживеат покомотно во овој свет своите 60-70-80 години, туку како во овој свет да се открие вишиот свет и уште во овој живот да се стане сопственик на својот вечен бесконечен и совршен живот. И така да се чувствуваш. Во принцип , тоа зависи од тоа како ние ќе го откриеме во себе тоа чувство. Исто како и нашиот денешен свет кој постои во нашите сетила, така и Вишиот Свет, само треба да го откриеме во себе тоа вишо чувство.
И ние ќе видиме, дека е многу реален, дури пореален од овој наш денешен свет, кој ни се чини непоколеблив и тврд. Најважно е да се открие Вишиот Свет. Без оглед на тоа дека многу се занимаваме со примена на кабалата во нашиот свет. Ние зборуваме за слобода на волјата, кабала и филозофија, кабала и наука, кабала и религија, воспитување на децата, сите прашања што се однесуваат на нашиот живот. Многу зборуваме за кризата, но сето тоа е " под небото" на нашата земја. А тоа што е "над небото" – за тоа зборува книгата Зохар. Затоа, кога се занимаваме со книгата Зохар, треба целосно да се апстрахираме од нашиот свет.
Во никој случај не смееме, тоа што е напишано во книгата Зохар да го замислуваме како постоечко во нашиот свет. Ништо од тоа не постои. Се земаат секакви именувања, дефиниции од нашиот свет, последици, односно зборови. И сите тие укажуваат на следниот, повисок свет. Затоа што двата света се паралелни, и земајки зборови од нашиот свет, ние зборуваме за вишиот. Таканаречен, јазик на гранките" т.е. кога јас кажувам едни зборови, а под нив подразбирам сосема нешто друго. Тоа не е само некој кодиран јазик, каде нема никаква врска на зборот со поимот, туку постои точно одредена смисла во изборот на зборови. Затоа што јас земам зборови од нашиот свет, кои укажуваат на објект во нашиот свет, кој пак е последица на вишата сила во вишиот свет. На тој начин јас, да речеме кажувајки го зборот "маса", мислам на таа виша сила, која при нејзиното слегување во нашиот свет создава таков објект како " маса". Во различни материи: може да е од камен, дрво, метал, стакло, бетон...не е важно од што е, но таа дефиниција, категорија " маса" слегува од Вишиот Свет во неговата сила, и потоа се претвора во материјата од нашиот свет. Така да кога јас кажувам "маса" зборувам за таа сила. Така е и со сите останати зборови или нивните дејства.
Затоа, за сè што зборуваме ние со вас, се наоѓа "над небото" а не под небото, т.е. на нашата земја. Т.е. зборуваме за силите кои дефинираат сè во нашиот свет, но нам сега не ни е важно дека тие го градат и дефинираат нашиот свет, т.е. нашиот свет не постои, да заборавиме на него...
Ние сега се наоѓаме во нашата точка во душата, само таа постои, го нема нашето тело, нашиот свет...јас висам во просторот. Јас сум точка, мала моја желба од која треба да го откријам пред себе целиот свет. Токму за тоа зборува книгата Зохар. Таа точка се нарекува " точка во срцето" , се појавува во нас наеднаш, во некое време од животот и не влече некаде. Еве ние сега се апстрахираме од сè што постои освен оваа точка. Затоа што сè друго е привремено, лажно, смртно.
Ќе се занимаваме само со оваа точка, преку неа ќе го откриеме нашето вечно, совршено. Ние со вас се наоѓаме во книгата Зохар, која постепено тоа ќе ни го открие, независно од тоа колку ние го разбираме тоа што го зборуваме. Ние ништо не разбираме, зошто од таа точка во која се наоѓам сега, наслушнувам за нешто што постои во тој свет кој е пред мене, но тој уште е за мене нешто сосема црно. Тој треба да се прикаже пред мене како од мрак, а Зохар ми раскажува за тоа. Раскажува намерно со овоземни зборови, за да јас преку нив, со вложување на напори се обидам некако да разберам, што таа сака да ми каже. Јас сигурно ништо не можам да си претставам правилно, затоа што ништо не гледам, се лажам во своите восприемања, во своите претпоставки, но тоа не е важно.
Важен е мојот напор, како кај малото дете кое со отворени очи и уста го "снима" светот, сето тоа му е интересно, тоа ништо не знае и не разбира, едноставно впива внатре во себе. Потоа постепено во него се акумулираат сите негови чувства, перцепции и се сложуваат во една слика која тој почнува да ја разбира и осознава. А потоа веќе почнува да дејствува во неа, потоа активно започнува да се усогласува. Потоа се појавува неговиот егоизам, неговата лична калкулација. Ние гледаме пред себе мало човече, кое дури почнува да лаже, манипулира, и т.н... Од каде сето тоа кај него се појавило? Од неговото впивање, без да го разбира сето она што околу него се случува. Така и ние.
Постои природен закон – навлегување во новото. Кога јас целосно се исклучувам ( ние треба сами да се исклучиме од сето наше минато, затоа што тоа не се однесува кон тој свет во кој ние влегуваме. Таму нема ништо од тоа што постои во нашиот свет. Затоа ова непосредно влегување преку Книгата Зохар, која само ни раскажува, а ние слушаме и се обидуваме да сфатиме со сите свои напори – ете тоа ќе делува врз нас.
На крај ние како дете, ќе почнеме да чувствуваме, гледаме, осознаваме, да ги сложуваме заедно тие впечатоци, и така ќе си создадеме слика на вишиот свет. Со таков предговор денес ја отвораме книгата Зохар. Јас не ќе можам секој пат да ви го повторувам секој предговор, а такви мора да постојат. Но, вам ви советувам да си ги повторувате зошто тие ќе ви помогнат во правилно насочување кон вишиот свет. Тоа е најважното – да застанеме пред него непосредно.
Имаше една песна на Парамонов: „Стојам пред вас како гол", ете токму така ние со вас стоиме.
Точка 77. „Но поточно ќе биде кажано за третиот ден како ден кој ги открива создавањата на првите два дена". Што значи три дена и воопшто, денови на создавањето...создавање е постепено слегување на особините на Создателот во нашиот свет, т.е слегување на светот на Бесконечноста до нашиот свет, постепена реализација на неговите особини. Првата особина во која Создателот слегува во нашиот свет се нарекува особина Хесед, втората особина е Гвура, и третата особина е Тиферет. Три особини, најважната од нив е Тиферет. Намерно ги нацртав на овој начин. Ова ќе ја означува десната линија, ова левата, а оваа средна. Зошто?
Затоа што најважна е средната линија, таа ги собира во себе тоа што слегува од десниот дел на Создателот, од неговото право делување, добро, - светлина. Левата линија е желбата, наша со вас, егоистичната, исто произлегува од Создателот.
Како што е речено "„јас го создадов егоизмот и ја создадов Светлината, Тора, за неговото исправување".
И затоа ние, во средната линија, примајќи одредена мера егоизам, за негово исправување со помош на светлината, ние создаваме во себе трета, средната линија. Таа средна линија се нарекува душа, човек, јас. Јас ги собирам двете особини на Создателот, правилно во себе ги доживувам, ги сложувам, анализирам на кој начин можам да ги споредам меѓусебно. Притоа сум апсолутно индиферентен кон нив, се обидувам да бидам оптимално објективен, не потпаѓајќи под влијание ни на Светлината, ниту на желбата, т.е. човекот треба да биде во позиција кога работи на неговото поништување, Цимцум, кога може да се крене над своите желби и побуди, и тогаш ги ресорбира во себе овие две особини правилно анализирајки ги и сложувајки ги една со друга, и како резултат ја добива средната линија. т.е правилната комбинација на двете линии.
Од Создателот излегуваат само две линии – тој ни ги дава желбата и Светлината за нејзино исправување, а ние од нив се изградуваме себе си. Во принцип може да се каже дека тоа што го има во мене, моите желби – не се мои, тоа дека ги исправив, им дадов некаков друг облик – тоа исто не го направив јас. Но пак, мојата работа, моите напори и знаења, моите доживувања, анализи, односно заклучоци кои дојдоа како резултат од таа работа, моите осознавања – тоа сум јас. Практично јас притоа го запознав Создателот. Зошто Тој ми го дал тоа, зошто ме изгради на таков начин?
Кога јас почнувам правилно да се собирам, ја одгатнувам Неговата замисла. Тоа е најважното. Не се важни поединечно ниту желбата, ниту линиите, туку дека правејки различни конфигурации од тоа, јас го осознавам Него. Тоа осознавање на Создателот во мене, се нарекува душа. Тоа е производ на двете линии десната и левата.
Затоа третиот ден на создавањето, (првиот е Хесед, вториот Гвура) е Тиферет, најважниот ден на создавањето. Тука за првпат се прикажа замислата на создавањето. Зошто сè е создадено – небото, (особината Хесед), земјата, желбите, (особината Гвура) – сега ни е јасно. Затоа, за да човекот ги соедини во себе и небото и земјата заедно. Од тоа ќе произлезат зачетоци, целиот живот, зошто тој е изграден така да се искачува од земјата кон небото.
И тоа е веќе самостојно дејство во правилна комбинација на неживата, растителната, животинската и човечката природа, кога таа впива во себе две особини истовремено. Не може да постои растение, ако не впива и не исфрла од себе (корисното го впива, штетното го исфрла). Истото е кај животните и кај човекот, на сите нивоа, физичкото, биолошко, интелектуално, морално или духовно. Затоа, кога се појавува зачетокот, тоа укажува на тоа дека се пројавува средната линија. Затоа и е речено за третиот ден: "и да произведе земјата трева", односно откривање на дејствата на земјата (Малхут) има веќе на третиот ден.
Но, иако е кажано третиот ден (Тиферет), тоа всушност беше веќе четвртиот ден (Малхут). Кога Тиферет ги соединува правилно овие две влијание од Создателот, Хесед и Гвура, сето тоа потоа слегува во Малхут, најглавниот дел. Но Малхут се соедини со третиот ден, затоа што Тиферет и Малхут се неодделиви. Тоа што е во Тиферет, слегува потоа во Малхут.
„А потоа ги откри четвртиот ден своите дејства". Ја издвои работата на секој од овие- Хесед, Гвура и Тиферет, зошто четвртиот ден е четвртата ногарка на вишиот престол. Особината на Бина и четирите ногарки на престолот, тоа се: Хесед, Гвура, Тиферет (ХАГАТ) и Малхут. Се нарекуваат ногарки од престолот затоа што кога човекот ги користи сите нив правилно, тој се мести под средната линија, која произлегува одозгора, од Создателот.
Во принцип, од таа средна линија произлегуваат десната и левата, потоа човекот во себе на правилен начин ги комбинира, ги спушта во Малхут своите желби, каде тие ја добиваат својата вистинска реализација, облик. И Малхут станува слична на КЕТЕР, од каде што произлегува целата смисла на создавањето во оваа своја реализација. Ако се појават посебно интересни прашања ти ќе ме прекинеш, нели?
Точка 78. Сите дејства на сите сфирот, во првите денови на создавањето (Хесед, Гвура, Тиферет) и во последните денови на создавањето (Нецах, Ход и Јесод) тука имаме неедноставни врски. Пред Малхут има Нецах, Ход и Јесод.
Го цртам Јесод намерно од десната страна, зошто малку се насочува на десно, т.е повеќе е наклонет кон Хесед, зошто благодарение на Светлината го организира цел овој систем во правилна форма. Значи, Нецах, Хот и Јесод е дополнителна сфира. Дополнителен систем кој ми помага правилно да ги соберам сите податоци, кои ги добивам одозгора (гледајте што излегува – Хесед и Гвура и Тиферет се виши особини, се нарекуваат Авот (прататковци).
Особината Хесед се нарекува Аврам, Гвура-Исак и особината Тиферет – Јаков. Тоа се прататковци и немаат никаква врска со нашиот свет. Така се нарекуваат зошто нивната гематрија, нивното нумеролошкото значење е такво. Сите три особини се нарекуваат прататковци.
А пак особините Нецах, Ход и Јесод се нарекуваат нивни рожби-синови. Зошто?
Затоа што човекот, впивајки ги трите први особини кои му доаѓаат, нема влијание врз нив, тие во него се сложуваат по автоматизам. Реков за Тиферет дека се образува, излегувајки од трите виши особини, но таа практично се образува кога човекот почнува со неа да работи, почнува да разбира дека во принцип не го прави тоа тој, туку нему му прават. Нему му покажуваат како треба да прави. Во нашиот свет ние не разбираме најдобро на кој начин се движиме, ни се чини дека тоа го правиме сами.
А погледнете многу години наназад, зарем можете навистина да верувате дека сами сето тоа сте го направиле, сами тоа сте го поминале, сами сте донесувале одлуки? Јас мислам дека не е така. Едноставно почнувате да мислите дека" тоа така со мене се случувало"Кога човекот започнува да навлегува во тоа што го направил, почнува да разбира дека не го направил тој,туку тоа со него на таков начин се случило. И затоа се базира себе си на своите минати правилни дефиниции, тој гледа дека сето тоа не е тој, туку се создало во него, а сега, внатре во себе треба лично тоа да го реализира. И таа правилна самостојна, лична реализација од тоа што е добиено одозгора, во него самиот се нарекува синови. А сето создадено во него претходно, тоа како да е добиено од таткото. Затоа претходните дејства во нас се нарекуваат прататковци.
А денешните дејства (Нецах, Ход, Јесод) – тоа сум јас, тоа се синовите, рожбата. Откога сето го осознае и го направи правилно, тогаш се случува слегувањето во Малхут. Јас создадов, направив, собрав сè во себе. Иако Малхут претставува четврта ногарка од престолот на Создателот, таа сепак е седма. Затоа што во средина имаме уште три дејства, четвртото, петтото и шестото, или четврти, петти и шести ден на создавањето.
На хебрејски не постојат имиња за секој ден од создавањето, со какви што ние се служиме на другите јазици. На хебрејски тие едноставно се нарекуваат првиот ден, вториот и т.н. исто како што пишува во Библијата. И бил првиот ден, вториот, третиот и т.н. само последниот ден на создавањето се нарекува ШАБАТ ( од зборот лишбот – што во денешно време би означувало штрајк, откажување од работа, од дејства).Затоа што овој сфирот претставува само производ од сите претходни и затоа во неа не се прави никакво анализирање, работа, напори.Таа само ги вклучува во себе сите претходни шест сфироти, или денови на создавањето."
Сите дејства на сите сфироти од првите денови на создавањето (хесед, гвура, тиферет) и во последните денови (Нецах, Ход и Јесод) зависат од саботниот ден Малхут". Малхут од една страна е четврта, од друга страна седма, тогаш ова е четврта,а ова петта, а ова шеста и Малхут тогаш е седма. Се извинувам за овие работи, но вие ќе видите дека во Зохар тоа не е едноставно мешаница, тоа честопати се користи. Тоа дека ХАГАТ и Малхут се 4 основни делови, скалила, и кон нив потоа се додаваат уште 3 (Нецах, Ход, Јесод) и се добиваат седумте денови на создавањето. Но последната од нив како да е пасивна и има свое име – ШАБАТ. Не само едноставно седмиот ден на создавањето ( така се нарекува во Тора и Библијата). Туку, може да се нарекува и шабат, збор кој ја објаснува посебноста на овој ден. Од глаголот “лишбот“ што означува да се прекине со работа, да се откажеш од работа.Во нашиот свет со овој ден се поврзани секакви традиции (го заборавам зборот, затоа што не го сакам воопшто).
Уште еднаш, значи ." Сите дејства на сите сфироти од првите денови на создавањето (Хесед, Гвура, Тиферет) и во последните денови ( Нецах, Ход и Јесод) зависат од саботниот ден Малхут, цар на целото скалило З'А и неговото совршенство". Т.е. Малхут, кој апсолутно се собира во себе. И затоа речено е:" И се одморал Создателот на седмиот ден, во сабота, четвртата ногарка на тронот, затоа што 7-от и 4-от ден, двата се Малхут". Само што 4-от ден тоа е Малхут што вклучува во себе Тиферет, З'А од неговите гради нагоре( треба тоа да го обележиме).
Ова место се нарекува Хaзе – гради, а седмиот ден тоа е Малхут на целиот З'А, која во себе содржи Нецах, Ход, Јесод, создава со него (З'А) спојување -Зивуг (лице), кон лице паним де паним. Кога Малхут ја добива целата светлина, не само малата светлина што се наоѓа над градите, туку и таа што се наоѓа под градите, до крајот. Нецах, Ход, се нарекуваат нозе, а Јесод е точката која ја користиме за извршување на спојувањето помеѓу машкиот и женскиот дел. Машкиот дел – тоа е Јесод, а женскиот дел е Малхут, затоа меѓу нив се случува тоа взаемно дејство. Кога тоа произлегува само од Хесед, Гвура, Тиферет, тоа не е целосно взаемно дејство. Тоа не се нарекува лице кон лице, туку лице кон грбот. Тоа е кога одозгора има Светлина, но одоздола не ја добиваат, ја добиваат само светлината хасадим.
Кога пак е лице кон лице, тогаш ја добиваат и Хасадим и Хохма и се случува целосен зивуг помеѓу машкиот и женскиот дел (тука се добива Хохма, светлина на животот).Кога се случува зивуг, спојување лице кон лице помеѓу машкиот и женскиот дел, тогаш доаѓа светлината Хохма, но за тоа е потребен посебен екран и вклучување на овие три сефирот.
Спојувањето што се случува помеѓу Хесед, Гвура, Тиферет и Малхут, се нарекува спојување над градите - Зивуг де нешикин – бакнеж. Спојувањето пак што се случува доле, преку Јесод, се нарекува Зивуг де Јесодот – акт на спојување. Кога сите машки особини што се создадоа тука, Јесод ги собира во себе, и Малхут е подготвена да ги прими, зошто поседува екран.Таа ја добива целата светлина Хасадим и Хохма, која слегува по сите линии, се комбинира во средната линија и влегува во Малхут. Значи постојат два вида на спојување – Зивуг де нешикин и Зивуг де јесодот.
Добро што тоа го разјаснивме, ќе ни помогне за понатаму. Затоа што беше нејасно – Хесед, Гвура и Тиферет, и наеднаш Малхут, таа состојба се нарекува КАДНУТ – мала состојба, затоа и се пишува Јаков.А кога се случува спојувањето преку Јесод, таквата состојба се нарекува ГАДЛУТ, затоа што сите својства, целата светлина хохма влегува во Малхут.
Има многу интересни прашања, од сите континенти, од многу земји. Операторите може да ни прикажат слика , има многу гледачи, од разни земји, градови, големи групи собрани луѓе, поединци...
Силвија од Гватемала прашува: Што е поважно во изучувањето на книгата Зохар- упорноста, истрајноста или напорот?
Гледај колку многу луѓе се собрале денес во Берлин, околу 40-тина луѓе...браво, момчиња, ве поздравувам и се радувам што ве гледам...има големи групи и во Сибир, на Урал, во Канада, Чешка, Украина, Финска....Краснодар, Ванкувер, Минск.
Значи, Силвија прашува што е поважно за изучувањето на Зохар – упорноста, истрајноста, напорот или интелектуалната подготвеност?
Само напорот со упорноста. Никаква интелектуална подготовка не е потребна. Кога се раѓа детето
тоа влегува во овој свет, подоцна гледаме колку е развиен – помалку или повеќе, секој во својата област, со свои особини, во секој постои различна комбинација на особини. А најважното е напорот. Во предговорот кон Учењето за Десетте Сфирот, мислам во т.137, каде што се раскажува како човекот се качува нагоре и постојано го застануваат чуварите на царот, т.е. ако тој сака да стигне до царот, треба да ги помине сите нив, да биде попаметен, поупорен, поитар, посилен и т.н.По сите искривени патишта да се искачи на некаков начин на планината, па тогаш ќе заслужи да влезе кај царот, т.е.Создателот.
Речено е дека не треба да биде физички многу развиен, ниту мудрец, ниту итрец, речено е само едно – трпение. Но правилен избор на напорот, во правилна насока, со групата, заедно со сите кои ти помагаат да ја одбереш насоката и трпение, само трпение. Упорност во осознавање на целта и трпение за нејзино постигнување. Само тоа помага, ништо друго. Ви го кажувам тоа од пракса, мојата и на многуте мои ученици.
Уште едно прашање од Силвија: дали е вистина дека силите на доброто и злото доаѓаат кај нас со нашето раѓање?
Не, сè што доаѓа кај нас со нашето овоземно раѓање е глупост. Ние сме животни, во тоа нема ништо посебно. Треба да започнеме со одбројување само откога ние ќе почнеме да се доживуваме како се стремиме кон следниот свет, вишиот свет. Тогаш треба да почнеме да чувствуваме дека ни се дадени особини, нам се ни се дава - позитивни, негативни, водечки, назадни. Сè ни е дадено, и ние треба да ги примаме како произлезени од Создателот.
Нема никој освен Него, и сите нив правилно во себе да ги комбинираме и правилно на тоа да реагираме и тогаш наеднаш ќе го видиме светлиот свет. Има доста луѓе, кои иако се да речеме во кабалата, страдаат. Тие само неправилно во себе го дефинираат, го доживуваат односот кон тоа што го добиваат од Создателот. Тие не го поврзуваат тоа со Него, или го поврзуваат, ама не разбираат дека го добиваат тоа за да напредуваат. Тие разбираат дека сите негативни работи, влијанија од каде и да дојдат, потекнуваат од Создателот, но сето тоа е за нивното напредување. Благодарение на тие препреки ние се дефинираме и одгледуваме. И затоа човекот треба да гледа дека ако престојува во незадоволство, во разочарување ,во негативни доживувања – тоа значи дека тој неправилно се насочува себе си кон целта.
Правилното насочување кон целта секогаш предизвикува воодушевување, среќа, чувство на полетување а во никој случај некаков пад. Се случува да има падови, кога намерно ти се дадени одозгора. Тогаш те исклучуваат, те фрлаат на под и ти лежиш. И тоа се случува. Во такви состојби често се наоѓаат кабалистите, и знаете што прават? Легнуваат во кревет, се покриваат преку глава со ќебе, лежат и чекаат..10, 15 минути.
И наеднаш тоа поминува, се почнува да се реконструира, ти почнуваш да чувствуваш, гледаш од каде, како, зошто си ги поминал тие состојби. Со тоа што се покриваш со ќебе како да се исклучуваш од сè. Се концентрираш, анализираш и ја избираш правилната насока на мислите и чувствата, и излегуваш од таа состојба, разбираш зошто ти е таквата состојба дадена, заблагодаруваш за тоа дека си го поминал и продолжуваш понатаму.
Постојат различни ситуации, но најважно е да не губи врската со Создателот. Губењето на врската е најлошо нешто што може да ти се случи.Затоа што во тој момент ти повторно паѓаш во состојба на животно, а тоа е недозволиво.
Андреј ( Донецк) прашува: Ние ја зголемуваме нашата чувствителност кон духовното станувајки набљудувачи или самите се менуваме? Што се случува со нас?
- Ние се ставаме себе си под дејсво на вишата светлина. Не ја знаеме, не ја гледаме, само ја осеќаме во себе, ги осознаваме нејзините последици, односно последиците од нејзиното делување врз нас. Наеднаш јас чувствувам дека сум инаков. Не знам од каде и зошто, само чувствувам дека сум инаков. Знаете, детето кога расте, тоа не чувствува дека станува поинакво. Ние гледаме како тоа се променило, станало поинакво, а тоа самото не го чувствува тоа. Во духовниот развој ние самите чувствуваме дека стануваме инакви.
Некој ден, Некој пат, наеднаш чувствувам, дека поинаку гледам, поинаку доживувам, поинаку зборувам, се однесувам. Едноставно веќе не сум тој што сум бил. Тоа е потресно чувство и е последица од делувањето на вишата светлина. Така ние го доживуваме. Притоа во човекот се случуваат различни промени, во различни димензии, но тоа не е наша грижа. Светлината делува врз нас, таа знае на каков начин треба да делува врз нас за да ги издвои посебните особини на нашата душа, првин едни, потоа други, во различни меѓусебни комбинации.Тоа е работа на светлината врз материјата која таа самата ја создаде. Ние треба само да го предизвикаме нејзиното дејство врз нас.
Дмитриј (Прага) прашува :Кај мене постоеше силна желба за знаење, точно одредена и разбирлива. Сега веќе немам сила да добивам знаења. Како да го почувствувам Севишниот? Каде се наоѓа мојата точка за контакт со Создателот?
– Во почетокот луѓето се насочуваат кон кабалата или сензитивно или умствено. Или со срце или со разум. Така сме ние создадени. Создателот прво ја створил желбата, потоа желбата почнала да се чувствува себе си и оној кој дава.Кај неа се појавиле некои решенија, дефиниции, заклучоци. И се појавил разумот до желбата. Разумот е последица. Желбата да се достигне посакуваното го раѓа разумот. Ние во овој свет веќе сме составени од тие две особини- моха ве либа. Моах – разум и либа – срце. Така ние луѓето сме поделени на такви, кај кои преовладува сензитивниот дел, и другите, кај кои преовладува умствениот дел. Или сум актер, сликар, музичар, писател и т.н. или сум научник, технолог и т.н.
Тешко е да се каже кој е човекот, затоа што веднаш паѓаме под притисок на опкружувањето, кое "нè обработува", од нас прави тоа што сака. Денес во мода се лиричари, утре ќе бидат физичари и т.н.Затоа е тешко да се каже кој е кој. Во кабала тие два дела се сложуваат и тоа во голема хармонија. Но во почетокот кога човекот доаѓа во кабалата од нашиот свет, тој кон тоа се однесува со чувства или со разум.
А потоа сето тоа се изедначува. И тие два дела во него почнуваат да работат во таква симбиоза, хармонија, што се губи неговата почетна основа – лирика или физика. Така што и вие велите, јас бев техничар, јас лиричар, се однесував така кон кабалата, кон светот, кон сè – точност, знаења, дефиниции, шеми, планови.И јас бев таков и тоа многу го сакав. Затоа што ми се чинеше дека во овој свет таа основа е реална, со чија помош јас можам нормално да постојам, живеам. А потоа во кабала, почнав несакајки да ги чувствувам своите желби.Осознав колку сум управуван од нив,а не со својот разум, дека во суштина се наоѓам под дејство на своите желби- ситни, големи, добри, штетни, неважно какви и дека мојот разум претставува слуга на моите желби. Т.е. тој е насочен во нашиот свет само кон тоа за да јас се задоволам себе си, своите желби. И со тоа кај човекот завршува неговото почитување на разумот, тој почнува да сфаќа дека тој разум не вреди ништо.
Тој е само слуга на неговата животинска желба и дека е исто толку животински и самиот, ако не и повеќе. И започнуваме да работиме само да ги промениме своите желби, т.е. да дојде вишата светлинаи да ми даде други особини. Кога кај мене ќе се појават други особини, други желби, тогаш ќе се појави и друг разум, за да ги достигнам, да ги реализирам. И тогаш разумот мој ќе биде виш, ќе им служи на вишите желби,особината на давање. Така што не е важно на каков начин човекот стигнува во кабала, важно е дека потоа ја привлекува врз себе вишата светлина, ги исправува сите свои желби и соодветно на тоа неговиот разум станува бистар.
Фредерик (Франција) ги чита Талмуд и Зохар и прашува каква е разликата меѓу овие два извори?
Друго прашање: дали навистина Јесод е порта помеѓу вишиот и нашиот свет?
- Сигурно дека е. Јесод е точка на допир помеѓу вишиот и нашиот свет, претставен како машки полов орган. Ние не разбираме колку важна категорија претставува во духовниот свет. А што се однесува на првото прашање – ТЕС и воопшто сè, што се однесува на изучување на градбата на вишиот свет – тоа претставува наука кабала. А Зохар претставува наука кабала, туку реализација на кабалата во човекот. т.е. ТЕС може да ја учи секој човек, па и Зохар може да ја чита секој човек, само се зависи од начинот како ја чита. ТЕС тешко е да се чита со намера тоа да делува врз нас, зошто станува збор, каде се сите тие дејства во мене...Зохар многу подетално не прилагодува, припрема за откривање на вишиот свет. Тој едноставно те тера со читањето, откривањето, делувањето.Да мислиш, чувствуваш дека се наоѓаш во некоја шума, некој широк простор, или пак обратно, дека ти го чувствуваш тоа внатре во себе.
Точка.79 Но ако саботата е Малхут, тогаш зошто е речено во Тора" почитувајте ги моите саботи"? Имајки предвид две. Се зборува за двата дела на саботата – ноќ и ден, ноќта е Малхут, а денот е З'А, (односно сите шест претходни сфироти) кој свети во Малхут. И нема нивна поделба, затоа што се појуваат тие заедно во зивуг "лице кон лице". Затоа и се нарекуваат две саботи, т.е. и З'А кој се подготвува себе си кон спојување со Малхут, и Малхут која го добива. Заедно тие кога се спојуваат, иако се заедно, и се прикажуваат во нашето достигнување како едно целосно меѓусебно сложување на З'А и Малхут, но во принцип го нарекуваме тоа – саботи.
"Почитувајте ги двете саботи" , односно направете така, спојувањето од една страна да биде неделиво, од друга страна да се почувствува влегувањето на Создателот, со сите негови особини, со сите моите осети, моите сознанија за него, во мене самиот. Човекот, душата во нашиот свет претставува женски дел, а Создателот во однос кон нас претставува машки дел. И ние се подготвуваме кон тоа, да го примиме Неговото наполнување, Неговото навлегување, сместување во нас. Тоа е внатрешната смисла на седмата духовна состојба, која се нарекува саботен ден. Тоа нема никаква поврзаност со денот во нашиот свет, нашиот живот. Тоа е особина, која човекот ја достигнува откога ќе ги помине одоздола нагоре сите достигнувања, шесте скалила и стапнува на седмото.Кога во него ќе се случи спојување на сите негови осознаени, реализирани особини со неговата желба. И само тогаш тој целосно ќе го реализира тоа скалило, кое го започнал уште на почетокот на т.н.- недела, и сега во седмиот ден на создавањето, на седмото скалило, го завршува и стапнува на следното скалило. Такви скалила од нашиот свет до светот на Бесконечноста така и ќе се редат – шест скалила и наредна сабота...и т.н. Така ние со вас ќе го поминуваме нашиот духовен подем. Целата оваа шема што ја изучуваме, таа е непроменлива, иако постојат други нејзини варијации...
Малхут, З'А, можеме да ја додадеме Бина која свети одозгора,одоздола да додадеме светот Брија, од каде се искачуваат душите во Малхут, но во принцип се се врти околу оваа шема. Освен горниот дел на З'А ние ќе го изучуваме и долниот дел на З'А, Малхут ќе го разгледуваме.... во секој дел.Тие се духовни сили, категории.Во нив постојат многу подсистеми, сили, особини. Секоја од овие сфироти се разложува на огромни делови, кои заедно се нарекуваат ехалот (ехал – палата, дворец) нешто огромно. Секое име претставува огромна палата. Ти влегуваш и гледаш огромен број на особини, сили, што делуваат на тебе, што се делови од твојата душа, делови од тебе. И сето тоа се открива постепено пред нас, и сето тоа е-за нас. На крај, собирајки го сето тоа во себе ние стануваме слични, рамни на Создателот. Во што и е суштината на науката кабала и нејзината цел.
Со ова завршуваме денес, до следниот пат, ве поздравувам, до гледање!