13.06.2010 -
Добар ден драги пријатели! Ние со вас се наоѓаме на нашиот редовен виртуелен час. До мене е Саша Козлов. Тој ги очекува вашите обраќања, писма, прашања, забелешки. А дотогаш ние ќе одиме понатаму по статијата "Терачот на магариња", т.112, и ќе оставиме многу време за прашања. Повелете – прашувајте! Јас ќе се обидам на сè да одговорам. Значи, ние стигнавме до таму.
Откривме што претставува терачот на магарињата.Тоа е таа специјална сила, која се испраќа одозгора за тие кои посакуваат да се искачат на планината на Создателот. Како што е речено: "Кој ќе се искачи на планината на Создателот, кој ќе застане пред Неговиот лик (т.е. ќе Го открие Него), кој има чисти раце и топло срце.." и т.н. Така е речено во псалмите.
Значи, тие се приближиле многу блиску со помош на терачот на магарињата, т.е. силата која го поттурнува човека и неговиот егоизам, тера да се оди напред, стигнале до планината на Создателот, искачувајќи се, на која тие ќе можат да го откријат Создателот. Многу интересно патешествие.
И кога тие се приближиле до планината, сонцето се сокрило, облаците почнале да се згуснуваат, почнале да чукаат гранките на двата, една од друга, од таа планина и да величат. И тие слушнале силен глас: "Синови на светиот Создател, расфрлени по океанот на овој свет, ве осветуваат синовите на великото собрание, соберете се во своето место и веселете се заедно со Создателот во Вишата Светлина на Тора". Се исплашиле тие од тој глас, тие звуци, и седнале. Т.е. влегле во малата состојба – катнут.
Нормално, дека во духовниот свет не постои таква состојба "се приближија до планината". Планина – тоа е ирурим, ар, од зборот сомнежи. Т.е постепено во процесот на преминување, иако ги поттурнувал терачот на магарињата, им помагал да одат заедно, (ги водела Вишата Сила), но се наталожиле секакви сомнежи, проблеми, и сега се појавуваат пред нив во облик на огромна планина. Да се оди понатаму не е можно. Сепак многу се оттргнуваат од овој свет, од овој живот, треба некако да се придржуваме за него, тука треба нешто да се прави. Растителноста, т.е. тоа што се развива на таа планина, на која ние треба сега да се искачиме, поседува некои посебни, страшни особини, т.е. тоа не се обични дрвја.
Она што израснува од земјата, од неживото во растителен облик, тоа има апсолутно поинаква форма. Се слушаат гласови, т.е. се создава некоја нова, Обратна Светлина, таканаречена Ор Хозер, која тука звучи, проникнува низ егоистичкото кли и ги тера, ги повикува да се соберат сите заедно во едно големо собрание. За да се веселат во особината на давање со Создателот. Состојбата воопшто не е едноставна, состојбата е многу напрегната. Истовремено се јавува и внатрешен глас, кој вели: "Нели е подобро да се вратиме, да се тргнеме подалеку од оваа планина, да стоиме малку подалеку."
Како што гледаме, исто така е и со планината Синај, кога се раскажува дека Мојсеј се искачил на планината Синај, а народот стоел во вид на кругови околу планината. Похрабрите луѓе стоеле поблиску, а тие поплашливите стоеле подалеку. Така е и тука. Постои граница, и за секој човек е индивидуална, до каде тој може да оди, што може да жртвува, за да се искачи, за да го заслужи искачувањето во духовниот свет.
Т.113. "Во тоа време повторно се слушнал гласот: "...цврстите карпи, великите чекани на громовите, Бина стои на столбот, влезете и соберете се". Во тоа време го слушнале силниот глас на илјадниците дрвја, (т.е. не само Хај, не само животинското ниво, туку и растителното ниво се приклучува сега во нив). И зборуваат со гласот на илјадниците дрвја. Илјадници – се мисли на Хохма, затоа што нејзината моќност е илјадници; кој вели: "Гласот на Создателот ги руши боровите". Паднале ничкум раби Елазар и Раби Аба. Ги зафатил силен страв. Станале, брзајќи и отишле. Не слушнале повеќе ништо, се спуштиле од планината и отишле понатаму."
Во принцип, извршиле некоја своја редовна задача, некое свое одредено поправување, но понатаму да одат, не можеле. Ќе видиме што се случило, зошто не отишле понатаму во планината? Зошто морале задолжително да го послушаат својот страв. Дали е правилно тоа што го сториле?
Т.114."Кога стигнале до домот на Раби Јоси, синот на Раби Шимон бен Кануни, ( тоа е друг Раби Шимон, - имаше таков познат мудрец), го сретнале таму Раби Шимон бен Јохаја.(РАШБИ). Се израдувале. Се израдувал и Раби Шимон. Тој им рекол: "Вистина ли Вие го поминавте патот на вишите знаци и чуда, затоа што сега јас спиев."Спиев" тоа не значи, дека спиел, туку влегувал во посебна состојба таканаречена – ВАК, кога постои целосно исчезнување на Светлината. Освен ВАК што останува, тоа е 1/60 дел од смртта. "И ве видов вас и Бнејау" ( тоа е таа голема сила, тој голем парцуф, кој ни ја праќа целата Светлина на Мудроста, целата Светлина ), .."кој ви пратил две круни по еден старец, да ве круниса со нив. Уверен сум, дека на тој пат бил Создателот. Уште и поради тоа што гледам како се смениле вашите лица". Лицето на човекот е тоа што ја зрачи неговата Светлина, како лицето на духовниот парцуф.
Ние не зборуваме за самите луѓе, туку зборуваме за нивните внатрешни состојби, за нивната душа. Лицето на душата – тоа е тоа што го зрачи главата – прима Виша Светлина, прави зивуг де – ака, и понатаму го одразува. Всушност лицето на човекот ја зрачи Светлината, која потоа тој ја прима внатре во себе. Како што е речено: " Светлината на Мудроста да се зрачи од лицето твое"). Правилно е речено дека мудрецот е подобар избор од пророкот".
Дошол Раби Елазар, ја ставил својата глава на колената на татка си, Раби Шимон, и му раскажал за тоа што го поминале (т.е. тој не сторил од себе речиси ништо, преминал во хоризонтална положба, т.е. нема никакво влијание врз себе, проверка, ништо. Главата и телото се наоѓаат на едно ниво, во ова негова духовна состојба. Во таа состојба ја ставил својата глава на колената на татка си, на неговиот долен дел - не ХАБАТ ве ХАГАТ, туку НЕИ. И на тој начин тој му раскажува, т.е. на таков начин тие се соединуваат во еден парцуф, и сега Раби Шимон може да разбере, да им пренесе, што тие доживеале). Раби Шимон заплакал и рекол... (заплакал, значи навлегол во мала состојба, ВАК): "Го слушнав Создателот и се исплашив".
Затоа рекол "пророкот Хавакук", кога ја видел смртта своја и како Елиша го оживува него.Тоа е уште еден пророк Елиша, пророк, ангел. Зошто името негово е Хавакук? Затоа што е речено, - "до тоа време ќе биде ХУВКАТ – прегрнат синот. Затоа што Хавакук бил син на Ашонамит. Ашонамит...Ова е се' така заплеткано, тешко е се' да се раскаже. Т.е. тоа што сега ни излегува во светот Ацилут, доле имаме души, тие души се наоѓаат во световите Асија, Јецира, Брија.
Заедно со овие светови Асија, Јецира, Брија; овие души се наоѓаат во комплет. Нашите души. Тие се искачуваат во светот Ацилут. Во светот Ацилут имаме Малхут, З'А, Бина, Хохма, Кетер, а потоа доаѓа веќе светот Адам Кадмон и светот на Бесконечноста. Оваа граница се нарекува Табур, оваа граница се нарекува Парса. Значи, тоа што се добило сега, дека овие души, на нашите таканаречени патешественици, Раби Јоси и Раби Хија - тие се искачиле во светот Ацилут. Најпрво во Малхут од Ацилут, а потоа се искачиле до највисокото ниво. Практично до Кетер, тука постојат уште некои мали објаснувања, но ние тоа после ќе го прочитаме.
Значи, заплакал Раби Шимон, навлегол во катнут, малата состојба, и кажал дека добил известување од пророкот Хавакук, кој заедно со Елиша,( го наполнува него со таа Светлина), и затоа тој вели дека постоеле тука две прегратки, две влијанија одозгора надолу. Една - од мајката, а другата – од Елиша. Притоа, тие прегратки, тие соединувања, биле "уста на уста".
Постојат соединувања на два парцуфим, кога тие се соединуваат...Како прво, постои состојба "грб со грб", кога не постои никаков контакт помеѓу нив. Постои состојба, кога едниот се завртува со лицето, а другиот се уште е завртен со грбот, т.е. не сака ништо од него да прима, затоа што нема кому да му пренесе.
Следна состојба е, кога стојат веќе "лице кон лице" – тоа да речеме е така – еден парцуф и друг парцуф духовен, се насочени кон различни страни, тоа како да им се носевите - тоа се нарекува "ах бе ах" - спротивни страни. Потоа се случува состојба, кога горниот парцуф се завртува надолу, а долниот уште нема однос кон него. Состојба со лице кон позадина, што би рекле;- му гледа во тилот, а тој не обрнува внимание.
Потоа состојба, кога тие почнуваат меѓусебно да се соединуваат, кога се завртуваат со носевите, устите еден кон друг. Таквата состојба се нарекува "пе ел пе" – уста на уста. И тогаш се прима Светлина од повисокиот парцуф во понискиот. Нижиот, иако стои во насока кон вишиот, меѓутоа само за да прими, но, за да даде тој секогаш има давачка страна надолу, и на тој начин тој ја спроведува Светлината.
Генерално постојат 4 состојби, но ние 4-та не ја изучуваме, затоа што за нас се' уште е нереална. Значи, состојба кога тие се однесуваат "ах бе ах"- таканаречена - спротивни завртени страни, "паним бе ах" – лицето на едниот кон грбот на другиот, и паним де паним – кога тие се насочени еден кон друг. И тогаш се случува нивно соединување. При тоа соединување се пренесува Светлината Хасадим, и внатре во Светлината Хасадим, се пренесува Светлината Хохма.
Значи, му кажал Елиша, дека ја допрел устата своја кон неговата, т.е. тие стапиле во контакт со повисок парцуф. И понатаму се кажува: Во книгата на царот Соломон најдов дека го содржи (тоа пренесување) името на Хавакук, составено од 72 букви. Намерно е создадено такво. Затоа што тие 72 букви се посебна бројка, шифрирана бројка, тајна бројка, таканаречена "ајн бет шимот". Во Зохарот за неа многу се зборува.
72те букви – ја означуваат целата Светлина на Мудроста, која поминува одозгора надолу. Притоа, таа доаѓа уште по трите линии, и на таков начин се добива, 72 множено по три – 216. 216 снопови. Три – поради трите линии, како што знаеме.
"И сите тие букви ги утврдил Елиша во душата на Хавакук, за да ги оживее со 72 имиња", и затоа тука се одвива пренесување на Светлината Хохма, одозгора надолу. И уште еднаш тука пишува – "Заплакал Раби Шимон и рекол:"Видов јас дека се случува сето ова од Создателот, кој го пренесува тоа преку Раби Амнон Саба.Тоа е најгорниот дел на Кетер, од него слегува Светлина, и вие се удостоивте да Го видите лице во лице, а јас не се удостоив, паднал врз лицето свое и го видел тој, што ги корне планините и ги пали свеќите во одајата на царот – Машијах. Му реков: во тој свет ние ќе бидеме соседи со раководителите на собранијата пред Создателот."
Оттука па натаму тој го нарекувал Раби Елазар, синот, и Раби Аба, со името Паниел, како што е речено: "Затоа што го видел Создателот лице во лице". Паниел, паним – тоа е лице, а Ел – име на Создателот. Затоа тој ги нарекувал со името Паниел.
Со ова ја завршивме статијата "Терач на магариња". Тоа е многу сложена статија, многу длабока, зборува за највисоките слоеви на светот Ацилут, каде што се наоѓа Гмар Тикун – нашата конечна поправка. Но барем малку да добиеме претстава за какви работи зборува Зохарот, ова е доволно. Гледам, наскоро ќе ја завршиме оваа наша книга. Полека , полека ќе ја завршиме. А тоа влијае на вас, дури само слушајќи, и ништо посебно не впивајќи. Како може да се впиваат некои нејасни претстави. Сепак, вие се откривате за влијанието на Вишата Светлина врз вас. Ќе видите колку тоа вас ќе ве менува. Зохарот е голема сила. Прашања?
Марија од Петрозаводск Ве прашува: "Како да се достигне взаемната соработка со терачот на магарињата?"
Maша, тое не е едноставно. Терачот на магарија се појавува тогаш, кога имаш потреба од него. Треба да почнеш да се движиш напред, да вложуваш напори, да се занимаваш, да се занимаваш со учење, со распространување, да помагаш во соединувањето на сите заедно, т.е. со приближување до заедничката душа, и како резултат на тие активности ќе се почувствува неопходност од тој терач. Дека без тој терач не е можно, дека станува досадно, матно, непријатно, нешто како да не е така, како што треба. Ништо не се гледа, ништо не е јасно, каде е, во краен случај, нешто перспективно, за кое ни зборува кабалата. Човекот некако почнува да попушта. Се губи воодушевувањето, се губи искрата. Тука е најважно да не се згреши. Да не си одиш од целото тоа движење.
Затоа треба да се разбере, дека ништо не се случува напразно.Дека сето тоа се случува од горе. Дека тоа не е замореност на организмост, не е досадување од едноличениот материјал, - тоа се прави намерно. Во кабалата ништо не се прави напразно. Намерно се праќа од горе, да го наречеме "ангел", кој едноставно почнува да ги извлекува сите сили, целиот интерес. Тоа е од една страна.
Од друга страна, човекот мора со сите свои напори да биде поврзан со останатите, со групата, со книгите, за да ја поткрене во себе важноста на оваа цел, дека во светот ништо друго не постои. Во животот ништо друго не постои, сеедно. Ништо нема да најдете. Ако се открила оваа работа – против неа вие можете да проверувате, ништо не постои. Вие, секако можете да ги затворите очите за да не ја гледате, и да речете – јас се занимавам со нешто друго, - повелете! Но, во принцип, не постои ништо повисоко отколку во текот на нашиот живот да се открие Создателот.Треба само едноставно да се кренеш над тоа, треба да се сфати, дека ние треба да ја пробиеме границата помеѓу животот и смртта. Дека во текот на овој живот ние треба да ја достигнеме Бесконечноста, вечноста, и да ја почувствуваме сега, тука. И тогаш ќе имаме сосема поинакви мисли, поинакви чувства, поинакви решенија – веднаш сè ќе биде поинаку.
Ние ќе почнеме кон сè поинаку да се однесуваме. Замислете, кога човекот би се почувствувал себеси вечен. Оваа забрзаност, оваа граница, кога се приближува, таа нас страшно психолошки нè притиска. Ние не можеме да ја заборавиме, таа потсвесно постои во секое наше дејство. Тогаш ние би правеле сосема поинаква пресметка. Така што, потребно ни е да се кренеме на ниво, кога ќе ја поништиме таа граница. Едноставно гледаме погоре од неа – тоа е најглавно.
Така што целата замореност, која ние ја чувствуваме – таа е токму за да ние побараме сите заедно – да нè кренат над таа граница. За да ние почнеме да го воспримаме светот, животот, и како кон сè да се однесуваме, од гледна точка на вечноста, а не овој мал, ситен живот.
Игор од Киев прашува: "Што значи - дрвјата чукаат со гранките?"- беше речено во текстот.
Тоа е Зивуг де Ака, кој се одвива на растителното ниво. Притоа, има значење какви се дрвјата, има плодородни и неплодородни, и едните и другите се неопходни. Тоа е одделна, голема тема, ние ќе ја изучуваме токму во зима, кога кај нас постои посебна состојба, наречена "Нова година на дрвјата". Почекајте, запишете го ова прашање.
Прашање од Ана и некои од Киев прашуваат: "Бина стои на столбот" – што означува тоа?
На столбот – на З'А. Бина стои на З'А. З'А – тоа е столбот, во него има само 6 сфирот, наречени ВАК. ВАК = Вав – тоа е 6, а Кеј – тоа е кцавот, краеви, значи 6 краеви, 6 насоки. З'А ни ја црта сликата на светот. Замислете си – целиот наш свет е тоа што поминува преку ваква коцка. Поминува Светлина, Светлината доаѓа практично од Бесконечноста. Со ништо не е ограничена. Но, кога таа поминува преку ВАК, преку овие страни на З'А, север, југ, запад, исток нагоре, надолу; тогаш ние ја добиваме сликата на нашиот свет во таков облик, како што ние сега го чувствуваме.
Но, кога таа би поминала преку З'А во друг облик, ние би го воспримале светот сосема поинаку. Не во овие површини. Освен тоа, З'А ни става уште повеќе ограничувања – тој прави ограничување според времето, т.е. сега, и во наредниот момент. Тој ни гради оска на времето, и ние живееме во таа оска и не можеме ништо да сториме. Освен тоа, тој ни гради почеток и последица. Постои Вишо – од кое тоа произлегува и постои нижо – до кое тоа доаѓа. А реално во светот на Бесконечноста сето тоа не постои. Таму нема ни почеток ни крај, ниту од каде доаѓа ниту каде оди, ниту 6 страни, оски, - ништо од тоа не постои.
З'А – затоа што е ВАК и има 6 краеви, насоки. Го претвора тоа апсолутно совршено, вечно, неограничено влијание во нешто многу ограничено, конкректно, структуирано, и на таков начин ние се чувствуваме постоечки во таа коцка. Управувано е одозгора надолу, и сè се одвива по оската на времето. Понатаму.
Сергеј од Талин прашува: "Зошто ликовите од Зохар, тој сигурно мисли на Раби Јоси и Раби Хија, патуваат двајца, а не тројца или поединечно?"
Во тоа време сигурно не постоело "да поделиме тројцата"...зошто двајца? Тие ги претставуваат двете спротивни линии – десната и левата, а терачот цело време сака да ги доведе до средната линија, за да тие можат заедно да се искачат. Затоа. Генерално, сите коментари во Тора и нејзиното објаснување, се засновани на двете линии – тие се спротивни, едната ги олицетворува особините Создателот, другата – на суштеството, Во нивното меѓусебно заемно делување, тие го наоѓаат решението.
Рахил од Вирџинија, САД прашува: "З'А е целосно духовен по своите особини, зошто тогаш ние го откриваме на егоистички начин, преку егоизмот?"
З'А не може да се открие преку егоизмот! З'А се нарекува Создателот во однос на нас, таканаречен Кадош Барух Ху. З'А е она што ние го воспримаме, чувствуваме, како нешто повисоко од нас. Јасно, дека е ограничен, и дека нас нè ограничува, но тој е повисок од нас, тој секогаш за нас е Создател. Ние можеме така да го нарекуваме, затоа што можеме да го разбереме, ние можеме да го почувствуваме, можеме со него да контактираме. Додека со вистинскиот Создател тоа не е можно, кој се наоѓа повисоко од него, кој се ноѓа надвор од границите на светот на Бесконечноста.
Тој се нарекува АЦМУТО – само за себе. Тоа е некоја суштина, која не се чувствува во никакви наши овоземни, духовни чувствувања. Ние немаме можност да стигнеме до Него и да го почувствуваме, кај нас не постои желба за Него. Ние не Го чувствуваме, Тој не нè создал нас, туку преку овој систем на постепено слегување, скратување, оддалечување, скривање, Тој нè изградил нас, и затоа кај нас постои желба за тоа, што се наоѓа само зад скривањето. А над сето тоа, таму каде што се наоѓа АЦМУТО, -ние немаме желба за тоа. Како што, на пример, рибата нема желба да има раце. А ние ја гледаме рибата – како е можно да се живее без раце? А нејзе тие не и се потребни. Таа не чувствува недостаток. Или некои други животни...т.е. ние треба да разбираме, дека таа ограниченост, во однос на нас, која постои во З'А, не го прави Него ограничен. Тој намерно така се однесува, за да биде изолатор од една страна, филтер, и од друга страна сврзувач со светот на Бесконечноста. Инаку ние не би можеле никако да контактираме.
Ние мораме, обврзани сме да постоиме во некакви граници на времето, просторот, координатите, причините, последиците. Без тоа ние не го воспримаме светот што нè опкружува. Кога тој свет би немал никакви ограничувања – за нас Тој би бил апсолутно недостижен. Затоа З'А , тому поради тоа, што во сè нас нè ограничува, го нарекуваме Создател. Затоа што рамките на неговите ограничувања за нас – се нашиот свет. Ние ги гледаме како наш свет. Кога тие рамки не би постоеле, ние не би се чувствувале ниту себеси, ниту опкружувањето.
Вие разбирате, дека да се спознава е можно само во ограничувањето. Налетувајќи на нешто јас почнувам тоа да го чувствувам, да разбирам дека тоа постои. Кога не би налетувал – ништо не би имало, наоколу ништо не би постоело. Да речеме, помеѓу мене и телевизиската камера постои некое растојание од 10 метри, или 5 метри, и тука постои уште нешто, - не знаеме што. Јас не знам, зошто не ми се дадени тие конечни ограничувања.
Што се случува со нас при изучувањето на науката кабала? Ние ја предизвикуваме одозгора Светлината, таа ни дава ограничувања, става препреки. Тие бариери ние ги воспримаме, ги примаме во себе, се креваме над егоизмот со помош на тие бариери. На таков начин тие навлегуваат во нас, овие ограничувања. Со помош на тие ограничувања ние почнуваме да го гледаме тоа, што порано не сме го гледале. И наеднаш јас почнувам да го гледам помеѓу мене и оваа телевизиска камера тоа што порано апсолутно не го чувствував. За мене сето ова било проѕирно, јас тоа не сум го чувствувал.
Како неутронот, кој поминува низ материјата, знаете, тоа се такви микрочестички, квантни и не чувствуваат. Така и тука – не го чувствувам тоа, затоа што не ми се поставени границите. Во мојот разум ги нема. Ако во разумот кај мене нема никакви модели за тоа што можам да го видам, - јас тоа не го гледам. Тука околу мене постои огромен број сили, ликови, особини, но јас не ги гледам, затоа што кај мене ги нема тие модели. Кабалата зборува за тоа, како за можност за постигнување на дополнителен простор. Без тоа не можеме да го постигнеме, нам ни е неопходно да создадеме внатрешни дополнителни модели. Затоа, за тоа што зборува кабалата – е науката да се прима. Науката кабала е наука да се прима.
Што вели таа, како ти можеш да почнеш да примаш? Ти треба да развиеш во себеси нови особини. Тие нови особини се неопходни за да го осетиш тоа, што сега не го чувствуваш. Тогаш скриениот од тебе свет ќе стане откриен. Ништо повеќе не е потребно. Само да се направи во себе, а како се прават во себе тие нови особини – со дополнителни ограничувања, со скратувања, со екрани. Ако има нешто интересно – ајде, ако не, одиме понатаму.
Прашања има многу, треба да одлучам...
Да, но сепак...добро, ајде прашања, но само најпопуларни.
Од САД , од Флорида, Наталија прашува: "Ќе го спознаеме ли ние некогаш АЦМУТО ?"
Само тоа уште тоа ни недостига! Да речеме - не знам, не можам да речам, не замислувам. Јас не знам како може да се спознае неопфатното? Ние можеме да го спознаеме само опфатливото.
Игор од Киев прашува: "Раби Јоси и Раби Хија – тоа се наши лични чувствувања, или помош одозгора, за која треба да молиме? Што е тоа?"
Раби Јоси и раби Хија – тоа се особини на нашата душа, кои се пројавуваат во нас, ако се искачиме на тоа скалило, и ги извршиме истите тие дејства, за кои се зборува во книгата Зохар. Но, тие биле и големи кабалисти, кои го поминале тој пат и го трасирале за нас. Затоа читајќи за нив, раководејќи се по тоа што тие го направиле, ние можеме веќе да одиме по нивната патека. Тоа личи на водач, човекот, кој порано бил таму, испитал сè, разјаснил, - тој ти пишува за тоа, и ти објаснува како да ја поминеш секоја патека, секое скалило. И тогаш нормално дека е полесно. Притоа, полесно е затоа што книгата Зохар ти дава разум, ти дава чувство, ти дава сили и ти раскажува за тоа што треба да се направи. Апсолутно со сè те обезбедува. Како на доенчето – ќе му дадат да јаде, ќе се грижат за него, ќе го надгледуваат, сè за да тоа направи и најмало дејство како одговор. Тоа што му е потребно за неговиот развиток. Исто така постапува со нас книгата Зохар, со нејзините ликови. Всушност, за нас тоа не се ликови – за нас тоа се сили, кои ние во себе ги откриваме. Книгата раскажува, како ние со тие сили треба заемно да делуваме, што треба со нив да правиме. Со тие особини, кои наеднаш се пројавуваат во нас. Замислете си дека денес во вас се пројавуваат некои особини на зло, омраза, или напротив, доброто, или на не знам што, вие се наоѓате во внатрешен неспокој, некои нејаснотии или нешто друго...Вие ја отварате книгата – а таму се вели – другарче, гледај што ти чувствуваш, тоа и тоа, поради тоа и поради она, направи така, направи вака – еве, гледај што си добил.
И така на една страница , дури и помалку од страница, тебе ти се објаснува сè што треба да направиш, произлегувајќи од твојата состојба. И гледај до што си стигнал. И на крај ти гледаш, дека претходната најпрва состојба, кога си ја отворил книгата Зохар – била за твоја корист. Дека благодарение на таа лоша состојба си ја отворил книгата, и си се искачил на следното скалило. Така ние во принцип работиме. Понатаму.
Прашање од Њу Јорк: "Што да се прави со своето магаре, ако ти чувствуваш дека со него некој управува, некој го води настрана и ти не можеш со него да владееш?"
Да, тоа е така, навистина, зошто магарето не сака да биде под моја власт. Јас треба да го ставам под себе, да го припитомам. Тоа магаре е мојот егоизам, јас треба да го ставам до мене, за да не се буни, и да осознаам, дека сам со него јас не можам да управувам. Т.е. јас многу би сакал – ама не можам. Но јас задолжително морам , јас немам друг излез да ја достигнам целта. Но, не можам. И тогаш се појавува терачот на магарињата.
Прашање од Ања од Петербург: "Вие велевте, дека резултатот на нашето напредување зависи од желбата да се привлечат сили и да се вложат напори во учењето. Што најмногу влијае на резултатот во учењето, какви сили и каде да се вложат?"
И за мажите и за жените важи еден ист закон; постои, како да кажам, скршен сад или посуда, скршена, замислете си, на мали парчиња, кои ние теба да ги собереме. Потребно ни е да ги собереме. Треба да си претставите, дека точно ја извршувате својата работа во однос на вашето мало парче, кое вие треба тука да го внесете. Во таа мера, колку што ќе се обидувате тоа да го направите, вие ќе почувствувате дека целата оваа заедничка душа, оваа посуда - таа е веќе склопена. Недостигаше само вашето мало учество.
Значи, да се претставиш со дел во ова огромно кли и да се обидуваш да се поврзеш со останатите со помош на Светлината, која делува врз вас, - токму тоа е нашата задача. Т.е. од моја страна треба да постои желба за поврзување со останатите со помош на Ор Макиф – Вишата Светлина, за да во ова заедничко кли, во заедничката душа се открие Создателот – заедничката особина на давање. Токму ова треба во текот на учењето да си го претставувате и ништо друго не е потребно – ова е најсигурно, најдобро од тоа што може да биде. Т.е. ако се концентрираме на ова – ништо повеќе не ни треба. Понатаму.
Прашање од Ала од Нижен Новгород: "Ако не ја изучуваме кабалата, како наука, туку само да се чита Зохар, да се слушаат Вашите лекции – ќе има ли напредување по скалилата?"
Сигурно дека ќе има! А што значи – да се изучува како наука? Постојат луѓе, кои во нашиот свет создаваат машина за перење, а има луѓе кои ја користат машината за перење. Има луѓе кои создаваат компјутери, телевизори, а ние со нив се служиме. Постојат луѓе кои знаат некоја операција во овој свет и извршуваат некој нејзин мал дел, а се служат со благодетите на целиот свет. Така што не ни е потребно да истрчуваме, секој има своја намена. И секој треба да ја чувствува таа оптимална точка. Јас, на пример не можам да бидам поинаков – таков ме направиле – и тоа е тоа. Јас морам да ја разработувам науката кабала, да ја претворам, да обучувам, кратко речено – се залагам. Со мене заедно, или речиси со мене заедно дошле кај мојот учител многу други ученици. Јас доведов околу 40 ученици кај него. Некаде после година, година и пол, откога самиот дојдов кај него. Но тие немаат таква особина, тие ја немаат таа желба.
Само јас единствено се занимавам со распространување на науката кабала, а тие не, никој од нив. Седат спокојно сите, понекогаш, некаде тивко некој се занимава, - и толку. Дали е подобро или полошо – не може да се каже. Едноставно – тоа е судбина. Како да се каже – мисија одозгора. На кој му се дава повеќе од ова, на кој помалку - исто така не може да се каже. Создателот го создава таков човекот, да речеме Тој треба нешто да прави – Тој тоа го прави.
Знаете, имаше цела тема, "Улогата на личноста во историјата". Така што треба спокојно кон тоа да се однесувате – на крај сè прави Создателот. Така што не постојат меѓу нас виши, нижи, - сите ние сме пренесувачи на оваа кабалистичка информација, и целата таа е со цел некогаш да се соединиме сите заедно. Така што, ако вие имате желба – учете го тоа што го посакувате. Така е и речено: "Обучувај го чедото по неговите патишта и да учи човекот во местото каде што лежи неговото срце". Значи, во никој случај да не се присилуваме себеси. Да речеме, ви се допаѓаат статиите "Шамати"- читајте ги само нив! Ако ви се допаѓа нешто друго – нека биде другото. Но, подоцна ќе разберете, дека онаму има дополнувања кон тоа што јас го сакав, или пак, ако сакам да сфатам едно нешто, треба најпрвин да сфатам нешто друго, и т.н. Постепено ќе дојде и тоа во таа мера, која ви е неопходна за вашата душа. Слушајте ја неа.
Прашање од Чиле: "Како може да се оправда Создателот, ако чувствувам зло? Јас знам, дека Тој е добар, но сепак јас Му се лутам Нему, или чувствувам некаква раздразнетост.."
Но, вие не плашете се! Не плашете се од Него! Вие можете да се карате со Него, да Му се лутите, да поставувате обвинувања. Сепак, сето тоа Тој ви го подметнува, Тој го прави целиот наш живот. Намерно се обидува да ве раздразни, да ве нервира, за да обрнете внимание на Него како на Извор на сето постоечко. А на крај, кога вие ќе започнете да Му се обраќате Нему, наеднаш ќе сфатите дека не Тој, туку вашите лични особини ве прават такви, и го прават вашиот живот толку страшен, грд. Вие можете да речете – да, но Тој ме направил таков, и затоа јас така се чувстввуам и целиот мој живот и светот се толку лоши, бидејќи Тој такви нè создал. Да, Тој такви нè создал, вие ќе дознаете. Почнете силно да Го карате, и тогаш навистина ќе видите, дали ќе ви успее тоа или не. Тогаш ќе ви се разоткрие вистината – дека навистина злото, егоизмот – не се од Него. Постои ли уште некој освен Него? Не постои! Тогаш од каде е тој (егоизмот) – од скривањето!
Од скривањето на Создателот се раѓа егоизмот, а не од самиот Создател. Но тоа треба да се почувствува. Но, карајте Го - тоа е корисно! Создателот посакува само едно – да не заборавате на Него! Затоа што тоа ви помага да напредувате. А како ќе се однесувате кон Него – добро или лошо – воопшто нема значење. Не се обидувајте да играте со Него, со кого? Па тој знае што има во вашето срце.
Прашање од групата од Новосибирск: "Чувствувањето на терачот на магарињата се чувствува како страдање, или како посакувано влијание?"
Тоа е многу добро чувство. Тоа е како тврда, јасна, дополнителна сила, која божем те фаќа за врат, тебе, се мисли на твојот егоизам, го крева во воздух и го пренесува на друго место. Многу добра особина. Ние поинаку не можеме да преминуваме од скалило на скалило, освен со помошта на терачот на магарињата. Во нас не постојат никакви сили да го совладаме своето магаре. Понатаму!
Џозеф од САД, Милерсвил, прашува: "Постои ли почеток на Создателот, или Тој постои отсекогаш?"
Понатаму има малку филозофија, ова е главен дел на прашањето.
Вие треба, ако ја сакате филозофијата, да го разгледате нашиот оддел "Спознавања на реалноста". Работата е во тоа, што во почеток треба да се појасни, како ние спознаваме, што ние спознаваме, како чувствуваме, што чувствуваме, и постои ли нешто надвор од нашите сетила? Само тогаш веќе можеме да зборуваме за толку високи материи.
Работата е во тоа, што целото спознавање е во однос на нас, сите чувствувања се во однос на нас, надвор од нас не постои ништо. Надвор од нас ние не можеме да зборуваме за ништо, ние говориме само за тоа што го достигнуваме. За тоа што не го достигнуваме - не можете да кажете ниту еден збор, немаме дури зборови за тоа... Ниту желби, ниту мисли, ништо! Затоа, да се говори за објективното постоење на нешто не е можно, такво нешто не постои. Не постојат светови, нашиот и останатите светови не постојат, - сите тие во зависност од достигнувањето на човекот се пројавуваат во него. Ако не постои достигнување – тие не постојат. А во кого тие може да постојат, ако отсутствува тој, што достигнува? Тоа не е како во нашиот свет – постои, божемно, работа надвор од мене – такво нешто не постои. Тоа го нема ниту во нашиот свет – тоа е само илузија. А во духовниот свет е апсолутно јасно, дека сè што постои – постои само во моето чувствување.
Ние со вас се наоѓаме, грубо речено, иако е приближно и ниско, во океан на Вишата Светлина. И зависно од степенот на совпаѓањето на нашите карактеристики, моите внатрешни, и на таа Светлина, тие внатрешни карактеристики, ми цртаат ликови. Ете сега тие ми го цртаат овој свет. Моето совпаѓање со Вишата Светлина е таква, што се црта овој свет. Многу непријатна слика, но тоа е моето совпаѓање со него – обратно. Ништо не може да се стори. Зависно од степенот на тоа што јас ќе почнам да се поправувам и ќе станувам сè посличен на неа - мене ќе ми се црта сосема поинаква слика. Подобра, повисока, посовршена, комфорна. Општо земено, ништо од ова не постои – никакви светови, никакви објекти, ништо и никој. Виша Светлина. А јас? И јас исто. Таков, каков што се замислувам, каков што постојам, се чувствувам себеси, - тоа сум јас. Навистина? Навистина такво нешто не постои. Што значи – навистина? Во однос на кој и на што?
Ова ви го кажувам, како специјалист по онтологија, воспримањето на реалноста, теоријата на создавањето. Можете да влезете во тие оддели на интернет и ќе видите дека многу работи, вклучително и од науките, се блиски до тоа што го кажува кабалата. Меѓутоа кабалата во тоа е категорична. Многу кратка, конкретна, категорична, дека реалноста е чисто субјективно наше чувствување. Само тоа.
Во тоа ние се разидуваме со Енгелс, кој велеше, дека животот е форма на постоење на белковинска материја, за што уште и можеме да се согласиме, дека тоа е нашиот свет делумно. Но тоа, дека субјективната реалност која ни е дадена во чувствувањата, субјективна е точно, но не е објективна, како што тврдеа марксистите. Тука се создава противречност. Т.е. воопшто не постои поим "објективна реалност". Реалноста не постои. Постои само субјективната. Понатаму.
Арсен од Екатеринбург прашува: "Зошто јас понекогаш чувствувам како Светлината влегува во мене, а понекогаш врската сосема се губи. Ве молам кажете ми што да направам, секогаш да бидам во врска "Светлина-кли".
Во однос на Светлината, Арсен, јас не можам ништо да кажам, треба најпрвин да се дефинира каква е таа Светлина, зошто доаѓа и се губи. Ти не треба да се стремиш кон Светлината, туку да се стремиш кон тоа, да разбереш – што значи Светлина. Светлина го нарекуваме чувството на давање во човекот. Кога јас се проникнувам со особината, со чувството, со насоката за давање на друг, спротивен, далечен, не мене, на одделениот од мене – токму тоа мое чувствување кон него се нарекува Светлина.
Ако притоа јас се насладувам, бидејки ја имам оваа особина, - тука се создава дополнителен проблем. Се насладувам за себе или не? Јас ја посакувам оваа особина за да ми биде добро, да се насладам, или ја сакам оваа особина само како таква, и да чувствувам насладување во другиот, како тој се насладува, без да го чувствувам тоа за себе, и т.н. Тука постојат голем број осетливи прашања. Како да се издвои тоа чувство на давање, чисто давање, кога тоа е насочено само во еден правец од мене - токму тоа ќе се нарекува "Светлина". А тоа кога човекот чувствува дека некој пат го заплиснува, го наполнува, толку е добро, сè е разбирливо, но, тоа не е Светлина. Тоа не е таа Светлина, за која се говори во кабалата.
Во кабалата се зборува за Светлината како за осет на давање само во однос на другиот. Насоката е од себеси. А вие зборувате за личното наполнување. Понатаму.
Прашање од САД, Вашингтон: "Каков треба да е нашиот однос, кога ние чувствуваме дека терачот на магарињата нè држи нас во состојба на целосен мрак?"
Терачот на магриња не нè држи во состојба на целосен мрак, тој доаѓа токму заедно со нас да ги потера нашите магариња. Ако ние сме согласни на целосен мрак, нам не ни е важно ништо за себе и од себе, ние посакуваме само да се помрднеме во насока на давањето на таа планина, да се искачиме на неа. Токму тогаш се појавува терачот на магариња и ни помага во тоа. Но поинаку, - него едноставно го нема.
Раби Јоси и Раби Хија почнале да се искачуваат, тргнале на пат, одлучиле, дека се обврзани да ја достигнат целта, и затоа тие наеднаш пронаоѓаат дека до нив се наоѓа терачот на магариња. Гледајте како интересно за тоа зборува Зохар, некако неочекувано...Раби Елазар отиде да го посети Раби Јоси, а Раби Аба отишол со него. Еден човек ги терал магарињата и одел по нив. Нејасно, незабележливо, кој е и што е. И рекол Раби Аба: "Ќе ја отвориме портата на Тора, затоа што сега е времето да се исправи нашиот пат". Само што почнале тоа да го прават, веднаш се замешал терачот на магарињата, и почнал да ги води понатаму. Треба да се оди на пат и да се посака така да биде – тогаш тоа ќе се случи. Сега, изгледа последното прашање...
Виктор од Молдавија прашува, и има уште неколку слични прашања: "Со што ќе се занимаваме, кога заедно со Вас ќе ја прочитаме оваа книга?"
Ние, воопшто можеме да не ја дочитуваме. Знаете, напишете му на Саша, можете на форумот, линкот го дадовме, напишете му со што би сакале вие да се занимаваме. И ние можеме уште сега да престанеме да се занимаваме со Зохар, ќе се навратиме на него после одредено време, а сега можеме да почнеме било која друга статија, било која друга тема. Сè зависи од вас, јас се согласувам на сè. Согласно со желбите на таканаречените потрошувачи. – Сè, што досега јас добивав, било молба да се чита книгата Зохар...
Јас сметам дека тоа не е неопходно, меѓу нас речено. Постојат голем број теми во кабалата, за постигнувањето на реалноста ние денес зборувавме, слободата на вољата ја поминавме, кабалата и науките, кабалата и филозофијата, градба на световите...вие сами ги знаете сите овие теми. Пристапете на интернет, ќе ги видите сите теми, сè што ќе посакате. Секоја од нив, ние со вас почнувајќи од следниот пат, можеме да ја поминеме. Јас не се подготвувам за своите лекции, директно на часот, на почетокот на часот можеме да решиме – и одиме! Можеби само однапред треба да се подготви некој извор.
Јас ве поздравувам, и ајде заедно да решиме, со што ќе се занимаваме следниот пат. Или потврдете го продолжувањето на книгата Зохар. Ви пожелувам среќа на сите, до гледање, сите ве прегрнувам, сè најдобро!