Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Вовед во изучувањето на Десетте Сефирот, Т. 1-10

На почетокот на моето излагање, јас имам голема потреба да го срушам железниот ѕид кој нè одделува од мудроста кабала, уште од времето на рушењето на Храмот, па сè до оваа генерација. Тоа нам ни тежи и ни буди страв да не бидеме заборавени од Израел. Но, кога започнувам да говорам со кого било, во однос на ова изучување, првите прашања се: „Зошто имам потреба да знам колку ангели постојат на небото и како се викаат? Дали можам да одржувам Тора, со сите нејзини детали, без ова знаење?’’

Второто прашање е: „Мудреците веќе одредиле дека поедеинецот прво треба да го наполни стомакот со Мишна и Гемара. Така, како може некој да се мами себеси дека  ја завршил целата работа на откриената Тора, и му недостасува само мудроста на скриеното?’’

Трето, тој се плаши дека ќе се скисели заради ова вклучување. Но веќе постоеле случаеви на отстапување од патот на Тора заради вклучувањето во кабала. Па затоа. „Зошто ми е потреба оваа мака? Кој е толку будалест да се стави себеси во опасност без причина?’’

Четврто: Дури и оние, кои ја сакаат оваа наука, им ја дозволуваат само на светите слуги на Создателот. А не на сите кои што ќе посакат да Го спознаат Господ.

Петтото, и најважното прашање е: „Постои спроведување во нашиот ум, кога сме во сомнеж да го оправдаме кажаното: „Прави како што прави мнозинството,“ и моите очи гледаат дека сите тие кои изучуваат Тора, во мојата генерација, се со ист ум и се воздржуваат од изучување на скриеното. Тие ги советуваат оние што прашуваат дали е подобро да изучи една страна од  Гемара, наместо да се вклучува во ова.

2) Навистина, доколку ние го насочиме срцето да ни одговори едно многу познато прашање, јас сум сигурен дека сите овие прашања и сомнежи ќе исчезнат од видикот, и поедиенцот ќе увиди дека ги нема. Ова незгодно прашање кое го поставува целиот свет е: „Кое е значењето на мојот живот?“ Со други зборови, овие бројни години од твојот живот, кои те чинеле скапо, и големиот број на маќи и страдања кои си ги искусил, кој е тој, кој ужива во нив? Или уште попрецизно, кого јас го задоволувам? Вистина е дека историчарите се заморени од размислување на таа тема, особено во нашата генерација. Никој не сака тоа да го земе во обзир. Сепак прашањето стои, горчливо и жестоко како и секогаш. Понекогаш тоа ни приоѓа непокането, ни се меша во умот и нè понижува до крајност, сè додека не го употребиме познатиот трик со безумно следење на животните струи, како и секогаш.

3) Навистина, за да се разреши оваа голема загатка, напишан е стихот: „Вкуси и види дека Господ е добар.“ Оние кои правилно одржуваат Тора и Мицвот, се токму тие кои го вкусуваат вкусот на животот. Тие гледаат и сведочат дека Господ е добар, како што рекле нашите мудреци, Тој го создал светот да им прави добро на Неговите суштества, бидејќи такво е спроведувањето на Добриот кој прави добро. Сепак, оние кои сè уште не го вкусиле вкусот на животот со одржувањето на Тора и Мицвот, не можат да почувствуваат и да разберат дека Господ е добар, како што рекле нашите мудреци: „Кога Создателот нè создал, Неговата основна цел била нам да ни користи. Така, ние немаме друг совет освен правилно да одржуваме Тора и Мицвот.

Во Тора (Парашат Ницавим) е запишано: „Погледај, Јас пред тебе го направив овој ден, животот, доброто, смртта и злото.“ Ова значи дека пред давањето на Тора, ние сме имале само смрт и зло, како што рекле нашите мудреци: „Злобните во нивните животи се нарекуваат мртви.“ Нивната смрт е подобра од нивните животи, и болката и страдањето кое го изджуваат, заради нивното одржување во живот, е многу пати поголема од малото задоволство кое го чувствуваат во овој живот. Но, сега ни се дадени Тора и Мицвот, и со нивно одржување ние сме наградени со вистински живот, радосен и полн со задоволсва, како што е запишано: „Вкуси и види дека Гспод е добар.“ Така, писанијата велат: „Погледај, Јас пред тебе го ставив овој ден, животот и доброто,“ кои ти ги немаше, во реалноста, пред давањето на Тора.

Писанието завршува со: „Затоа избери живот, за да живееш ти и твоето потомство.“ Овде навидум има повторена изјава: „Избери живот, за да живееш.“ Сепак, тоа се однесува на животот во одржувањето на Тора и Мицвот, што значи вистински живот. Но, живот без Тора и Мицвот е потежок од смрт. Ова е значењето на зборовите на нашите мудреци: „Злобните во нивните животи се нарекуваат мртви.“ Писанијата велат: „Да живееш ти и твоето поколение.“ Тоа значи дека животот без Тора, не само што е без радост за поединецот, туку тој не може ниту други да насладува. Поедиенцот не може да најде задоволство ниту во животот на неговото потомство, бидејќи животот на неговот потомство е исто така потежок од смрт. Така, каков дар тој им остава на нив? Но, оној кој живее со Тора и Мицвот не само што ужива во својот живот, туку тој е среќен кога има деца, затоа што ним им го остава овој добар живот. Ова е значењето на: „Да можеш да живееш ти и твоето поколение,“ бидејќи тој се здобива со дополнително задоволство од животот на своето поколение.

4) Сега ние можеме да ги разбереме зборовите на нашите мудреци околу стихот: „Затоа избери живот.“ Тој изјавува: „Јас те насочувам да го избереш оној дел на животот, како некој кој му вели на својот син: Избери за себе  добар дел од мојата земја.“ Тој го води на добриот дел и му вели: „избери го ова за себе.“ За сето ова е запишано, „Господе, делот од моето наследство и моето изобилство, Ти ги одржа. Ти ја стави мојата рака на добрата судбина, и рече: „ова земи го за себе.“

Зборовите се навидум збунувачки. Стихот вели: „Затоа избери живот.“ Ова значи дека поединецот сам го прави изборот. Но, тие велата дека Тој го води на добрата страна. Така, дали тука има избор? Тие велат дека Создателот ја става Неговата рака на добрата судбина. Ова е навидум збунувачки, бидејќи доколку е така, каде е тогаш изборот? Сега може да го разбереш вистинското значење на овие зборови. Вистина е дека Созателот ја става Неговата рака на добрата судбина, со тоа што му дава живот, полн со задоволство во телесниот живот, кој е полн со страдања и болка, и лишен од задоволство. Поедиенцот неопходно се одделува и бега од страдањата, кога тој здогледува мирно место, дури и ако тоа навидум го гледа од пукнатина. Тој бега од овој живот, кој е потежок од смрт. Нечиј избор е во однос само на зајакнувањето. Ова е така затоа што таму има многу работа и труд пред некој да си го прочисти телото за да биде во можност правилно да одржува Тора и Мицвот, не за негово сопствено задоволство, туку да Му донесе задоволство на Создателот, што се нарекува Лишма (за Нејзино Име). Само на овој начин на некому се доделува живот, полн со среќа и пријатност, кој доаѓа од одржувањето на Тора. Но, пред некој да дојде до тоа прочистување, постои избор да се зајакне во однос на добриот пат со сите можни средства и тактики. Исто така, поединецот треба да прави сè, за што има сила, сè додека не ја заврши работата околу прочистувањето и да не попушти под товарот на половина пат.

5) Според гореспоменатото, ти ќе ги разбереш зборовите на нашите мудреци во Месехет Авот: „Таков е патот на Тора: јади леб и сол, пиј малку вода, спиј на земја, води тажен живот и работи со Тора. Ако сториш така, ќе бидеш среќен; среќен во овој свет и среќен во следниот свет.“ Ние мораме да се запрашаме: Како може мудроста на Тора да е поинаква од другите учења во светот, кои не го бараат овој аскетизам и тажен живот, туку самиот труд е доволен за да се стекнеме со тие учења? Дури и да работиме постојано со Тора, тоа сепак не е доволно да се стекнеме со мудроста на Тора, освен преку испоснување со леб и сол и тажен живот. Крајот на зборовите е уште поизненадувачки, бидејќи тие гласат: „Ако го правиш тоа, ќе бидеш среќен во овој свет и во следниот свет.“ Тоа е поради мислењето дека е можно да бидам среќен во следниот свет. Но во овој свет, додека се измачувам себеси со водење на тажен живот, дали за таков живот може да се рече „среќен во овој свет?“ Дали е ова значењето на среќен живот во овој свет?

6) Погоре е објаснето дека правилното вклучување во Тора и Мицвот, според строгите услови, е да се дава задоволство на својот Создател, а не да се живее за свое сопствено задоволство. Ова е невозможно да се постигне, освен преку многу труд и работа во однос на прочистувањето на телото. Првата тактика е да се навикнеме да не примаме за свое задоволство, дури и дозволените неопходни работи за постоење на телото, како јадење, пиење, спиење и други неопходности. Така, поедиенцот целосно ќе се оддели од секое задоволство, кое доаѓа до него, дури и неопходностите, во исполнувањето на своето одржување, сè додека животот му стане тажен во буквално значење. Откако некој ќе се навикне на тоа, и неговот тело не поседува желба да прима за себе, сега за него е возможно да се вклучи во Тора и Мицвот, со цел да дава задоволство на Создателот, а воопшто не за свое задоволство. Кога некој се стекнува со тоа, тој се наградува со вкусување на среќниот живот, полн со добрина и задоволство без нималку срам и тага, кои се појавуваат при практикувањето на Тора и Мицвот за Лишма (за Светоста). Тоа е како што рекол Раби Меир: „Вкуси и види дека Гспод е добар.“ Оној кој ги вкусил Тора и Мицвот за Лишма е обдарен со гледање на намерата на самото Создавање, кое е да прави добро на Неговите суштества, бидејќи тоа е спроведувањето на Доброто кое прави добро. Тогаш тој се радува и се воодушевува на годините кои ги живее и кои Создателот му ги дал. Тогаш целиот свет за него е наградувачки.

7) Сега можеш да ги разбереш двете страни, на паричката, во однос на вклучувањето во Тора и Мицвот. Од една страна, тоа е патот на Тора, што значи силната подготовка, која некој мора да ја направи, за да го подготви прочистувањето на своето тело, пред да биде награден со одржување на Тора и Мицвот. Во таа состојба, тој неопходно се вклучува во Тора и Мивот со ло Лишма (не за Нејзино Име), измешана со задоволство само за себе. Ова е затоа што тој сè уште не го прочистил телото од желбата да прима задоволство од суетите од овој свет. Во тој период, поединецот треба да води тажен живот и да работи во Тора, како што е запишано во Мишна. Но, кога некој го завршил патот на Тора, и веќе го прочистил своето тело, тогаш е спремен да одржува Тора и Мицвот за Лишма т.е да му носи задоволство на својот Создател. Тој доаѓа до другата страна на паричката. Тоа е животот на задоволство и спокојство, за кој е намерата на Создавањето – „Да прави добро на Неговите суштества“, што значи најсреќниот живот во овој свет и во следниот.

8) Ова ја објаснува големата разлика  помеѓу мудроста на Тора и остатокот од светските учења: според другите учења во светот, нема корист за животот во овој свет. Тие немаат благодарност кон маќите и страдањата кои некој ги искусува во овој живот. Така, поедиенцот не треба да го поправа телото, туку трудот кој го вложува во тоа е сосема доволен, како и што е случајот со другите световни поседи каде што се здобиваме со нешто за ворзврат на нашиот труд и работа. Но, целта во вклучувањето во Тора и Мицвот е да го направи поединецот достоен за примање на целото добро, кое е во намерата на Создавањето, „Да прави добро на Неговите суштества.“ Така,  поедиенцот треба неопходно да го прочисти своето тело, да ја заслужи таа Божествена добрина.

9) Ова темелно ги објаснува зборовите од Мишна: „Ако направиш така ти ќе бидеш среќен во овој свет.“ Тие намерно биле толку прецизни, за да укажат дека среќен живот во овој свет е само за тие оние го завршиле патот на Тора. Така, умртвувањето во однос на јадењето, пиењето, спиењето и тажниот живот, кои се споменати, се однесуваат само додека сме на патот на Тора. Затоа тие прцизно изјавуваат: „Таков е патото на Тора.“ И кога поединецот ќе го заврши овој пат на ло Лишма со тажен живот и умртвување, Мишна завршува: “... Среќен си ти во овој свет.“ Ова е затоа што ќе ти биде доделена таа среќа и добрина која е во намерата на Создавањето, и целиот свет за тебе ќе биде наградувачки, дури и овој свет, но уште повеќе во следниот свет.

10) Зохар (Берешет стр.31б) пишува за стихот, „и Господ рече“ : „Нека има Светлина, и имаше Светлина,.“ Имаше Светлина во овој свет и имаше Светлина во следниот свет. Ова значи дека чиновите на создавање биле создадени во целосна структура и форма, што значи со целата нивна слава и совршенство. Светлината, која била создадена првиот ден, излегла во целата нејзина совршеност, што го содржи и животот на овој свет, во крајна пријатност и нежност, како што е изразено со зборовите: „Нека има Светлина.“ Но, за да се припреми место за работа и избор, Тој застанал и тоа го притаил за праведните, за на крајот на деновите, како што рекле нашите мудреци. Така, тие рекле: „Нека има Светлина во овој свет.“ Но, тоа не останало така, туку, нека има Светлина за следниот свет.“ Со други зборови, тие кои применуваат Тора и Мицвот во Лишма, со тоа се наградени само на крајот, после завршувањето на прочистувањето на нивното тело по патот на Тора. Тогаш тие се наградени со големата Светлина во овој свет, како што рекле нашите мудреци: „Ти ќе го видиш твојот свет додека си жив.“

                                                                                                                                                                                      Продолжува: 11 - 20

 

Кабалистичка библиотека

Достигнување на Вишите Светови

so matica

Сподели