Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

5 работи што треба да ги знаете за Зохар

1) Што е Зохар?

Зохар е збирка на коментари и толкување на Тора, наменета за луѓе кои имаат достигнато одреден духовен степен на коренот (потеклото) на нивните души.

Зохар ги содржи сите духовни состојби, кои луѓето ги искусиле при процесот на развитокот на нивните души. На крајот од процесот, душите го достигнуваат она што кабалистите го нарекуваат „крај на поправката", највисоко ниво на духовната целина.

Оние кои немаат духовно достигнување, Зохар го читаат како збирка алегории и легенди кои можат да се толкуваат различно и погрешно од страна на читателот. Но, за оние со духовно достигнување, односно за кабалистите, Зохар е практичен водач за внатрешните акции кои ги изведуваат, со цел да откријат подлабоки, повисоки состојби на согледување и сензации.

Толкувањата и објаснувањата на Д-р Михаел Лајтман служат токму за таа цел - правилно да се разбере и да се изведуваат внатрешни акции кои ќе доведат до повисоки духовни согледувања.

Пријави се за бесплатен кабала курс кај Бнеј Барух -Институт за образование

 

2) За кого е наменет Зохар?

heb-booksЗохар содржи описи на Раби Шимон Бар Јохаи (Рашби), кој ги достигнал сите 125 скалила на духовната скала. Рашби го изразил севкупниот духовен пат и го нарекол Зохар - Сјај, Блесок. Така Зохар е наменет за секој оној кој сака да го достигне коренот на својата душа, поминувајќи по духовната скалила на духовната скала. Пред да се студира Зохар, потребно е да се поминат други текстови кои подучуваат како правилно да се разбере текстот и неговата правилна примена.
 

3) Кој го пишувал Зохар и Кога ?

rashbi Според сите кабалисти,како што пишува на почетокот на самата книга, Зохар бил напишан од Раби Шимон Бар Јохаи (Рашби), кој живеел во 2-ри и 3-ти век од христијанската ера. Постојат мислења во образовните кругови кои изјавуваат, дека Зохар бил напишан во 11-тиот век од страна на кабалистот Рабин Моше де Леон. Ова мислење било отфрлено од самиот Рабин Моше де Леон, кој рекол дека книгата ја напишал Рашби. Во кабалистичкиот пристап, зошто Зохар бил напишан, се разгледува далеку поважно прашањето за кого всушност е напишан. Целта на Зохар е да биде водич, на луѓето кои сакаат да го достигнат потеклото на нивните души.
 

4) Зошто Зохар бил скриен толку долго ?

idra rabaВо вториот век, во пештерата Идра Раба се сокриле кабалисти кои го напишале Зохар. Зохар бил чуван 900 години во тајност, помеѓу вториот и 11-тиот век, затоа што оние кои ја поседувале неговата мудрост знаеле дека во тоа време на луѓето не им е потребен, и ќе се разбере погрешно неговата содржина. Во 16-тиот век се појавил кабалист кој ги објаснил основите на кабалата.Тоа бил Светиот Ари, Рабинот Исак Луриа (1534-1572). Ари изјавил, дека од негово време, па натаму, мудроста кабала е подготвена да биде отворена за секого.
 

5) Каде да дознаам повеќе за Зохар ?

Дури и денес, Зохар не може да се сфати и почувствува непосредно, туку бара подготовка во духовноста, пред да се пристапи на книгата. Најголемиот кабалист на нашето време - Раби Јехуда Ашлаг (Баал ХаСулам), напишал „Вовед во Книгата Зохар“, за прецизно да води кон подготовка, кон оваа длабока книга, пред да се студира.

Ваквите написи се занимаваат со духовните квалитети за согледување на Вишата реалност. Покрај тоа, овие текстови ни даваат знаење за тоа како да им пријдеме на некои термини, фрази, и концепти во Зохар, да се зголеми неговото користење како водач за духовно остварување, избегнувајќи изгубеност во материјализирани претстави, бидејќи човечкиот ум е наклонет кон давање облик.

Бнеи Барух не само што ни ги овозможува овие воведи, туку со бесплатни лекции за нив, како и со пократки статии кои ги опишуваат концептите на Зохар, не упатува како да се подготвиме за средба со овие концепти.

Откривањето на Зохар значи, откривање на вашиот внатрешен свет и вашиот неограничен потенцијал. Бнеи Барух ви посакува успех во вашиот  духовен напредок!

Разоткривање на книгата “Зохар“
Неделни лекции со коментари и одговори од Др.Михаел Лајтман за книгата Зохар

Студии за вовед во Зохар
Бесплатни Кабалистички автентични текстови и видео лекции за воведување во Зохар

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica