2010.11.08
Добар ден драги пријатели. Мене ми е многу драго што со вас го одржувам овој виртуелен час. Јас ве гледам овде вас на екраните. Нашиот другар од Њу Јорк, Московската група, Киевската група, другите групи и голем поздрав до сите.
Ние со вас поминавме многу материјал, така неприметливо, секојдневно по еден час поминувавме многу материјал и основните статии од книгата „Шамати“, вовед во науката Кабала, основните статии на Баал ХаСулам, премиерни и основни статии од Рабаш. Некако ја опфативме науката кабала. Секако дека може да се навлегува длабоко во неа уште многу, може да се проучува доволно долг материјал. Поминавме, и да се повторува сега јас мислам дека би било безсмислено.
Ние, во нашата општа светска постојана група ја изучуваме науката кабала секојдневно, по три часа, во нашите систематски часови. Постепено доаѓаме до разоткривање на Книгата Зохар. Јас мислам дека следната наша етапа би била изучување на Книгата Зохар.
Искрено да ви кажам не знам како сето тоа би се одвивало. Овој експеримент со вас, не гледаќи на денешната лекција која ја имаме со целиот свет виртуелно на руски јазик. Луѓе толку далеку од духот на оваа книга. Нема да биде ни малку лесно, но сепак вреди да се проба.
Затоа што, книгата Зохар, кога почнуваш да ја проучуваш таа го прави човека, на друг начин да ги восприма податоците, на друг начин да мисли. На друг начин да го чувствува светот, на друг начин да донесува решенија. Таа на некој начин го лепи човекот од внатре, соодветно со светот во кој што тој треба да влезе. Исто како клучот што треба да се совпаѓа со бравата. Инаку ако не се совпаѓа клучот, нема да може да влезе и да се отклучи бравата.
Така и ние за да влеземе во возвишениот свет, треба да сме со сите наши својства, чуства, параметри. Мора да примиме таква форма која ќе одговара за првите скалила на возвишениот свет. Така ние ќе почниме неа да ја чувствуваме. Затоа што и сега ние со вас се наоѓаме во возвишен свет. Ама не можеме да го почувствуваме, затоа што ние немаме во овој момент воспримање кон овој степен, кон тој свет, кон оваа област. Не можеме да го почувствуваме, не можеме да го восприемиме, немаме чувствителност.
Како што имаме сега овде можност да ги почуствуваме сите радио бранови, космички случувања. Секакви други се случуваат околу нас, но ние не можеме да ги почувствуваме. Така и овој возвишен свет.
Затоа ние внатре во себе треба да создадеме соодветни на неа сензори, органи на воспримање. “Зохар“ не ни допира во нашиот земјен свет. Ние ќе се однесуваме кон него како и порано, но тој во нас почнува да создава дополнителен орган, орган за духово чуствување. Така тој постепено, тоа во нас го лепи. Ние тоа со вас ќе почнеме да го чувствуваме од самоит момент кога ќе почниме да се приближуваме. Тоа зависи колку вие ќе бидете оддадени на него при лепењето.
Затоа што човекот може да слуша, но да не чувствува. Или може да чувствува, но да не посакува. Тоа се случува во него. Тој може да посакува тоа да се случува во него, но некако постојано од страна да надгледува што со него се случува. Овде е препорачливо да се учевствува на сопствена промена. Јас би рекол создавање на ново сетило, дополнително, духовно. Истовремено со силата на Светлината, силата на книгата “Зохар“.
Таа и затоа се вика “Сјаење“ во превод. Зохар значи Сјаење. Затоа што ова е Светлина која што создава во нас. Ние ќе почниме постепено ова сјаење да го чувствуваме, кое нè исполнува. Кругот околу нас е целосен обем во кој се сите светови во тој случај. Нашиот свет и ние со вас, и сето тоа постои овде. Само нам ни треба со помош на оваа книга да се концентрираме на чувствување на целиот тој обем. Ние ќе ги видиме со вас световите, сè што во нив се случува и нашиов нај мал, најситен свет.
Од друга страна кога во него се наоѓаме ние имаме шанса да влијаеме на возвишените светови. Ако разбереме како тоа да го правиме и на тој начин ќе ја менуваме и нашата судбина, судбината на целиот свет. Движејќи го сето тоа на подобро, за да сјаењето нè исполни сите нас.
Книгата Зохар.
Јас овде пишував за воведот на книгата. Ако ја отвориме книгата “Зохар“ на руски јазик, самиот текст започнува на 210 страница. Затоа што мене ми беа потребни околу 200 страници како предраскажување на книгата. Книгата е толку посебна работата во тоа, што самата е необична од сите други книги во историјата на човештвото.
Кабалистички, мистични, научни, историски, љубовни. Не е важно какви се сите тие. Сè што човештвото создало, го опишувааат нашиот свет, или фантазијата на човекот за возвишениот свет. Дури и возвишениот свет како сериозни кабалистчки творби, како на пример книгата "Дрво на животот".
Тогаш книгата Зохар навистина е посебна. Таа се користи со голема претпазливост и внимание од страна на целото човештво. Кој слушнал за неа, книгата Зохар ја поврзуваат со науката кабала. Во што е работата? Работата е во тоа што начинот на кој е напишана е многу посебен. Ова е многу планска книга. Таа го зема човекот од нашиот свет, разкажува некакви бајки, раскази. Понекогаш некои такви, подобро осмислени, понекогаш пореални. Но секогаш сите ја имаат истата цел.
Таа го повлекува човека, го трга кон себе си, во духовниот свет. При тоа повлекувајќи го човекот кон себе си, таа му го трасира патот. Таа оди напред, а човекот внимателно ја следи до возвишениот свет. Но секако од нас се бара тука желба, согласување, определена чувствителност. Да се трудиш, да ја разбереш оваа книга која е напишана пред повеќе од 2000 години. Да се потрудиш да ги разбереш луѓето кои ја напишале оваа книга. Во принцип тоа се полу богови.Тоа се луѓе кои се наоѓале на ниво на Создателот. Зошто оваа книга е толку посебна?
Затоа што сите десет кабалисти кои се собрале за да ја напишат, се наоѓале во посебна пештера, во посебно место, посебно време. Тие ги претставувале со нивните внатрешни својства десетте сефирот, како десетте тули на создаденото. За таа цел светот е создаден. За нив тоа претставувало триаголно својство. Затоа од нив, кои биле собрани заедно, е создадена таква величествена книга. Не гледајќи на тоа што тие се наоѓале во потполна исправност, во полно обединение со Возвишениот свет и Создателот.
Кај нив, покрај ова имале можност, способност, да се спуштат на наше ниво и да му објаснуваат на човекот во нашиот свет. Да му раскажуваат за такви поими кои што се неразбирливи. За да го вовлекуваат во состојба како да си играат со дете, додека тој го слуша, на него влијае возвишениот свет, постепено. Скала по скала, тргајќи го кон чувствување на Возвишениот свет. Тоа чудесно својство на текстот, тоа е просто зачудувачки. Луѓето кои почнуваат да ја читаат оваа книга, тие не можат повеќе од неа да се отргнат. Тие можат повеќе пати да ја прочитаат, по 24 часа дневно, по седум дена во неделата, 365 дена во годината, или цел живот. Таа е толку повеќеслојна, повеќе планска, разнострана и го опишува целиот наш свет, целата наша дејност. Таа никоаш не здосадува. Таа постојано ги обновува во тебе твоите претходни впечатоци.
Работејќи на Хебрејскиот текст, кој е и оригинален текст, во книгата Зохар, иако таа е напишана на двата говорни јазика кои се користеле во древниот Вавилон, а тоа биле Хебрејски и Ермејски, јас се разоткривам себе си. Како да сум наркоман кој не може да се одели од оваа книга, и не концентрирајќи се на другите обврски, кои се сите поврзани како што вие сите добро знаете со ширењето на кабала. Не гледајќи на тоа, јас сум нафрлен на некаков елексир, на некоја зависност која не ме остава рамнодушен. Како некој пушач што едвај чека шанса да запали цигара, како алкохоличар на кому му треба чашка алкохол.
Така се чуствува човек кога ја добива таа неопходна голтка или капка вода, која ја добиваш од оваа книга. Моите ученици веќе кажуваат дека не можат да се отргнат од неа. Затоа што оваа книга те менува на тој начин што почнува да ти недостига промената што ти со неа ја достигнуваш.
Се надевам дека вие нема да им одолеете на првите, ни малку лесни етапи во воведот на оваа книга. Треба да се почувствува нејзиниот стил, нејзината заплетканост, некој недостаток, што вие треба да ја дополните неподреденоста што оваа книга ја има. И сето тоа е со цел за да нам ни даде заеднички заклучок, дека не постои разлика помеѓу тоа што ова е матрејален свет, или духовен свет. Дали тоа е Создателот, или тоа сме ние. Како и да е, сето ова е во еден обем. И сè се наоѓа во областа на твоите достигнувања, чувствувања и разбирања. Сè е отворено пред тебе.
Книгата нам ни открива така што ние постепено ја разоткриваме целата слика за светот. Чекор по чекор, взаемно, поврзано. Ноеопходно е да се разбере оваа група на луѓе, кои ја напишале книгата Зохар. Тие биле следбеници на тие посебни личности, кои заминале од древниот Вавилон, кои сакале да се занимаваат со исправување на својата душа. Сите останати од древниот Вавилон се разминале на други страни. Денес го претставуваат целото човештво. А таа група на луѓе создадени од Аврам, од своите вавилонци, се викала Израел. Составен од зборовите ИЗРА - ЕЛ (Директно кон Бога). Нивната општина се викала Собрание Израел.
Да разбереме дека книгата е напишана за тие кои сакаат да се присоединат кон оваа група, која што и сега постои и се наоѓа тука околу нас. Извишени души, кои што нам ни ја предале својата пратка, на начин на кој ние можеме да ја разбериме. На таков начин тие сакаат нас да нè разоткријат, како и ние нив. Книгата претставува еден вид на адаптер, спојка меѓу нив и нас, а преку нив, ние веќе ќе поминеме низ сè друго. Ние треба да разбереме кој нам ни зборува.Тоа Собрание на извишени души, кои ги преставуваат во себе сите својства на Создавањето.
Разделени на 10 дела, на тие 10 души. Затоа тие можеле да создадат ваква книга. Обраќајќи се на нас, ако им се довериме, тие нè вовлекуваат во возвишениот свет.
Јас со вас ќе го читам само оригиналниот текст од “Зохар“, без да ги разгледуваме моите коментари на книгата Зохар, кои се напишани на руски.Тоа нема смисла, затоа што би требало да застануваме на секоја точка од книгата Зохар.
Но вие ќе го имате текстот, кој што ќе можете сами да го читате. Напоменувам дека има и таква книга на англиски. Тој е истиот превод од руски на англиски, кој може да го користите. Книгата Зохар ни зборува за духовниот свет. Највисоките нивоа до самиот Создател и до најниските нивоа, до нас.
Книгата Зохар произлегува од секој од 10-те кабалисти. Раби Шимон Бар Јохаи, наречен Рашби, кој бил и нивни учител, кој бил на највисоко ниво Кетер, највисокиот сефир.
Сите други ученици ги претставувале пониските сефирот, нивоа, 9 сефирот: Хохма, Бина, Хесед, Гвура, Тиферет, Нецах, Ход, Јесод, Малхут.
Раби Хизкија ни разоткрил некој дел од светот. За него ни раскажува и објаснува преку неговата душа и на тој начин ни се обраќа. Друг кабалист преку својата душа, како и третиот. И сите други, секој преку својата душа, и формираат општ впечаток и правилно формирање на нашата душа. За да се формира нешто треба да имаш сила од страна, за да притискаат, истегнуваат, да доведат до правилна форма на душата, тоа е нивниот резултат. Раби Хизкија го открил патот до Светлината, која дејствува во нас.
“Како Роза среде трње“. Што значи Роза? “Роза“ е собранието на Израел, Малхут. Собрание - души кои се собираат заедно сконцентрирани кон Создателот, наречен Израел.
Сите тие заедно преставуваат Малхут, најниското ниво, од сите 10 сефирот. Тоа Собрание се нарекува “Роза“. Зошто? Затоа што тој дава алегорија. Како во нашиот свет розата, на таков начин е создадена.Така и овие души кои се собираат заедно и се стремат кон воздигнување кон Создателот, сочинуваат таква заедничка градба.
Затоа што има два вида на рози, два различни квалитета. Како Роза среде трње, има во неа црвена и бела боја. Две својства на трњето, така и собранието Израел, тие кои што сакаат да се воздигнат до Создателот и Малхут. Има во него, во тоа собрание закон, ограничување и милосрдие, две спротиставени својства. Како што розата има 13 листови, во своето основање, така собранието Израел се состои од 13 видови на милосрдие.
Опкружувајќи го од сите страни т.е душите кои се собираат меѓу себе, образуваат меѓу себе собрание. За да можат да се воздигнат нагоре тие се собираат заедно, формираат група која може да се издигне нагоре кон Создателот. Кога тие се собираат заедно сознаваат, откриваат трње, кое најпрво ги заштитува нив од страните.
За да се собераат заедно тие треба да го надминат ова трње, двострано.Ова трње е направено за да човекот се пробие низ него. Треба силно да се потруди, да ги надмине овие препреки. Од друга страна кога тој ги поминува овие препреки, тој веќе подпаѓа под нивна заштита, на трњето. Во друг пример би биле како стражари, кои од една страна не те пуштаат да влезеш, а од друга страна кога ќе влезеш тие те штитат од тие кои не се во него.
Таков е случајот и со 13 листови на Розата. Кога се собираат заедно овие души, за да се воздигнат до Создателот, тие чуствуваат дека се опкружени од 13 својства на Милосрдието. Ги подржуваат нив. Почнуваат нив да им помагаат и да ги подготвуваат за воздигнувањето, опкружувајќи ги од сите страни, од страна на сите својства лоши, добри. Не е важно какви се,тие од сите страни.Ја чувствуваат подржката на Милосрдието, Елоким.Тоа е својство на Создателот кое се однесува на душата, гледано од точката на законот.
Рекол прво: “Создал Елоким прво, најпрво кога размислил, тоа била негова замисла, план на создавање“. И создал 13 зборови, тие 13 листови,13 својства, кои ги опкружуваат луѓето, кои сакаат да се воздигнат кон Создателот. Тие потпаѓаат под заткрила на Создателот и овие својства кои опкружуваат. Тие се дадени во првите зборови на “Тора“.
Кажано е дека најпрвин Создателот го создал небото и земјата. Земјата била пуста и хаотична и темнина на површината над бездната и дух.Овие 13 зборови вклучуваат во себе 13 својства, кои од една страна го чуваат тоа место каде што се собираат душите кои сакаат да се воздигнат кон Создателот.
Тоа е посебно место каде што не можат сите да влезат. Можат само оние кои ги поминале сите тие препреки, а од друга страна кога веќе ја поминуваат таа препрека и веќе се внатре. Тоа спротиставување кое претходно не ги пуштало внатре, сега станува нивни сојузник. Тие стануваат нивна подршка. Наместо ограничување и строгост ти добиваш Милосрдие. Раби Хизкија сето ова го кажал во првиот дел, тој е еден од 10те автори на книгата Зохар.
Лекција бр.2 - “Пупките на цветовите“