Слушнав на 5-иот ден од неделата Ваера, 6-ти Ноември 1952 год.
Со разумот мора да се работи исто како што се работи со вербата. Тоа значи дека ако човекот е мрзлив во работата со вербата, тој паѓа во состојба кога посакува само знаење, а тое е нечиста сила (клипа) против светата Шхина.
Затоа работата се состои во тоа да се зајакнеш во постојаното обновување на разумот. Исто е во работата со срцето: ако човекот чувствува дека е мрзлив, тогаш мора да ја зајакне работата со срцето и да извршува обратни, спротивни дејства, т.е. да воведе ограничувања кон своето тело, спротивно на неговата желба за насладување.
Разликата на мрзливоста при работата со умот и срцето е во тоа што постои злобна клипа против разумот, која има моќ да го доведе човека до потполно разочарување, кога ќе изгуби верба во принципите. Затоа мора да се спротивстави, т.е. да го обновува својот разум признавајќи ги претходните грешки и да жали за тоа, но исто така да презема обврски за во иднина. Средства за тоа може да се добијат од неживото ниво.
Исполнувањето на човекот со верба е постојана и вечна состојба, и затоа секогаш може да се користи како мерка: дали е чиста неговата работа или не. Бидејќи Шхина се крие и ја снемува од човекот само поради нарушувањето во разумот или срцето.
Следна статија бр. 50 „Две состојби“