Прашање: Дали раѓањето на следното ниво треба да се случува само навечер или ноќе?
Одговор: Правилното соединување на мажот и жената се случува во состојбата „ноќ“. Тоа е духовна а не физичка состојба бидејќи кога тие не го гледаат следното ниво, нивните дејства се стриктно алтруистички и насочени само кон давање, без каква било поврзаност со себе. Јас не гледам ништо пред мене, јас само давам. Токму тоа е „ноќ“.
Реплика: Како сѐ е деформирано во нашиот свет!
Одговор: Не. Ние треба да научиме да ја гледаме преку материјалните дејства нивната внатрешна смисла, тогаш тие многу едноставно се дешифрираат.
Прашање: Дали мора желбата на жената во нашиот свет секогаш да биде насочена кон раѓање на следното ниво?
Одговор: Ние не зборуваме за нашиот свет. Целиот овој свет се наоѓа под егоистичката желба и во него нема ништо што е насочено кон духовни дејства и поправки. Нашиот свет е нашиот свет, а ние зборуваме за духовните дејства кои се насочени само кон давање, кон извршување на законот „сакај го ближниот како себеси“ – во тоа се содржи целата Тора. Затоа сите дејства мора на некој начин да го реализираат тој единствен закон. Каква врска тоа има со самонасладувањето кое мажот и жената го добиваат еден од друг во нашиот свет? Едно со друго нема никаква врска. Тоа е обично физиолошко функционирање, исто како што се сонот, храната и т.н. А тука се зборува за духовни дејства со твоите желби кои се наоѓаат внатре во тебе. Откривајќи го огромниот систем на заемната поврзаност на душите ти ги насочуваш тие желби кон давање, кон љубов, бидејќи веќе се наоѓаш во контакт со тие души и токму ним им ги предаваш своите дејства. Затоа нашите физиолошки односи кои потекнуваат од животинско ниво немаат никаква врска со ова.
Реплика: Но Вие цело време велите дека со постигнување на вишата состојба – соединувањето на машката желба да се биде проводник на Светлината и женската желба да се прими Светлината и да се роди следно ниво – може веќе да се гледа на нашиот свет и да се сфати што во него се случува.
Одговор: Во нашиот свет сѐ се случува аналогно на духовниот свет, само во чисто егоистичката желба. А дејствата во принцип се слични на духовните дејства но само во материјата а не во духот, каде што сите тие се насочени кон давање.
Од ТВ емисијата „Тајните на вечната Книга“, 05.09.2014
Проширувајќи го разумот и чувствата
Прашање: Како мелодиите од духовните светови можат да структурираат и да им помагаат на учениците кои одамна ја изучуваат методиката на постигнување на вишите светови?
Одговор: Од време на време враќајќи се кон тие мелодии тие постојано наоѓаат во нив нови длабочини. Работата е во тоа што луѓето кои ја изучуваат методиката на Баал ХаСулам го сметаат него за свој Учител (со голема буква). Тие влегуваат во светот кој тој го открил и го открива за нив како Учител и ги води по него. Тие одат по него изучувајќи ги неговите статии, писма, делата од повеќе томови, како „Учението на Десетте Сефирот“. Професорот Капица ја спореди оваа книга со десетте томови од класичната физика на Ландау-Лифшиц. Во разговорот со мене тој рече дека тоа претставува основа на целата духовна физика. Освен тоа Баал ХаСулам има најсериозно дело – „Коментар за Книгата Зохар“ која пред него во текот на 2000 години не можел да ја совлада ниту еден голем духовен учител. Тоа е многу интересно знаење кое во себе содржи во посебна неверојатна форма соединетост на чувствата и разумот, кога со разум мора да ги проверуваш чувствата а со помош на чувствата го прошируваш разумот кој ти помага повторно да ги проверуваш и да ги разјаснуваш твоите чувства.
Така ти работиш во двете линии: со помош на линијата на чувствата го прошируваш својот разум, со помош на разумот осознаваш какви нови чувства се создаваат во тебе. Двете линии станувајќи една ти помагаат да почнеш да го чувствуваш Вишото управување. Затоа учениците на Баал ХаСулам кои во себе создаваат нова перцепција, инструмент на вишото управување – шестиот сетилен орган поинаку ги чувствуваат тие мелодии. Тие си свират на своите веќе развиени чувства, со помош на разумот и ги осознаваат во разумот со помош на новите чувства. Навидум едноставната музика на духовните светови ги крева во човекот длабочинските слоеви на неговите нови виши чувствувања и спознавања. Таа на чудесен начин ги има во себе и разумот и чувствата.
Од ТВ емисијата „Беседи со Михаел Лајтман“, 05.09.2014