Како да го откриеме Создателот? Всушност токму во тоа се состои целта на создавањето на световите, целото човештво, целата наша долга историја во која ние не сфаќаме од каде и каде одиме, што се случува со нас секоја минута. Така ние се развиваме без да разбираме и без да знаеме во што е причината на секој настан. Но ние ќе ја достигнеме точка на развој, од која можеме да почнеме да ја откриваме причината и суштината на сето она што се случува со нас. Низ реалноста која стои пред нас ние можеме да откриеме кој неа ја активира. Со други зборови јас постојам во светот. Тоа значи дека јас се чувствувам себеси како постојам во тело. Јас имам чувства и разум и во нив го чувствувам своето постоење и во нив ја воспримам реалноста во која се наоѓам. Таа реалност постои и се менува. Излегува дека постојам јас и опкружувањето. Опкружувањето содржи во себе сѐ што јас можам да воспримам во моите сетилни органи.
Кабалистите велат дека постои сеопфатна сила која стои зад сета оваа реалност – внатре и надвор, некоја сила која продира насекаде и извршува дејства – надвор од мене и во мене. Ако е така тогаш пред сѐ јас мора да распознаам некоја основна точка од која ќе определувам што се менува надвор, што се менува внатре и од таа точка јас ќе почнам да ги распознавам тие промени. Таа внатрешна точка – е моето Јас и во неа постои само една особина на воспримање – „јас сум чувствителен“. Сега ми е дадена вежба: постојана, непрекината во текот на целиот мој живот. Како преку сѐ што се менува во мене и околу мене, во моите чувства и разумот и во тоа како јас во своите внатрешни промени ги воспримам надворешните промени, како преку сѐ што се случува во мене и надвор од мене јас откривам скриена сила, нематеријална желба која ги извршува сит тие дејства, сите тие промени. Таа сила цело време ме задржува во некоја состојба, ги менува тие состојби и постојано ги менува околните услови. Ако бидам чувствителен и внимателен трудејќи се да ја зачувам способноста да анализирам, проверувам, да ја распознавам таа сила, тогаш постепено ќе почнам да ја распознавам преку сѐ што се случува во мене и однадвор. Од тоа ќе почнам да ја разбирам и чувствувам до тој степен што нема да ги критикувам своите внатрешни и надворешни промени, туку ќе ја видам причината – силата која ги реализира тие дејства. Јас ќе знам зошто таа тоа го прави, со каква цел, што таа очекува од тоа, како таа цело време ме учи сѐ повеќе да ја чувствувам, разбирам, откривам до тој степен што јас ќе го отфрлам сето надворешно – односно себеси и опкружувањето и ќе видам дека јас (таа внатрешна точка од која цело време се обидував да ја откријам оваа сила) и самата сила се споени воедно. И не постои оваа надворешна реалност, не постои моето тело, моите чувства и разум, не постои опкружување со целиот негов хаос, не постои светот исполнет со луѓе. Сето тоа исчезнува и останува само поврзаноста меѓу мене и оваа сила. А сѐ што се случувало меѓу нас било само за да се развие нашата директна поврзаност, соединување кое се нарекува спојување. Тоа е нашата работа. А за неа ние мора да излегуваме во широките народни маси, да се соединуваме со групата, да учиме, да учествуваме во различни активности. Сето тоа со цел на крајот да се доведеме себеси кон таква духовна работа кога ние постојано се трудиме да ја откриеме оваа внатрешна сила која управува со сѐ и сѐ определува.
Од 4-та лекција на конгресот во Њу Џерси, 08.08.2014
Духовно задоволство во физичко дејство
Прашање: Дали можеме да научиме да го откриваме Создателот преку материјалните задоволства?
Одговор: Зависно од тоа што се подразбира под материјални задоволства: задоволства заради себе или оние што се преслечени во физичко дејство од нашиот свет. Ако задоволството е преслечено во физичко дејство од нашиот свет, тогаш во него можеме да го откриеме Создателот, а ако тоа е насочено заради себе, тогаш не можеме. Секое дејство „заради себе“ се нарекува материјално, а „од себе“ – духовно. Кога ние меѓусебно се соединуваме до целосно спојување, ние буквално чувствуваме во материјата таква нејзина состојба во која се открива Создателот. Но тоа е само под услов дека ние ја користиме за наше сплотување над личните стремежи и желби. Сѐ друго прави Светлината, нема потреба околу тоа да се грижиме – тоа само го збунува човекот.
Потребно е да се изучуваат статиите на Рабаш и Баал ХаСулам кои се малку прошарани со информации за условите на духовната работа и да се потрудиме да не остстапуваме од нив. Тие мора да станат базични услови кои неопходно мора постојано да се почитуваат и при соочување со нив да се проверуваме себеси според нив. Тогаш Светлината ќе создаде во вас соодветни особини и вие ќе почнете да чувствувате дека целиот материјален свет всушност не е материјален туку така ни изгледа. Всушност така ни го пресликуваат во нашите чувствувања духовните сили. Кога низ тоа ќе почне да се пројавува заедничката сила на природата, тогаш ние конечно ќе почнеме да ги разбираме тајните и особеностите на нашето воспримање.
Услов за чувствување на љубов
Прашање: Зошто кога се пројавува некоја мера на љубов кон пријателите јас веќе не наоѓам место за напори?
Одговор: Такво нешто не е можно. Токму во напорите над нашиот егоизам кон стремежот за поврзаност со пријателите се пројавува љубовта – во одразената Светлина над екранот, над скратувањето (цимцумот). Така се создава условот за чувствување на љубовта. И тоа не го релаксира човекот како земската љубов, напротив тој цело време ја држи во напнатост. Тој пушта во себе или испушта љубов, ја регулира како според квалитет така и според квантитет, за да се држи цело време во неа над својот егоизам наспроти него. Тие сложени моќни дејства никогаш не го релаксираат човекот. Нив треба постојано да ги правиме.
од утринската лекција, на каб.тв