Конгрес во Сочи. Лекција №2
Прашање: Што значи да се биде сличен на Светлината?
Одговор: Светлината е особина на давање која се реализира во нас само во една форма – во форма на заемна поврзаност. А што имам јас да давам? Кому? Како? Што јас имам? Да речеме ќе ти го дадам моето кафе или парчето леб... Не, да се дава не значи да се дава нешто надворешно туку себеси, т.е. да се прилепам за тебе, за твоите желби, барања, стремежи и во тоа да бидам целосно твој помошник. Во тоа ние ја наоѓаме особината на давање или уште повисоката особина на љубов. Така се реализира нашата сличност на Создателот. Како што Тој, наоѓајќи се во нас сака да се пројави, така и ние го сакаме тоа во однос на секој пријател. Затоа е невозможно да станеш сличен на Создателот пред да станеш сличен на Него со помош на Вишата Светлина во однос на твоите пријатели, или барем на еден од нив – нема значење. Кога работиш не заради себе тогаш сиот останат свет за тебе е апсолутно индиферентен, тој е неосетлив и безвкусен. И ако ти можеш да се соединиш со него тогаш стануваш сличен на Создателот. Целиот надворешен свет е пројавување на Создателот во форма спротивна на нас. Веднаш штом го привлечеме тој свет кон себе и станеме споени со него во љубов кон сите – кон омразените, кон противниците, кон милијардните маси кон кои сме апсолутно рамнодушни, - со тоа ние постепено во кругови развиваме ист таков однос кон Создателот. Создателот се наоѓа во нив, во нив ние го пронаоѓаме Него. Тоа се нарекува: „Внатре во својот народ се наоѓам Јас“.
Од 2-та лекција на конгресот во Сочи, 25.08.2014
Прекинувач на Вишата Светлина
Конгрес во Сочи. Лекција №2
Прашање: Што значи правилна намера да се наслади Создателот? Бидејќи „да се наслади Создателот“ звучи некако апстрактно...
Одговор: Да речеме, имаме чест да работиме еден со друг. Ние мора да станеме пријатели. Јас мора да достигнам состојба кога те чувствувам тебе толку близок на мене што меѓу нас како единствена целина се создава некој фрагмент, како што сијамските близнаци можат да имаат еден црн дроб или едно срце, а сѐ друго е различно. Меѓу нас се создава нешто заедничко и во тоа заедничко јас го чувствувам Создателот кој нѐ поврзува заедно. Тој намерно направил поделба меѓу нас а сега нѐ поврзува и на крајот ние се соединуваме заедно во една единствена целина.
Прашање: Кого тогаш јас го насладувам?
Одговор: Ти откриваш во поврзаноста меѓу нас заедничка сила наречена „Создател“ и чувствуваш колку Тој се радува на состојбата кога ние се спојуваме меѓу нас и се претвораме во „еден“. Спојувајќи се во една целина ние го чувствуваме таму Него, бидејќи „еден“ – е веќе заедничко кли (сад) кој може да го почувствува својот виш корен, Создателот. Тоа е конкретно едно дејство, ништо друго во природата нема. Како во математиката: има нула и нешто различно од нулата. Сѐ друго се гради само врз тоа. Затоа веднаш штом стигнеш до „единица“, кога ти и пријателот се спојувате заедно, тогаш во неа се открива нејзиниот виш корен – Создателот, и сите ваши напори кои ги направивте за да се соедините меѓусебно, сега се претвораат во радост која ти ја откриваш во Него. Правилниот напор се состои во заедничко соединување, како „еден човек со едно срце“. „Со едно срце“ – значи дека тие имаат исти желби, исти намери, исти мисли, заеднички стремежи да си помогнат, да се дополнат еден со друг. Тоа е тоа што тука треба да се достигне барем во едно определено место со овие услови.
Прашање: Нејасно е кон што јас треба да се насочувам?
Одговор: За врз тебе да изрши влијание Вишата Светлина. Само ти можеш да ја предизвикаш. Постои некој прекинувач и кога ти го вклучуваш тогаш Вишата Светлина влијае.
Прашање: А каде се наоѓа тој прекинувач – во разумот или во срцето?
Одговор: Во срцето. А разумот е потребен за да се сфати што треба да се прави со срцето. Прекинувачот се наоѓа во срцето, односно во желбите: кон што се тие насочени, кон какви состојби. И следната состојба која јас сакам да ја добијам во своето чувствување означува насока на срцето. Срцето сфаќа а не разумот, и во тоа не треба да се збуниме. Разумот се дава само за да ги проанализира нашите состојби. Јас се трудам да ви одговарам само емоционално, а можам да го прикажам сето во графикони како што тоа го прават кабалистите. Кога моите ученици немале никакви духовни состојби јас цртав за нив цртежи. А сега кога постојат внатрешни состојби јас им се обраќам токму ним. Во принцип што може да се нарцта од ова? Секој човек веќе црта во своето срце. Вклучи го прекинувачот за врз тебе да повлијае опкружувачката Светлина. Ништо друго нема да помогне! Само Светлината! Но насоката ти мора да ја знаеш и правилно да си ја претставуваш.
Од 2-та лекција на конгресот во Сочи, 25.08.2014
Да се зголеми чувствителноста
Конгрес во Сочи. Лекција №2
Прашање: Вие рековте дека нашата следна работа е вежба за зголемување на чувствителноста.
Одговор: Целата наша работа се состои во тоа. Бидејќи во нас се менува само чувствителноста и затоа ние го воспримаме светот што нѐ опкружува како променлив, а всушност тој останува ист. Односно тоа е апсолутно рамномерна Виша Светлина која исполнува сѐ. Моите решимот (духовни гени) цело време се менуваат, се вртат, ставајќи секој пат ново решимо под константната Виша Светлина која исполнува сѐ, и затоа во мене се создаваат различни слики, како кадри на филмската лента.
Прашање: Што треба ние да правиме за да почнеме да ја чувствуваме болката, страдањата на нашите пријатели?
Одговор: Ние ќе почнеме да ги чувствуваме пријателите само како резултат од нашите напори. Кон тоа ќе нѐ доведе влијанието на Светлината. Светлината влијае двојно. Од една страна таа може да повлијае на неподготвено кли (сад) со тоа што нашето решимо цело време се зголемува. И затоа ние го гледаме светот како развиен и развиен лошо, бидејќи секој пат решимо се пројавува сѐ повеќе и повеќе разбиено. Бидејќи решимот се движат во прогресирачки бран пројавувајќи се врз позадината на константната бела Светлина. Но ако ние самите однапред посакаме откривање на тие решимот од причина што нивната правилна реализација ни дава напредување кон Создателот, кон сличноста на истата таа Светлина, тогаш ние ќе почувствуваме добро во нашиот развој. Има две можности за воспримање на Светлината: негативна, како мрак, и позитивна, како Светлина. Затоа јас наведувам пример дека има ор (Светлина) и орта (ноќ). Тоа е едно те исто, двата збора имаат ист корен.
Од 2-та лекција на конресот во Сочи, 25.08.2014