Прашање: Според кој принцип е создадено телото на човекот, поточно неговото лице?
Одговор: Според ликот и сличноста на духовниот објект. Ако човекот, откога ги земал во свои раце двете сили што постојат во светот, позитивната и негативната, особината на давање и особината на примање, почне правилно меѓусебно да ги комбинира на сите нивоа на егоизмот 0, 1, 2, 3, 4 тогаш комбинацијата на тие особини ќе му даде надворешно пројавување во вид на негово тело и лице.
Лицето е место од каде човекот ја зрачи Светлината Хохма која се спушта надолу по неговото тело. А на другите таа Светлина се распространува од слободните делови на неговото лице. Тоа е прво. Второ, ајде да разјасниме како се случува формирањето на елементите на поедноставно ниво. Ние имаме само одреден сет на елементарни честички од кои се составуваат посложени елементи а потоа телата. Тие мали тела-органи (црн дроб, бубрези, бели дробови и т.н.) се собираат меѓусебно во физичко тело или во некои други објекти. Зошто се случува промената на растот, промената на природата во нејзината еволуција? Само благодарение на интеракцијата на единствените две сили: на примањето и на давањето. Но од тоа се добива бесконечна, огромна можност на комбинации.
Реплика: Сите отвори за примање на информацијата се наоѓаат на главата, додека излезот на информацијата се наоѓа подолу од половината...
Одговор: И за тоа исто така постои причина. Сосема на ист начин е изграден духовниот објект. Сето наше тело навистина е изградено според неговиот лик и сличноста, односно според правилната комбинација на тие две сили.
Каде е скриен видот?
Прашање: За нас видот е она што јас го гледам. А што претставува духовниот вид?
Одговор: Всушност ти не гледаш ништо, гледа мозокот. И во духовниот свет тоа е апсолутно очигледно.
Прашање: Тогаш зошто ми се потребни два отвори во облик на очи, целата одразена Светлина која ја добивам?
Одговор: Целото наше тело е како предмет од гужвана хартија. Всушност ние не чувствуваме ништо ниту преку рацете, ниту преку јазикот, ниту преку ушите, ниту преку очите туку само внатре во нашиот мозок и дури подлабоко од него – внатре во нашата желба. Затоа телото на човекот е декорација, целосно надворешно демонстрирање на нашите внатрешни особини. Тоа е создадено намерно за да видиш дека пред тебе се наоѓа некој. Сепак ти гледаш и чувствуваш сѐ само внатре во себе, во твојот мозок, поточно во твоите желби. А бидејќи ние работиме на нивото на материјалниот свет, нам ни се чини дека сѐ зависи од надворешните читачи, сензори, наречени сетилни органи.
Распространенување во клучната фаза
Секое прашање треба да се разгледува тргнувајќи од замислата и целта на создавањето, од перспектива на општата, целосна слика. Невозможно е да се препознае и да се разбере ниту еден детал ако не го знаеме неговото место во заедничкото. И бидејќи целата реалност е единствен систем, во него нема ниту еден детал кој не би бил определен од општата слика. Генерално целото создание, целата желба за примање дефинирана за нас како Малхут на светот на Бесконечноста мора да дојде до поправка, до сличност на особините со Светлината на Бесконечноста. Со други зборови таа мора да се зголеми себеси 620 пати на 125 нивоа.
Соодветно на тоа, ако го погледнеме нашиот свет тогаш е јасно дека сите суштества кои тука ги гледаме мора да достигнат конечна поправка. Станува збор за сите луѓе дури и во случај населението на Земјата да се зголеми за уште неколку милијарди.
Од друга страна, неживата, растителната и животинската природа престојува во спојување со Создателот бидејќи во неа е вградена природна, инстинктивна сила која управува со нејзините творби без да ги праша за што било. Само на луѓето всушност им е дадена слобода на волјата и можност за слободни дејства кои не произлегуваат од директната поврзаност со Создателот. Со други зборови на луѓето им е дадена способност во нешто да се променат себеси. Ние треба уште да провериме во што поточно се состои таа способност која се пројавува кај оние кои се стремат кон сличност со Создателот. Таквите луѓе се нарекуваат „Израел“, што значи „директно кон Вишиот“ (јашар – Ел). Оние пак кои не се стремат кон тоа се нарекуваат „народи на светот“. Меѓутоа на крајот на краиштата и едните и другите мора да достигнат целосна заедничка сличност со Создателот.
Напоредно со развојот во нашиот свет се пројавуваат луѓе, поточно желби во кои го има тој повик условен од вродената подготвителна база. Таквите луѓе („Израел“) добиваат импулс, покана да го откријат Создателот, да се зближат, да се спојат со Него. Тие мора први тоа да го направат а по нив ќе тргнат и друтите, иако во секој случај на крајот на краиштата сите ќе дојдат до конечна самопоправка пред Создателот. Оттука произлегува исто така и разликата во средствата. Генерално средството за достигнување на Создателот се нарекува „наука кабала“, меѓутоа категориите „Израел“ и „народите на светот“ на различнен начин ја користат и ја реализираат. Во секој случај надвор од какви било сомнежи, за целиот процес е одредено определено време – шест илјади години, во текот на кои сите суштества мора да достигнат спојување со Создателот.
Што се однесува на неживата, растителната и животинската природа, таа се искачува и се спушта по скалата на спојувањето заедно со човечкото ниво без да вложи сопствени напори, додека пак луѓето мора заеднички да напредуваат секој посебно и сите заедно, веќе според нивниот слободен избор. И затоа постои разлика во распространувањето на науката кабала меѓу „Израел“ и меѓу „народите на светот“. Човекот од категоријата „Израел“ чувствува тежнеење кон тоа, поврзаност со тоа, чувствува дека зад тоа се крие можност за наполнување и затоа многу се радува на средбата со науката кабала. Бидејќи во него исконски има потреба која се манифестира како прашање за смислата на животот. Во дадениот момент тој ја нема таа смисла, нема „вкусови“, наполнувања од вистински живот и постојано чувствува недостаток. Во таков случај кога се запознава со науката кабала тој открива дека нашол средство за наполнување.
Од утринската лекција, 12.08.2014, на каб.тв