Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

За Бнеи Барух

Бнеи Барух - Академија за истражување и изучување на науката кабала е најголема кабалистичка организација во Израел, која ја  споделува кабалата со целиот свет. Наставните материјали на повеќе од 28 јазици се базирани на автентични кабалистички текстови, пренесувани од генерација на генерација.

Порака

Бнеи Барух -Академија за истражување и изучување кабала е непрофитабилна организација на милиони ученици од целиот свет. Секој ученик го избира неговиот или нејзиниот сопствен пат и интензитет, зависно од својата лична особина и способности.

Последниве години, групата прерасна во движење на доброволци ангажирани во образовни проекти, презентирајќи го оригиналниот кабалистички извор на современ јазик. Суштината на пораката ширена од Бнеи Барух, е обединување на луѓето, обединување на нациите и љубовта на човекот.

Со милениуми кaбалистите учеле, дека љубовта на човекот  е темел на  Израелскиот народ. Оваа љубов преовладувала во деновите на Аврам, Мојсеј и групата кабалисти кои тие ја основале. Љубовта на човекот е гориво кое ги движи луѓето кон несекојдневни достигнувања. Во времиња кога љубовта на човекот се сменила во неоснована омраза, нациите се спуштиле во прогон и несреќа. Доколку направиме место за овие стари, но нови вредности, ние ќе откриеме дека поседуваме моќ да ги тргнеме настрана нашите разлики, и да се обединиме.

Мудроста кабала скриена со милениуми настапува сега, дочекувајќи го  времето кога ние ќе бидеме доволно развиени и подготвени да ја спроведеме нејзината порака. Денес, таа се појавува како порака и решение кое може да ги обедини фракциите во и помеѓу нациите, и да нè доведе сите нас, како поединци и како општество во многу подобра состојба.

Историја и потекло

Рав Mихаел Лајтман, професор по онтологија и теорија на знаења, доктор по филозофија и кабала и магистар по медицинска биокибернетика, го основал Бнеи Барух во 1991, набрзо после смрта на неговиот учител Рав Барух Шалом ХаЛеви Ашлаг (Рабаш).

Д-р Лајтман ја именува неговата група Бнеи Барух (синови на Барух) во спомен сеќавање на неговиот ментор, кого не го напуштил и бил покрај него последните 12 год. од неговиот живот, од 1975 до 1991. Д-р Лајтман бил Ашлагов примарен ученик, личен асистент, и се препознава како наследник на Рабашовиот наставен метод.

Рабаш е првороден син и наследник на најголемиот кабалист на 20 век Раби Јехуда Лајб ХаЛеви Ашлаг. Раби Јехуда Ашлаг, е автор на најугледниот и најразбирливиот коментар на Книгата Зохар, Сулам Коментарите (Коментар за Скалата), и прв го разоткрил целиот метод на духовно издигнување. Ова е, исто така и причина за Ашлаговиот епитет, Баал ХаСулам (Сопственик на Скалата).

Бнеи Барух ја базира својата целокупна наставна метода врз пат поплочен од овие големи духовни водачи.

Кабалистички лекции

Како што кабалистите правеле со векови, така и денес главен дел од активностите на Бнеи Барух се дневните лекции, кои ги дава Д-р Лајтман во центарот Бнеи Барух во Израел помеѓу 2:00-5:00, македонско време. Лекциите истовремено се преведуваат на седум јазика: англиски, руски, шпански, германски, италијански, француски и турски.

Тоа што се однесува за сите активности на Бнеи Барух, важи и за преносот во живо на каб.тв кој овозможува бесплатен пристап за илјадници студенти од целиот свет.

Финансирање

Бнеи Барух е непрофитна организација за настава и споделување на мудроста кабала. Да ја задржи својата независност и чистотата на намерите, Бнеи Барух не е поддржана, финансирана или на друг начин поврзана со било која  влада или политички ентитет.

Како, најголемиот дел од активностите се обезбедени бесплатно, примарни извори за финансирање на активностите на групата е  придонес од страна на студентите врз доброволна основа. Дополнителни извори на приходи се од продажбата на книги од М.Лајтман и од донациите.

За д-р. Михаел Лајтман

about-ravРав Михаел Лајтман докторирал филозофија и кабала на Московскиот филозофски Институт на Руската академија на науки, а магистрирал медицинска кибернетика на Санкт Петерсбуршкиот Државен Политехнички универзитет. Како дополнение на неговиот научен ангажман, Рав Лајтман е нашироко ангажиран со кабала последниве триесет години. Тој има објавено над четириесет книги, преведени на повеќе од петнесет јазици, како и стотини статии за кабала и преку 50 000 часа видео и аудио записи од предавањата за кабала.

Лајтмановиот опсежен придонес во област на кабалата, довело до здобивање на титула професор по онтологија и теорија на знаење, доделена од страна на највисоката интердисциплинарна академска доказна комисија на Руската Федерација.

Покрај тоа, Рав Лајтман соработува со истакнати научници, спроведувајќи уникатни истражувања меѓу модерната наука и науката кабала. Во 2005 година беше со-автор на книга на оваа тема со проф.Вадим Розин, проф на Државниот универзитет “Ломоносов” од Москава, Државен универзитет за хумани науки при Руската академија на науките.

За да прочитате повеќе за Рав Михаел Лајтман и активностите на Бнеи Барух, вие сте добредојдени да ги пребарувате медиумските покривања.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica