Баал ХаСулам, најголемиот Кабалист на дваесетиот век, пишувал песми и компонирал музика, како одраз на своето духовно воздигнување. Неговата музика доаѓа директно од духовните светови, длабоко емотивна и поврзана со возвишувањата и паѓањата, кои еден Кабалист ги доживува во неговото спојување со духовното. Многу мелодии се компонирани врз база на Кабалистички текстови како Бнеи Хеикала /Bnei Heichala/ (пишуван текст од Ари), Ки Килатцта Нафши /Ki Chilatzta Nafchi (некои овој текст го препишуваат на Кралот Давид ,а други на дворот на Крал Давид), Тzadik ke Tamar Ifrach, Chasal Seder Pesach, LeHagid ba Boker Hasdecha i Kel Mistater.
Баал ХаСулам барал од неговите ученици да ги пеат кабалистичките песни, наместо песните што тогаш ги пееле другите луѓе. Некои мелодии ги превземал од неговиот учител Рабин Адмор од Пурсов, а некои ги компонирал со своите ученици.