Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Ерусалим на Срцето

                           

Месијата седи на портите Ерусалемски и чека луѓето да станат заслужни за спасение. Тој е окован во синџири, и требаат сите луѓе за да го ослободат него. Доста му е од Хасадизам, доста му е од итреци, сега тој ја бара длабоката вистина во луѓето.

Каби Менахем Мендел од Котрк „Ерусалим во срцето“

Патување со Рав Михаел Лајтман

Во тајните на светската душа

Луѓето на Ерусалим гледаат како главен град на духовниот свет. И навистина, тој е свето место за сите религии. Дефинитивно тоа е најсветото место во светот. Тоа е центар на светот затоа што тука има посебни сили кои се чувствувано различно од разни луѓе. Која е оваа сила, која човек одеднаш ја чувствува во него, како дејствува во него, го влече кон Ерусалим? Човек почнува да го чувствува духовниот корен кој постои во овој град. Тоа постои во нас, не зближува нас и има духовен, вечен живот. Тоа е силата на љубовта. Постојат камења, постојат улици. Но, ние не го чувствуваме самиот град. Вистинскиот Ерусалим може да се почувствува само во корегирано срце.

Цртеж: срцето на човекот

Се што имаме во овој свет се спушта од Горе надолу. Така постои Горен Ерусалим и долен Ерусалим. Има срце кое е Малхут од Горе и човечко срце долу. Доколку сакаме градот Ерусалим да е изграден, првин мораме да го изградиме нашето срце, мораме да го корегираме. Што е срце? Во духовноста срце се човековите желби. Ако се желбите ограничени со сместувањето на човек во овој свет, за храна, секс, чест само за работи кои ги има во овој свет, сака да биде познат, славен тогаш ова е едноставно егоистично срце. Така, човек е задоволен во овој свет и не му треба духовниот Ерусалим. Ако овој свет не е доволен за него и тој трага и чувствува дека нешто овдека му недостасува, тогаш тој посакува да се издигне над овој свет да го чувствува духовниот свет. Тогаш неговото срце копнее по корекција, копнее да се ослободи од егоистичните желби. Сето ова не се случува одедаднеш. Прво човек гради ѕид со кој ги дели сите негови желби на чисти и нечисти, алтруистични и егоистични желби. Исто како градска тврдина.

Цртеж: ѕид

Ѕидот околу градот го чува. Кога човек ќе го корегира своето срце да биде како Ерусалим, тој треба во своето срце да направи разлика помеѓу добрите мисли со кои сака да се издигне во световното и лоши мисли кои сеуште не се насочени кон световното, и да ги одвои  нив едни од други, и да изгради ѕид кој ќе ги штити желбите за световното да не бидат повредени од желбите кои се сеуште неисправени. И, штом еднаш го има овој ѕид одпозади, градот ќе биде изграден. Тешка работа е да се поделат и разликуваат желбите, бидејќи нашето его константно не притиска и мами нас, го прави човек немирен, будејќи во него се поголеми желби, и главна работа овдека е да не се скрши. Секој мора да ја штити големата желба за духовното, како да штити посебен цвет. Секој мора да биде како слепец, да не гледа и да не ги слуша егоистичните логични совети. Но ако и покрај се` тој навистина сака да излезе од овој егоистичен свет и влезе во Горниот Ерусалим, што може да стори? Тој мора да трага по портата која води до градот.

Цртеж: градски порти

Градски порти, значи место, доколку некој направи корекција противно на својството наречено порта, тогаш тој се стекнува со еднаквост на формите со посебно својство кое се наоѓа позади овие ѕидини, тогаш портата се отвора и тој влегува. Всушност не постои порта туку ѕид, јас го фаќам ѕидот кој е состојба да ако ја задоволам, влезот ќе се отвори и јас поминувам. Но како постојат многу состојби околу градот, бидејќи градот е збир на многу желби така да има точки посебни својства и ако човек се изедначи со нив го досегне нивниот врв, тогаш тој влегува. Има посебни места во ѕидот кои ги имаат главните својства кои некој ги стекнува, човек има право да влезе, ја има чистотата се здобива со Масах (екран) кој одговара на ѕидот, бидејќи ѕидот е Масах и тој влегува во градот. Својството мора да биде својство на дарување, својство на давање, внатре во градот се` е под контрола на дарувањето, а надвор од градот е својство на примање, егоизам. Со цел да помине низ ѕидот, човек треба да направи скок, внатрешна измена на неговото срце од егоизам во алтруизам.

Цртеж: пат

Патот по кој му приоѓате на духовниот Еруасалим, е направен од грешки, збунетост, чувство на очај, безнадежност. Тоа се оние состојби кога чувствувате, дека напредувате и напуштате, и сеуште одите по нив и станувате корегиран. Ова е тоа што се нарекува приод близу Ерусалим. Добро е  тоа, што има гршки , тоа се препреки и вознемирувања кои сакаат да ве отргнат од патот. Тоа всушност ви дава можност да одеднаш застанете и се преиспитате себе си, и од таа состојба во која сте, да се насочите попрецизно кон Горниот Ерусалим. Секој пат, Ерусалим ви изгледа вам поразличен, и вашите состојби се поразлични. Но токму во сите тие различни состојби и форми горниот град и се отвора на личноста.

Цртеж: војна

Денес во срцето постои рушевина. Погледнете го овој свет?! Скршен е на парчиња, здробен од војни и страдања. Секоја индивидуа во овој свет, е како канцер клетка живејќи само за себе искористувајќи ги другите. Истото е и со Ерусалим, искинат е на парчиња. Како е можно во таква состојаба, својствата на Ерусалим одеднаш да се разбудат? Главниот град на обединетост и љубов? Ерусалим на споеноста, кога не постои обединетост помеѓу неговите граѓани? Во иднина ќе има големи битки околу Ерусалим, а посебно духовни битки. Тоа е затоа што силите на Клипа(оклоп) и силите на Кедуша(световното) секогаш сакаат да надвладеат за местото каде Вишата Светлина треба да дојде. И оваа битка нема да престане се до Гмар Тикун-крајната корекција кога ќе се случи, главната битка, завршување на Гог и Мегог војната, која токму во овој момент е на својот врв.

Цртеж: вистинска преплашеност

Името Ерусалим ги држи сите тајни. Ерусалим значи највисоко, исправно и совршено Ар. Ар до кој сум корегиран до ниво до височината до која јас се плашам, до која ќе бидам способен да ја дадам сета моја љубов на друг. Тогаш на врвот на овој страв кој го чувствувам, разбирањето на методот се отвора, систем на светлини и сили. И тогаш ги гледа силите на Месијата, од зборот Лимшох-влече, го влече него од егоизам во алтруизам, од омраза во љубов, од долниот Ерусалим во Горниот Ерусалим, кон Храмот.

Цртеж: Храм

Храм е место каде духовните сили се концентрирани. Ова место беше симбол на својството на Целовитоста. Човек доста често ги користи овие сили кои дејствуваат во духовното, кои го контролираат него зависно од неговите желби. И луѓето често посакуваат да дојдат таму со цел да се поврзат физички со духовното, така да на физичко ниво тие исто така би ги изведувале истите работи кои ги правеле внатре во Храмот, внатре во човековото срце. Човек честопати носи овошје, донации и понади на камен. Се што човек создава и се што прави го носи овде со цел да ја освети неговата работа. Тоа било како симбол на духовна наклонетост внатре во неговото срце. Во тоа време немало молитвеник. Обично луѓе доаѓале таму и зборувале директно од срце, од дното на срцето. Што и да чувствувале биле зборови на Вишата сила и ним не им требале зборови. Свештеници биле луѓе кои служеле во храмот. Тие кои биле апсолутно чисти од земското его, и кои ги праќале Горе сите желби на дарување перфектна љубов. Единствено ним им било дозволено да ги примат донациите и даровите бидејќи никој од нив не ги земал за себе, така тие предавале се што ќе примеле во храмот. Свештеник е желба во човекот која сака само една работа: да го донесе знаењето за Вишите сили во овој свет. Овие големи и возвишени желби постојат во секого од нас и ќе дојде врмер кога овие свештеници ќе се разбудат во нас.

Цртеж: рушевини

Рушевините на храмот станаа место на рушевините на Кедуша. Тоа им дозволи на Клипа силите на нечистите, егоистични сили да станат појаки. Одтогаш тие го опкружуваат ова место, сисајќи го богатството и моќта од него. Навистина тоа прават и стануваат посилни. Противно на тоа ние од тоа не се чувствуваме посилни, туку чувствуваме слабост, празнина, тага, бидејќи не е Клипа, туку ние треба да започнеме со корекција и да ги повлечеме сите други да се корегираат, на духовно издигнување. Така Клипа нема да има избор туку да се искачи во духовното и да исчезне. И тогаш ќе биде Куќа. Како што е запишано:``Мојата Куќа ќе се вика Куќа на молитви за сите нации` Еден Храм за целото човештво`.

Еднаш кога бев воСАД за време на Шабат престојував во мало градче наречено Џексон, во јужниот дел на САД. Престојував во хотел. Личноста која престојуваше до мене беше обичен работник од германија. Тоа го покажуваа неговите раце. Веднаш свати дека сум евреин и ме праша од каде сум? Му кажав дека сум од Израел. Тој постави само едно прашање кое навистина беше озбилно прашање, болно ме праша: “Зошто не го изградите храмот?”, па му одговорив: “Како е можно да се изгради храм ако неговата рушевина е во срцето?”, тој тоа го разбра и рече:”Ајде да почнеме од таму”.

Цртеж: молитва

Ајде да почнеме од срцето, барајќи корекција. Барањето корекција се нарекува молитва. Тоа не е тоа што е запишано во книгата Сидур, молитвеникот туку е запишано во срцето на личноста, барање до силата. Барањето до силата е тоа што не крева од овој свет во духовниот, од егоистични желби во алтруистичен квалитет, да дарува, да љуби. Ако дојде до таму, тие мора да го примат одговорот. Ѕидот, Котел, западниот ѕид мора ним да им даде Масах. Ѕидот е Масах. Ако има Масах тогаш третиот Храм ќе биде изграден во човковото срце. И само ако е изграден во нечие срце, човек може да го опише и да пишува за Него до најмал детал. Секој, еден детал од Храмот е врска на човекот со Вишите сили. Постои само една молитва, молитва за добро на сите, да човек се поврзе со севкупното со сите други како едно тело еден човек едно срце едно големо срце во кое целото човештво ќе се обедини. Само една молитва може да го дофати Вишиот  Храм и оттаму ќе дојдат одговорите. Тоа е молитва, дека сите ќе се обединиме и издигнеме во Световното значи ќе ги досегнеме духовните сили и ќе живееме на духовно ниво. Да се надеваме дека ќе дојдеме на ниво каде Ерусалим повторно ќе се изгради. И над овие ѕидови ќе има град кој ќе биде вистинскиот свет град. Тоа е пат кој апсолутно одговара со нашиот Горен корен во светот на Ацилут. Тоа е вистинскиот Ерусалим

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica