Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

„Откриена кабала“ 3

              

            Патот на болката и Патот на Тора и Mицвот

Здраво повторно и добредојдовте во Откриена кабала. Јас сум Тони Koзинек.

Последниот пат зборувавме за развојната сила; напредокот на желбите и начинот на кој нас нè движи реалноста долж патот на развојот. Зборувавме за особината која ги одредува Вишите Светови, Духовните Светови; особината која ги одредува материјалните светови и тоа што се однесува на начинот на кој согледуваме и што ги прави Духовните Светови, поголемата реалност скриена од нас.

Ние го погледнавме напредокот на желбите. Видовме, дека постоеле четири категории на желби кои се сметаат за материјални, и дека поради Мислата на Создавањето, која е да се создаде суштество и да се доведе суштеството до неограничено уживање, тоа мора да напредува со средства кои Создателот ги наоѓа за прекрасни.

И така, сиот израз на развојот на Мислата на Создавањето, е изразен преку недостаток и исполнетост. Видовме, дека желбите напредуваа од едноставни желби (животински желби за секс, за засолниште, храна и семејство), и кога тие се исполнија, ние се придвиживме кон поголема желба, која беше желба за богатство, а што е акумулација на првата. Кога желбата ја чувствуваме како празнина во нас, бидејќи се уште чувствуваме како нешто нè потикнува нас, нешто што нè турка напред, нешто што нè влече напред, ние го чувствуваме тоа нешто како некој вид вкус, како нешто што ние мора да го имаме и се движиме кон тоа, и откако го имаме, ние не можеме да го вкусиме повеќе. Но, тоа е силата на развојот која нè движи понатаму. Од богатство, се придвижуваме кон слава, моќ. Штом ја исполниме, ние сме придвижени понатаму со нашата празнина по знаење. Откако, знаењето го наоѓаме празно, ќе се најдеме во една збунувачка ситуација во која ништо од овој свет нема да може нас да не задоволи. Ако се сеќавате, тоа е таа точка од која комплетно ново ниво на развој станува достапно за нас.

Патот на болката и Патот на Тора и Mицвот

Кога таа специјална желба ќе влезе во срцето од духовното, а која е особина на волја да дарува, таа менува сè внатре во човечкото срце. Човечко срце.Кога го слушаме зборот „срце" во кабалата, тоа значи крајна сума на сите желби кои личноста ги има - ова срце сè уште е полно со желби што доаѓаат од материјалниот свет. Тоа сè уште работи од категориите под еден, два, три и четири.

Оваа желба, која е желба да се достигне духовното, е наречена „Израел", од два хебрејски збора: Јашар, што значи „Директно", и Ел, што значи „Бог"- желба за директно поврзување со Бога. Овие телесни желби се наречени „нации", „народите на светот", со други зборови, желби на материјалниот свет.

Сè до оваа точка силата на развојот, начинот на кој желбите нè придвижуваа нас, сè додека не дојдовме до точка каде всушност имаме потреба да чувствуваме што е над материјалниот свет, а што се случува на несвесен начин. Но, од сега па натаму тоа ќе се случува на свесен начин, бидејќи оваа точка во срцето е духовен ген, тоа е како ембрион на душата.

Душата е вид на желба и таа мора да биде исполнета; срцето мора да биде испополнето со оваа желба, тоа мора се да исполни и покрај овие телесни желби. Со други зборови, сите желби што ги имаме, треба да се подложат на преобразба, поправка. И, поправувајќи ги овие желби, желбата да се оди директно кон Бога може да се исполни.

А, зошто е тоа така? Во нашата изворна состојба, во коренот на нашата душа, бевме поврзани со Создателот, како „Создател и Суштество." Всушност, тоа се единствените две работи кои постојат во творбата: Создател и суштество. И таму, ние му припаѓаме на Создателот, како едно суштество, како едно обединето суштество.

Но, како Мислата на Создавањето, а која е да се создаде суштество и го исполни со радост, е само појдовна точка, тоа беше почеток на системот. И оваа особина на суштеството, која е волја да прима, почнала целисходно да се проширува, и како резултат на ширењето на оваа особина, на оваа желба да прима за самиот себе, поголема разновидност во особината, почна да расте - помеѓу особината на Создателот (што е дарување), и особината на суштеството (што е примање).

Како што егоистичната намера се ширеше, првото суштество, целото суштество, колективната душа наречена „Адам ха Ришон" (што значи, првиот човек) слегуваше низ систем на светови, преку 125 чекори кон се поголем и поголем егоизам, додека душата не досегна точка во која се подели на она што се појави да биде материјално. Така, колективната душа била раскршена на 600.000 делови. Секој еден од овие делови си има делче од оригиналот, секој еден дел од нив е желба. Сега, како е ова процес - и тоа само половина пат на точката-скршениот, раскршениот аспект на колективната душа, во кој ние искусуваме изолација, разделеност едни од други, еден вид на антагонизм кон другите, желбата да се искористиме едни со други, како и искуството на материјалниот свет, е половина- пат на точката и таа ќе биде исправена. Тоа ќе доведе до повторно издигнување преку овој систем на светови, назад во оваа состојба на прилепеност со Создателот, но сето тоа не може да се направи одеднаш. Така, целосходно била поделена на 600.000 делови.

Секој од овие делови, исто така се скршиле на 613 желби. Всушност, секоја индивидуална желба внатре во Адам Ха Ришон, се состои од 613 желби кои можат да се поправат; деловите се доволно мали. Тоа е како делење на едно огромно богатство и давање по паричка на секоја личност, знаејќи дека секој од нив ќе се врати на оваа особина на дарување. На точката во срцето која е сместена во неговата внатрешност, може да ѝ се верува дека ќе ја врати таа точка назад кон своето потекло и повторно ќе го собере богатството, уште еднаш како колективно.

Така, во точката во срцето на човек кој започнува да ја чувствува желбата за духовност, оваа паричка од богатството на Кралот, плус другите 612 желби кои постојат во срцето, мора да бидат преобразени со обратен процес, и малку по малку да наликуваат на големиот степен, особината на Создателот. Сега работата е, овој процес на враќање, на исправка (Tикун), на преобразба, на исполнување на Мислата на Создавањето, тоа ќе се случи, и сите ние, сите 600.000 парчиња на колективната душа повторно ќе се соединиме, и ќе се воздигнеме од физичко себично согледување и свет на страдање, назад во комплетна и целовита взаемна врска едни со други, на таков начин што ќе ја дофатиме целта на создавањето, која е споеност со Создателот и комплетна исполнетост на најголемата неограничена желба. Тоа ќе се случи. Но, прашање е, дали тоа ќе се случи свесно, со наша согласност, или ќе бидеме туркани кон тоа?

Гледате, постои една цел, и целта е осигурана, но постојат два пата кон оваа цел: Едниот пат е наречен „пат на болката", а другиот пат е наречен „пат на Тора и Mицвот."

Ние веќе сме сите на патот на болката.Тоа дури и не е вистински пат. Тоа е она што го гледаме како бавно мелење, еволуција на човештвото, што ние го нарекуваме „историја." Тоа е еден вид држење до нашиот материјален начин на согледување, на особини, кои ние навистина треба да ги преобразиме. И како резултат на ова не-свесно учество во развојниот процес, се наоѓаме себеси туркани од случувањата. Ние гледаме катастрофи, ние гледаме цунами, ние гледаме војни, ние имаме лични искуства во нашите животи; искуства на болка, искуства на страдање, кои се предизвикани само од недостаток на свесно учество во развојниот процес на желбите и нивната исправка. Овој пат може да трае и трае и трае, а тоа е страшна несреќа.

Сепак, штом точката во срцето се појави во човекот, тој станува свесно вмешан, и тоа е патот на Тора и Mицвот.

Тора значи „Инструкции од Светлтлината", а Mицвот значи преобразба на особината на една од 613 желби на егоистично изразување, во нивно алтруистично изразување.

Секоја случка која се случува во нашите животи е вистинска Mицва, и можноста за преобразба е предочена пред нас. Сега, кога јас го кажувам зборот Mицва, не мислам на некакви си физички заповеди, каде сте упатувани да правите одредена работа. Постои листа за сите овие работи во Шулхан Aрух, во Табелата на Еврејскиот Закон и така натаму. Прави ја оваа физичка работа сега. Јас не велам не ги правете физичките работи, тоа што јас го мислам е, дека ова е внатрешно исправување, тоа е исправка на желбата. Така, дали правиш надворешно добро дело-дали е тоа добро религиозно дело или дали тоа е нешто што ние го сметаме за нешто убаво за некој друг - вие можете да правите какво било надворешно дело и може да бидете исполнети со омраза и себичност. Вие не можете да мерите ништо со тоа. Зборуваме за една од овие 613 желби, која нам ни се подарува како настан во нашиот живот.

Нашиот целокупен живот е планиран на таков начин, да со овој процес на развој нам ни се прикаже можноста да прво го земеме она што го чувствуваме како желба да прима за себе во дадена ситуација, и да ја преобрази во нејзина алтруистична форма, обидувајќи се да разбереме која е мислата на Создателот, Мислата позади дадената ни ситуација, бидејќи доколку се сеќавате единствен начин за нашето напредување долж духовниот простор е, со менување на квалитетот внатре во мене, да наликува на квалитетот на духовното каде јас сакам да влезам. Така, што е тоа што сакам да знам според оваа нова желба, оваа желба директно за Создателот е, дека сакам да го знам Создателот, сакам да имам директна сензација.

Сакам да чувствувам во моите желби, во допирливите нешта што се случуваат во мојот живот, што е Мислата на Едниот, на Севишиот Еден, Вишото Ниво кое ми го дава ова совршенство, средена ситуација, ми ја даде оваа прилика, како роденденски подарок, за мене, прво да ја земам својата расипана форма, и анализирајќи ја и гледајќи што е таа, чувствувам каква е Неговата Мисла позади тоа, тоа е Мицва; тоа е Тикун -тоа е преобразбата.

Овие 125 состојби со кои сме се спуштиле од нашата поврзаност со целосната реалнот долу во нашата одвоена состојба, како луѓе поединци и желби, овие 125 чекори се исто така опфатени со овие 613 Мицвоти, така да нивното исправување, преобразба ќе го донесе поединецот назад по патот на скалилата.

Друга карактеристика на ова е тоа што, секое ниво при спуштањето се втиснало во нас како ген. Секоја точка со која поголем и поголем степен на волја да прима е додаден, е запаметен од нас, како трошки на патот. Ова е првиот духовен ген, оваа точка во срцето, нашиот приод до качувањето, всушност е влезна точка од синџирот на духовната генетика наречен „Рашимот", спомени, и сите настани кои се случуваат во нашиот живот, само нас не' премостуваат помеѓу овие 613 преобразби на волјата да прима во волја да дарува, која е наша врска со Создателот. Секоја случка е уредена за нас по совршена шема, така што имаме можност да препознаеме што е тоа што ние треба да направиме.

Сега, оваа акција на исправка и преобразба, овој Tикун, не е направен од нас, тоа е направено како резултат на желбата, што ја имаме да го направиме ова поврзување со Духовната Светлина. И како резултат на желбата која ја имаме, работата е направена од Светлината. Тоа дејство е направено врз нас од Опкружувачката Светлина.

Зохар вели: „Кога човек доаѓа да се прочисти самиот себе, помогнато му е од Вишото." Со други зборови, тоа е како резултат на стомачно – ниво, потреба која треба да се употреби како потреба за оние четири материјални желби да се преобразат во поголема и поголема потреба да знае што е всушност особината на дарување. Ние не можеме тоа самите да го достигнеме.. Оваа работа се нарекува „Божја работа", не дека ние одиме таму како куп фини војници и ја правиме работата која ни ја доделил Бог, тоа е затоа што самата работа на преобразба, прочистување, Tикун, ја врши врз нас Светлината, како резултат на проширување на желбата.

Но, немојте да ве збунува зборот „Светлина." Не мислете на тоа како на материјална работа. Запомнете, дека особината на Духовниот Свет е особина на својствата; тоа е особина на намерата, чувствителна, состојба.

Доколку, сакате да ја почувствувате разликата помеѓу вашата намера и намерата на Светлината, тогаш едноставно не можте да имате желба и директно да ја исполните од некој вид задоволство на начин на кој тоа го правите во материјалниот свет. Со цел да се почувствува разликата меѓу нашата состојба и состојбата на Светлината, на „мојата намера" и намерата на Светлината, неопходно е да се има сензор, нешто што може да ја почувствува Светлината. И овој сензор, мора да биде намерата. Се нарекува "екран." Тоа е она, за што стана збор во нашата последна емисија како додатно сетили, шесто сетило.

Овој екран функционира како резонатор, контрастна точка помеѓу желбата која го праќа она што и е дадено од Светлината. Наместо само да оди директно внатре, таа го удира овој екран и тоа предизвикува сензација, сензација на разликата помеѓу намерата тука, и намерата тука. И, овој екран или Maсах, е алатка.

Ова е начинот на кој ние можеме да ја свртиме волјата да прима, која е нашата материја во нешто многу поразлично и единствена алатка со која ние треба да работиме. Ние можеме да почнеме да ја чувствуваме и примаме Светлината само во согласност со намерата, која одговара на намерата на Духовниот Свет. Ние ќе се занимаваат со ова повеќе, подоцна. Но, што се случува кога ова всушност може да се случува, кога чувството овде, намерата на екранот, е иста како и намерата на Светлината. Ова се нарекува „поправена желба." И оваа разлика создава потреба во нас, права потреба, стварна потреба. Таа гради недостаток во посебен правец. Тоа ни прави да сакаме да го чувствуваме тоа што го немаме, а тоа е сензација на Светлината, на Мислата, намерата позади Светлината. И тоа нè движи нас во планираната насока на поголемо и поголемо исправување.

Секој пат, кога желбата се движи во преобразба од нејзината расипана форма во совршената форма-преобразба на волјата да прима во волја да дарува-тоа не' придвижува нас до вечноста. Тоа нè поврзува нас се повеќе и повеќе со Мислата позади целиот процес. Не го прави тоа за оваа една посебна желба, и за една индивидуа, туку како резултат на поврзувањето, взаемната поврзаност во Адам ха Ришон. Тој дел од човекот број 1, желбата внатре во човекот број 1, како холограм, станува исправена во секоја од другите желби и повторно ги поврзува нив едни со други. Така, не се искачуваат само луѓето кои ја прават поправката, туку и целиот свет, така што нашето согледување на нашата стварност, причината поради која работите се случуваат, Мислата позади нив, без разлика дали добри или лоши работи се случуваат, тоа се менува. Човек може да ја почувствува целосната добрина зад водството на целиот систем, и повеќе не е мамен од страна на материјалните идеи за тоа што е добро, а што зло.

Ова согледување на љубовта зад процесот, навистина е она што е просветлувањето. Сега гледаме добри и лоши настани околу нас, работи што ние сакаме да се случат и работи што сметаме дека не треба да се случат. Ова чувство, дека правиме нешто исправно или правиме нешто лошо, дека ние правиме определена акција и сме казнети за тоа, дека постои добра сила и лоша сила во стварноста -тоа не е стварност. Ова е начинот на кој тоа и се појавува на волјата да прима, а просветленост значи, дека можеме да видиме, и покрај сè што ни се појавува нас, која вистинска, обединета Мисла се крие зад тоа.

Придружете ни се следниот пат, кога ќе погледнеме во силата на развојот, причина за страдањето и како можеме да се издигне над тоа.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica