12.09.2010
Без статиите на Рабаш, ние не би знаеле како правилно да се ориентираме кон целта, бидејќи Баал ХаСулам ни дава апстрактни совети од огромна духовна височина. Ние не сме способни да извлечеме оттаму детали за своето соединување, за да направиме барем еден чекор и практично да го реализираме.
Рабаш почнува директно од првата, почетна точка и ни го објаснува секој чекор. После него ние веќе можеме подобро да ја разбереме и да ја реализираме методата на Баал Ха Сулам. Кога доаѓаме до непосредна реализација на Кабалата, дејството на откривање на Создателот, ни стануваат неопходно потребни статиите на Рабаш и книгата Зохар. Статиите на Рабаш ни помагаат да ја оформиме правилната намера, а книгата Зохар – да се привлече таа намера, која го открива духовниот свет, Светлината.
Рабаш го направил тоа што не го направил ниту еден кабалист пред него – тој ги опишал сите фази на внатрешната работа на човекот, односно практичната реализација на Тора. Тој бил единствен во целиот синџир на кабалисти, почнувајки од Адам Ришон, кој дал конкретно, чекор по чекор, последователно објаснување на работата на човекот и групата, толку неоходно потребни денес. Пред него кабалистите пишувале секој за своето индивидуално постигнување, затоа што такво било духовното напредување во времето на 2000-годишното скривање, прогонот од духовното.
Пред излегувањето во прогонство, народот престојувал во духовното постигнување, и немало потреба и да се зборува за тоа, дека секое дете постигнувало по мерка на своето растење. Но денес, за да се искачиме од скривањето, нам ни се потребни материјали, кои би не насочиле кон влезот во духовниот свет. А тоа е можно само со изучување на статиите на Рабаш. Без статиите на Рабаш, ние не би можеле правилно да ги разбереме и другите кабалистички извори.
Затоа нашата работа се дели на два дела:
1. Изучување на статиите на Рабаш.
2. Ако ние правилно се насочуваме себеси, тогаш преминуваме кон книгата Зохар или "Учението на Десетте Сфирот" и веќе можеме правилно со нив да работиме – да ја предизвикуваме исправувачката Светлина.
Рабаш бил многу затворен и скромен, секогаш престојувајки во сенката на својот голем татко. Целата негова сила и моќ биле скриени длабоко внатре, така што невозможно било од страна што било да се види. Тој прв почнал да ги обучува за кабалата нерелигиозните, не правејки никаква разлика во потеклото, и го сметал за многу важно широкото распространување на кабалата.