15.05.2011 -
Прашање: Денес човештвото е пред глобална опасност за своето постоење. Дали ова ќе ги мотивира силните да се променат?
Одговор: Не. Егоизмот решително ќе стои на своето. Освен тоа, претстави си што ќе се случи кога ќе се разјасни дека нивните пари ја изгубиле својата вредност. Порано парите биле од метал, а денес се хартиени и во нив нема ни злато ни сребро. Еден прекрасен ден ти ќе отидеш во банка и ќе ти речат:
- Убава хартија, но со неа не можеш да направиш ништо. Ние ги немаме десетте милијадри долари кои се нацртани на неа. Ако сакате почекајте, има нешто ситно и ќе добиеш, да речеме, десет грама сребро или дури злато. Затоа што хартиите од вредност ќе ги разнесе ветерот, нема да вредат ништо.
Каде се богатите и силните? Каде се сокрија? Кризата ќе доведе до тоа огромните капитали и долгови да се претворат во ништо, бидејќи немаат вистинска основа. Ние одамна повеќе тргуваме со пари за пари, отколку со стока за пари. Банките и нивните клиенти си менуваат хартии, си играат „професионални игри" кои со ништо не се поврзани со реалноста. Како страсните играчи на „Монопол" кои се гордеат со заштедените „активи", како тие да се нешто вистинско.
Сепак, не мислам дека ова ќе доведе до голема експлозија. Станува збор само за една гранка од кризата. Таков колапс не можеме да си дозволиме и затоа ќе го одолговлекуваме до последен. Затоа што жителите во градови, кои се во поголем процент во светот, останувајќи без пари нема да можат да се прехранат, тие немаат градини и стока. Затоа таков развој на настаните не можеме да си претставиме.