Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Барање до Создателот

Прашање: Што значи да побараш да се поврзеш со Создателот кога си во тешка состојба, наместо да се обидуваш самиот да ја совладаш тешката состојба?

Одговор: Мудроста пристигнува единствено со искуството. Ние треба да почувствуваме темнина многу пати, а потоа Светлина, па повторно темнина и Светлина. Така е, ние треба да минуваме низ многу непријатни и пријатни чувствувања, дали се чувствуваш лошо или добро, од било кој вид на духовна или материјална причина,  јас не можам ништо да сторам во врска со тоа. Илјадници вакви искуства треба да се сменат во мене додека јас не почнам да разбирам дека моето сознавање зависи од мојата проценка. Зависи од важноста дека јас се поврзувам со духовните особини на поврзувањето, љубовта, и мојот однос кон останатите. Јас веќе започнувам да претпоставувам што е скриено во оваа темнина и тоа го чувствувам. Јас не чувствувам добро или лошо, туку добро или лошо е поради мојот однос со групата, кога јас анализирам колку е важно, или не, да се однесувам добро со пријателите.

Има многу чекори по овој пат, многу мали етапи, сè уште не се духовни, туку психолошки препреки кои што мора да се надминат. И потоа пристигнува разбирањето, будењето надвор од темнината. Започнувам да размислувам за екранот, за времето кога ќе можам да бидам над овие чувства. Ние мора да минуваме низ добрите и лошите чувства, низ ноќта и денот. Сè до крајот на поправката. И покрај тоа што секој минува низ ова на негов начин, на крајот јас почнувам да чувствувам потреба да се кренам над овие чувства. Јас повеќе не сакам да зависам од нив и да бидам нивен роб, туку сакам да бидам заштитен од нив со штит. Кога во мене ќе се кренат различни видови на импресии, тие не треба да го допрат моето однесување кон пријателите, кон духовниот пат, кон важноста на целта и на Создателот. Јас сакам да бидам независен во тоа, од мојата егоистична желба и нејзните таги. Ова барање се раѓа во мене: Сакам да бидам над страдањето од егоизмот, слично на однесувањето на еден вистински човек, во овој свет, кој храбро стои на нозе, и ништо не може да го мрдне, никакво влијание однадвор.

Од овој момент, јас имам директна поврзаност со Создателот бидејќи јас почнувам да побарувам од Него. Засега, јас прашував единствено за добри чувства, убави состојби, слатки исполнувања, односно, јас побарував замо за мене. Сега, јас барам да се кренам себе над сопствените желби, и ова е исправното побарување од Создателот. Сакам да се однесувам кон Мајсторот истотака еднакво, во иста насока, додека останувам над  чувствата, над тагите на моето его. Ова го нарекуваат „анти-егоистичен екран“, (Масах). Се разбира, овие екрани имаат броеви на степени и опции, но работата со Светлината започнува од овој прв екран. Јас сакам да ја ограничам мојата желба за уживање. И природно, чуствувам сè што се случува во неа и загриженоста во мене. Но сите овие чувства се варат во мојот стомак, не ја допираат мојата визија, срце и ум. Има поделба (Парса)  меѓу нив, која што во моето тело ја чувствувам како дијафрагма: со бели дробови, срце и мозок.

Од подгототовките за утринската лекција, 28.03.2013

Хармонијата на фактите и бројките

Прашање: Што е разликата во намерите кога ние учиме од Книгата Зохар и од Студијата за десетте Сефирот? 

Одговор: Во принцип, не постојат. И двете книги биле напишани од нивото на ГАР од светот на Ацилут. Овие два јазика едноставно се комплетираат еден со друг и на тој начин ни помагаат. Ако читаме книги кои што се напишани само на јазикот на Мидраш, тогаш нас не ни е јасно што е потребно да допринесеме. Некој може да се најде себеси во одвоени детали и ќе го бара нивното значење, некој друг ќе се обиде да извлече сличности, и така натаму. Токму затоа, со цел да се утврди, да нè стабилизира со исправен пристап и да не ја сврти Книгата Зохар во нешто што веќе е направено со Тора, во која што секој го пронаоѓа она што му се допаѓа: психологија, социологија, историја, право, и така натаму. Баал ХаСулам внесол вид на „механика“ на зеднички духовни активности во нашето учење. Благодарејќи на тоа, ние знаеме за што тој навистина говорел. Неговите книги го опишуваат методично - духовниот систем на концепти, и дури иако јас сè уште не сум таму емоционално, јас веќе можам во основа да ја замислам суштината: десетте Сефирот, односот меѓу бив, нивните акции во однос на Вишата Светлина пронајдена над нив, како тие се исполнуваат и идентификуваат од неа.   

И така од почеток, јас можам да се задржам на правиот пат без да скршнам. После тоа, јас можам да започнам со појаснување зошто авторот вака пишува, така се пренесуваат чувствата, се користат зборови како овие од нашиот свет. Баал ХаСулам ни го пренесува Вишиот систем каде што е определено спрема природата на работите што се наоѓаат во понискиот систем, каде што ја гледам мртвата природа, растителната, животинската природа, луѓето во сета различност и раскош, и сите заеднички поврзаности меѓу нив. Моите чувства потекнуваат од светот во кој се наоѓам, но во истовреме Баал ХаСулам го опишува вишиот свет за мене.“ Погледни како е направен.“ Без да одберам што да сторам, јас започнувам да воспримам еден вид на стимулација, започнувам да поврзувам навидум одделни детали, па така напредувам напред. Постојат многу скриени работи кои што ние не ги знаеме. Кога ние започнуваме да стануваме малку почувствителни, дури подсвесно, со благо чувство, ние воспримаме просветленост која што нè развива.

Од 2-от дел на утринската лекција, 28.03.2013. според „Зохар“

Капките на среќата

Прашање: Веќе ни е апсолутно јасно дека позади желбата на пријателот, таму постои Создателот. Но, таа мисла непрестано се оддалечува од нас. Ти мислиш „јас давам и давам, но кога ќе имам некаква корист од сето ова?„ Од друга страна пак, играта е наместена, и сите состојби беа претходно договорени: Вадањето на Мојсеј од реката, скокањето на Нашон во водата, земањето на последниот камен од Вавилонската кула... Навидум постои еден вид на влијание кое што го прави можно тоа, за ние да бидеме сместени во таа состојба. Вие рековте дека е можно дасе научи, со тек на време, и да се направи напор да се поврземе, но потребно е среќа за сè. Што  е тоа „среќа“ во духовното и како таа се добива?

Одговор: Среќата некому му пристигнува под услов тој да е спремен да учествува во „играта.“ Тоа е исто како јас да отидам во казино, и играм на нула, па на црвено... Не се откажувам, јас верувам во среќата и навистина инсистирам: среќата мора да пристигне. Ги вклучувам моите соработници, пријатели и мојот учител, тие да ме насочуваат, по прецизно. Мора да ги вклучиме мудрите кабалисти кои што нè донесоа до овој пат. Тие до сега ја водеа играта многу добро, правилно, чувствително и ефектно. Дополнително, ние го внеуваме Создателот: ако сториме сè како што треба, тогаш ќе добиеме помош од Него, и ќе добиеме „знак за добра среќа.“ Тоа може да се постигне единствено на овој начин. Наша среќа е дека ние сме веќе одбрани за посебна улога: да го водиме светот кон поправањето. Ако ја прифатиме оваа „карта“ и бидеме спремни да играме на неа, ние веќе имаме нешто во рацете. Од друга страна пак, ние исто така мора да ја земеме и другата „карта,“ - групата и учителот, со кои заедно ги уредуваме општите правила на играта. И ако организираме сè како што треба, тогаш имаме некој со кого може да играме, со Вишата Сила, со Создателот. Потоа, среќата пристигнува: Вишата Светлина, во се слие кон нас, во капки. Таа не тече, туку повеќе капе. Но иако овие капки слегуваат со прекини, на крајот тие нè поправаат и поврзуваат, нè обликуваат во таков облик во кој Создателот ќе биде откриен меѓу нас. Тоа се нарекува „среќа.“  Да се биде среќен значи да се биде спремен за работа, примајќи капки од Светлината, без очај во интервалите меѓу нив, туку да се биде во негативна и позитивна состојба, во темнината и Светлината, и поправајќи се самите на начин што сливањето на „среќата“ да стане силна струја. Тука сè  зависи од желбите, од нашите Келим. „Среќата“ му пристигнува некому само ако е спремен да ги прифати овие капки без да се жали и да продолжи по патот. Во меѓувреме не треба да им дозволиме на препреќите да станат „моќни води“. Секој не е спремен да издржи во овој процес. Ако некој е подготвен, тој има „среќа“...

Прашање: Со други зборови, секој не е во можност да се поништи себеси?

Одговор: Навистина, не секој. Како што е напишано: „Илјада влегуваат во собата, но еден излегува да учи.“ Како што е разбрано, не говориме за една личност во илјадници. Воопштено, здобивајќи се со методата е веќе голем исчекор нанапред. Во световите на Баал ХаСулам, дури ако луѓето дојдат во допир со методата макар и еднаш, наградата за нив е голема, и тие се креваат и одвојуваат од остатокот на човештвото. И покрај сето ова, многумина не успеваат по патот. Од што тоа зависи? Од истата таа „среќа“...

Прашање: Но сè што е во мене е е обликувано од Создателот. Каде е судниот миг, каде што некој што работи не е Тој, туку сум јас?

Одговор: Пресвртницата е во следново: единката треба да мине од неговиот однос кон Создателот и студиите, од себе кон пријателите. Тоа е поентата. Ако тој е подготвен да се свитка себе, но не да се скрши, ако тој е спремен да издржи, да го напушти патот додека ја открива вистинската омраза, тогаш тој постигнува големи промени. Во главно луѓето се кршат на оваа точка: Тие се спремни на сè, освен да се поништат себеси пред пријателите. Пресметките постојат, поправувања: семејство, деца, секојдневниот живот, духовната гордост... на кратко постојат многу проблеми, но ова е еден прецизно тест, Создателот може тука да помогне. На еден или на друг начин, резултатот е познат од самиот почеток, вербата на единката не е забележана од почетокот. Дали тој ќе биде спремен да се свитка себе? Неопходно е да се работи на апсолутно поништување кон учителот и кон групата. Тука е потребна „среќата“...

Од говорот во текот на празничниот ручек, 28.03.2013

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica