Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Бегство во место

07.02.2011 -
Прашање: Од искуство ние знаеме дека на духовниот пат се случуваат подеми и падови. Што ќе ми помогне да побегнам од бојното поле?

Одговор:"Бегство" – не значи мирно да напуштиш сé. Не, ти продолжуваш да седиш на часовите, љубезен си и добронамерен со пријателите, ги извршуваш сите закони на групата, земаш учество во дежурствата, плаќаш маасер – иако во суштина одамна си побегнал на друго место со мислите и чувствата. А можеби навиката да се биде во групата стана твоја втора природа. Токму тоа е бегство.

Физички си на местото, но ние проценуваме не според телата, туку според желбите и намерите – кои кај тебе можеби одамна одлутале во далечни земји. Тоа значи ти не си тука.
Со други зборови за време на учењето ти не вложуваш разум и чувства, желби и мисли за да добиеш Светлина која враќа кон Изворот. Така се испоставува дека си побегнал. Неколку години седиш тука за потоа да прашаш: "А каде е мојата награда?" Односно твоите егоистични претстави за наградата ниту најмалку не се промениле.

Така што човекот мора да се проверува: бега ли тој или не? Таа работа се врши постојано, секоја секунда. Како што пишува Баал ХаСулам во "Предговорот кон ТЕС", т.18, важно е да не се оддалечуваш од главното – од скриената Светлина во Тора, која враќа кон Изворот. И пред сé – за време на учењето. Зошто дури и подготвен, човекот на часот може да побегне со мислите од целта. Ако пет минути си ја имал намерата а потоа си ја испуштил, тогаш сите три часа поминале напразно.

Од утринската лекција по статија на Рабаш од 07/02/2011

.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica