Прашање: Цело време слушам, дека Создателот е добар и носи добро, но сè уште тоа не го чувствувам. Како тогаш можам да престојувам во радост?
Одговор: Ние навикнавме да се радуваме тогаш кога чувствуваме дека победуваме. Ако егоизмот секој момент победува, мене ми е удобно, добро, топло, пријатно: парите одат на мојата сметка, постепено се собираат во голем капитал – и јас се насладувам. Фала му на Бога, сè е добро, наскоро ќе одам на одмор и ќе отпатувам со брод на море, во сабота ќе игра мојот омилен фудбалски тим – има радост во животот! Тоа кај нас се нарекува „радување“, но тоа е насладување во егоистичката желба: или од сегашноста или од очекувањето на иднината. Така ние живееме. Ако јас не чувствувам насладување во сегашноста и во исто време не очекувам во иднината, тогаш ќе можам да умрам. Човекот не може да егзистира без насладување – ако не сега, тогаш барем во иднината, во некоја надеж. Во спротивно подобро смрт, отколку таков живот. Се поставува прашање: како ние можеме да се радуваме во состојба кога многу посакуваме духовно откривање, но го немаме? Ако го немаме сега, тогаш сè зависи од надежта на иднината, од фактот, дали сум убеден дека на крајот ќе го има? Јасно е, дека сега немам ништо! „Судијата располага само со она што го гледаат неговите очи“, и јас гледам дека не го открив духовниот свет, дека не го сфаќам и не го чувствувам. Но дали сум убеден дека ќе го откријам? Ако се наоѓам во групата, и групата ми пренесува убеденост, дека одиме во пресрет на откривањето и сигурно ќе го достигнеме, тогаш јас ќе бидам радосен! Пријателите ми даваат сигурност во успехот. Без тоа јас нема да можам да напредувам, едноставно ќе спијам по цел ден, за да не страдам заради тоа што денес нема никакво насладување, и не го очекувам во иднина. Не е можно да се умре, останува само да се спие – во најмала рака ништо да не чувствуваш.
Тоа е она што се случува со човекот. Таква е природата, тука нема што да се прави. Прашање е како со тоа да се бориме: како да се пробуди опкружувањето, за да повлијае врз нас и да нè направи радосни и исполнети со сила. За тоа е потребно да се ценат пријателите и да се биде поврзан со нив. Освен тоа, потребно е сите заедно да ја пробудиме опкружувачката Светлина, за таа цело време да нè буди и да ни дава инспирација. И тогаш јас нема само да се инспирирам од зборовите на луѓето, туку преку нив ќе добијам светење одозгора. Тоа вишо светење се нарекува „верба“. Вербата – е сила, која можам да ја дадам, без оглед на фактот, дека не добивам ништо за возврат. Се чини дека тоа е невозможно, но Светлината ќе повлијае врз мене и ќе ми даде способност така да постапувам. Тоа се нарекува сила на вербата. Да давам, без да добивам нешто за возврат – јас не сум способен на такво нешто, согласно со мојата природа! Но Светлината ми дава таква особина, и јас ќе можам. И тогаш мојата радост нема да биде поврзана со наполнувањето во моите желби. Како што е речено: „Среќен е оној, кој е задоволен од својата судбина“. А каква судбина има тој? Нема ништо! Но тој е среќен. Можеби е луд или многу глупав? Не, тој всушност е богат и среќен! Богаташите не се чувствуваат среќни, бидејќи постојано се во трка за сè повеќе пари – а тој не. Токму тоа се нарекува да се чувствуваш богат и среќен. Нему не му треба ништо повеќе – замислете какво прекрасно чувство е тоа. Ниту еден милијардер не чувствува ништо слично. Сите тие сакаат сè повеќе и повеќе пари. Тие се најсиромашни од сите! Ако на обичниот човек му недостасуваат илјада долари, ним им недостигаат милиони, милијарди. Тогаш кој од нас е посиромашен, кој има поголем недостаток? Односно сè зависи од опкружувањето и светењето на опкружувачката Светлина.
Вовед во науката кабала (Птиха)", 07.04.2014
Структура на хаосот
Неверојатниот Макс Шупбах, миротворец, медијатор, специјалист за меѓународни конфликти, консултант на владини организации, политички партии, меѓународни невладини организации, племиња и религиозни заедници. „Олеснувал изградба на заедници во српско-хрватските логори за бегалците во текот на војната во Југославија и односи меѓу затворениците, поправниот персонал и затворската администрација во затворите со строг режим. Презентер на многубројни општествени отворени форуми за проблемите и прашањата од јавен интерес: неодамна бил одржан отворен форум, фокусиран на односите меѓу исламот, јудаизмот и христијанството во Германија“
„Она, што се чини дека е хаос во сегашниот момент, има јасна структура. Настаните, кои ни се чинат чудни, всушност имаат значење, и токму тие се водечка сила на промените. Во она што денес се маргинализира, се крие иднината на организацијата и утрешницата за заедницата. Во нетрпеливоста, во проблемите постои скриена смисла. Кога би ја откриле целата информација: мерлива и немерлива, рационална и нерационална, логичка и емоционална, - би откриле оригинални решенија, кои првично биле вградени во ситуацијата и како можеме да се станеме креативни, достигнувајќи ја целта.
Лидер — не е оној, кој се знае, туку оној, кој може да изгради искрени односи, да реши конфликти. Неговата основна вештина е – сфаќање на процесите што се одвиваат, љубов кон промените во работата со себеси. Мајстор – не е статус, туку пат, на кој методите кои вие ги изучувате ќе станат ваш начин на живот. Треба да бидете свесни дека ќе треба да учите цел живот. Мајсторот сфаќа дека неговата судбина, неговиот пат на оваа планета има одредена насока, а негова задача е да оди по тој пат и да го направи корисен за опкружувањето. Во обидот тоа да го достигнете, вие, постојано сопнувајќи се, ќе учите нешто ново. А со текот на времето ќе научите да ги прифаќате и успехот и неуспехот, како нешто позитивно. Ќе престанете да се радувате кога ќе успеете во она што сте го замислиле, или ќе престанете да бидете огорчени ако нешто нема да ви успее – бидејќи ќе дојде сфаќањето дека и успехот и поразот се само делови од нешто многу поголемо.“
Реплика: Добро е да се види како психолошките заклучоци се приближуваат до кабалистичките.