Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Ве очекувам во Новосибирск!

Прашање: Подемот, кој се чувствува на конгресот се култивира специјално: и на трпезите, и на лекциите, и во паузите. Дали е потребно после конгресот да организираме соединување во нашиот секојдневен живот?

Одговор: А како поинаку?! Конгресот е потребен токму за тоа, да не помине бадијала, за после него да започнеме сериозна работа за соединување во овој регион, за да се формира многу силна сибирска група од сериозни момчиња, кои нависитна би се сплотиле во Транс-Уралскиот регион, за навистина да се почувствуваат како домаќини и да почнат добра работа меѓу нив. Тие можат да направат напор, имаат добра околина – еколошки незагадено духовно пространство. И затоа јас сметам дека тие можат да направат големи дела. Тоа е многу погодно место за духовна работа. Се надевам дека ќе го почувствувам тоа, ние ќе се поврземе со нив, а потоа заедно ќе се движиме понатаму. Ви посакувам сè најдобро! И уште еднаш ве замолувам: кој има можност, дојдете, јас сакам сите да ве видам. Нема да загубите! Од ова може да се има само корист! Дојдете, за потоа да не жалите. Ве очекувам во Новосибирск!

Подгответе се да ја привлечете Вишата Светлина! 

Прашање: Какви дејства се најефикасни на конгресот во Новосибирск за привлекување на Вишата Светлина?

Одговор: Најактивни дејства на конгресот – се семинарите. Пред секој семинар има лекција или беседа. Тогаш ние обработуваме одредена тема, потоа на иста тема спроведуваме семинар, и дури потоа се прашањата и одговорите. Тоа е главниот „пакет” кој ќе се реализира двапати дневно. Затоа за цели три дена ќе се добијат шест обучувања. Освен тоа, ќе има други многу ефикасни активности. Најважни од нив се собирите на пријателите, (Јешиват Хаверим), неопходни за „загревање” на 15-30 минут пред утринската лекција. Потоа трпези, кои ќе се спроведуваат во форма на собири со настапи, претставувања на групите и така натаму. Генерално, конгресот ќе содржи многу активности. Но, собирите на пријателите и семинарите се најосновното. Најважно е вашето комуницирање, во кое сум и јас. Сите заедно ќе ја привлекуваме врз нас Вишата Светлина. Затоа, подгответе се!

Конгрес: најрадосен миг

Прашање: Ние честопати размислуваме, како да дојдеме до состојба на молитва. Од друга страна, конгресот е толку радосно дејство...

Одговор: Молитвата не треба да е тажна. Молитва е очекување на поправката. Зарем треба да плачам, да стојам на коленици и да чукам со главата во ѕидот? Ништо од ова! Молитвата е чувство во срцето. Јас сакам моето срце да се поправи. Го подготвувам, за да претрпе промени, да престане да биде егоистично, да престане да мисли за себе. Веднаш штом срцето престануваа да мисли за себе, јас почнувам да го чувствувам Вишиот Свет. Тоа го сакам! Тоа се нарекува молитва! Ништо друго.

Прашање: Но ние говориме, дека треба да стигнеме до состојба на очај, немоќ, некое тешко чувство, додека пак конгресот симболизира состојба на радост, соединување. Како тоа да се спои во едно?

Одговор:  И тоа е многу лесно. Очајот треба да биде радосен. Односно, јас се разочарав од моите сили – гледајте што сум постигнал! Јас веќе не се надевам на себеси. Баал ХаСулам пишува, дека нема порадосен миг во животот на човекот од тој, кога тој чувствува дека никако не може да си помогне, и ништо нема да му помогне, освен ако не се случи чудо во Вишото, - токму тогаш тоа и се случува. Нема порадосен миг од чувството, дека само тоа ќе го спаси. Што може да биде подобро од ова?

Конгрес: бараме животен сопатник

Прашање: На конгресот во Новосибирск се планираат активности за запознавање не само на млади момчиња и девојки, туку и на возрасни мажи и жени, со цел – создавање на кабалистичко семејство. Што ќе им посакате?

Одговор: Внимание! Внимание! На конгресот ќе има посебна активност за запознавање помеѓу немажени и неженети, млади, почетници или идни кабалисти. Јас тоа многу го поддржувам. На човекот му е потребна помош на патот. И мислам, дека тоа на сите им треба. Ако имате можност – подгответе се и дојдете. И ако сè уште не сте формирале семејство, ќе ви посоветувам да се обидете да пронајдете пар за себе токму меѓу кабалистите. Многу се радувам, дека на конгресот ќе има таква активност, бидејќи - колку повеќе кабалистички семејни парови има, толку е подобро.

Од виртуалната лекција, 25.11.2012, на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica