Во ноември во Тел-Авив ќе се одржи меѓународен кабалистички собир, на кој ќе се соберат сите кои ја изучуваат кабалата во рамките на нашата Академија во Израел и во целиот свет. Тоа ќе бидат три дена на соединување! Ние организираме такви собири пред се, затоа што постои наредба на кабалистите, согласно на која ние мораме да ги спроведуваме средбите и собранијата, за да се соединиме. За тоа пишуваа Рабаш и Баал Ха Сулам, а тоа произлегува и од делата на Ари и Рамхал, дури и од напишаното од раби Шимон и Аврам.
Бидејки исправувањето се случува само благодарение на соединувањето на душите, а соединувањето започнува од општењето. Но внатре во општењето постои една идеја: да се достигне такво соединение, кое ќе се нарече "Создател", давање, духовен мир. Внатре во тоа соединение се откриваат световите (оламот) – т.е. од скривањето (аламот) преоѓаат во откривање, и се повеќе и повеќе се открива Создателот, наместо да се крие позади световите/скривањата.
Со други зборови, во врската помеѓу нас се повеќе се открива давањето, љубовта – тоа и се нарекува откривање на Создателот. И кога таа особина се открива меѓу нас, ние почнуваме да чувствуваме дека живееме и постоиме внатре во него, искачувајки се над чувствувањето на овој свет.
Откривањето на Создателот може да се реализира под услов, ако ние ги извршуваме дејствата во рамките на овој свет, почнувајки од тука, и ги продолжуваме веќе во духовниот простор, кој се открива во врската помеѓу нас. Затоа ни е неопходно така да се среќаваме и соединуваме, користејки ги сите можности, кои ги дозволува овој свет: физички или виртуелно – за да ги воспоставиме многу поблиски врските. Ние сакаме насекаде да разгласиме за ова случување и да приклучиме кон него што повеќе луѓе, без никакви ограничувања.
Секој човвек, од секое катче во светот, може да допатува и да земе учество, ако чувствува, дека тежнее кон оваа идеја. Задачата на учениците на Академијата – е да се подготви ова собирање, а самиот собир е наменет за сите што имаат желба!
Од утринската лекција 12/09/2010