Прашање: Ако на крај целиот пројден пат се поништува, која е смислата од сите наши денешни дејства?
Одговор: А како на друг начин може да се достигне апсолутна љубов? Како да се изгради, бидејќи секое следно скалило се гради врз основа на претходното? Целиот пројден пат се поништува – слично на тоа како што се открива дека цел овој свет е имагинарен.
Кога ти го достигнуваш крајот на поправката и се вклучуваш во почетната точка на создавањето, во неа се сливаат како еднакви состојбата "1" (почетокот на создавањето) и состојбата "3" (крајот на поправката).
Додека состојбата '2" (процесот на поправка) како да престанува да постои. Таа се вклучува во состојбата "3" заедно со состојбата "1" како ништо да не било, и сето само ни се чинело! Сите промени се случувале само во нашето чувствување, неопходно беше да ги доживееме сите тие состојби за да можеме да го сфатиме Создателот и да почувствуваме, да се припоиме кон Него и да се споиме со Него.
Сите светови (оламот) – значат "скривања" (аламот), и тие светови – скривања исчезнуваат! Тие биле потребни само за да го создадат ова постепено растечко скривање, проблемите и страдањата кои нè пробудуваат, за да почнеме полека да ја постигнуваме одоздола-нагоре единствено постоечката во реалноста состојба. Освен неа ништо не постои.
Сите наши поминати состојби се потребни за да се направат откривања – тоа се 125 скалила на откривање на таа совршена состојба во која ти секогаш се наоѓаш. Само што не можеш да ја постигнеш веднаш, и затоа го правиш тоа постепено, по делови: уште нешто си сфатил.
Уште нешто си почувствувал. Како да ја "јадеш порцијата" дел по дел – тоа значи да се креваш по скалилата на световите. Но всушност тие светови не постојат, освен во твојата перцепција. Откога ќе постигнеш сé – нема да има потреба од нив. Сепак тие навидум постојат во мене, бидејќи по нив сум се искачил до крајот на поправката, до конечното спојување?
Сето тоа е точно, но тоа е само твое чувство, пат на постигнување. Додека во реалноста постои само една совршена состојба, која постоела и пред и после тебе – Малхут, исполнета со Светлината на Бесконечноста како на самиот почеток така и на крајот.
Од утринската лекција според статијата “кабалата и филозофијата“ /03/01/2011/