Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Виртуелиот простор за внатрешна поврзаност

21.02.2011 -
Прашање: Ние гледаме дека луѓето од новата генерација не сакаат да се зближуваат едни со други. Затоа толку и се развил интернетот,бидејќи му овозможува на човека да дејствува оддалеку, без да биде физички присутен во друштвото и да воспоставува контакти, не соединувајќи се вистински. Како тогаш да им се понуди метода која целата е заснована врз соединувањето и влијанието на опкружувањето?

Одговор: Тоа е многу добар знак – значи веќе постои осознавање на злото. Човекот не сака на никој да му се приближува ниту да го допре, се чувствува како индивидуалист, неповрзан со никој, на кој никој не му е потребен: ниту родители, ниту жена ниту деца. Тој сака да остане сам со себе. Сега секому му е потребен посебен стан. Во минатата генерација секој имал потреба од посебна соба. А уште порано воопшто немало таков проблем, луѓето живееле во една соба и не си пречеле едни на други.

Рабаш раскажувал дека кога се оженил се преселил да живее во домот на неговата жена, чие што семејство било познато во Ерусалим и поседувало двособен стан. Но сите тие, родителите и децата, живееле во една голема соба, додека другата ја издавале, сметајќи дека не им е потребна. Ноќта кога доаѓало време за спиење на подот простирале душеци а наутро ги собирале и ги ределе во аголот. Освен тие душеци и малечка масичка за јадење во собата немало ништо друго. Така живееле луѓето во Ерусалим во почетокот на 20 век.

Денес, пак, човек не може да ја трпи покрај себе во собата дури ни својата жена. Така се сменила нашата природа која ние треба да ја разбираме, и затоа сакаме да преминеме кон виртуелна поврзаност. Виртуелната поврзаност – е потрага по повисоко ниво на комуникација. Тоа не е само замена на еден тип на поврзаност со друг – тоа е поврзаност на повнатрешно ниво.

Кај нас се појавува стремеж да се поврземе со внатрешниот свет на човекот, на нивото на неговата психологија. Но, наскоро луѓето ќе се разочараат од интернетот и ќе сфатат дека тој не може да ја задоволи нивната потреба за вистинска внатрешна поврзаност. Сите СМС, е-маил, социјални мрежи – не можат да дадат одговор на барањето, кое сега се открива во нас и кое ние самите сé уште не го разбираме.

Ние чувствуваме дека треба се соединиме, да ја сфатиме Природата, светот, сé да почувствуваме и да разбереме на многу повисоко ниво отколку сегашното. Младата генерација сé уште е недоволно свесна за таа своја внатрешна потреба – но тоа не е потреба од виртуелна поврзаност која постои денес, туку од многу повнатрешна, сетилна поврзаност. Таа може да се постигне само ако преку виртуелната поврзаност се дојде до употреба на науката кабала. Наскоро тоа ќе ни се открие.

Од утринската лекција според статија “Вовед кон Паним Мериот“ од 21/02/2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica