Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Вистина и совест

Прашање: Дали екранот и совеста се меѓусебно поврзани?

Одговор: Совест е релативен поим, додека екранот, (масах) е апсолутен поим. Совест е став на самиот човек.

Во духовното, во кабалата, нема дефиниција на совеста, постои дефиниција на вистината, бидејќи совеста е поврзана со моите внатрешни доживувања, со мојот егоизам, со мојата желба. Зошто екранот е апсолутен поим? Затоа што јас се кревам над себеси, и веќе не можам да работам со својата совест. Јас чувствувам во кој степен таа постојано зависи само од мојот внатрешен егоизам: според совеста јас постапувам вака, а некој друг – поинаку. Зошто секој од нас постапува различно, и секој смета дека е во право? Зошто луѓето, тргнувајќи од својата совест, извршуваат две сосема спротивни дејства? Затоа што тие работат внатре во егоизмот. Ако пак, се поткренеш над него, тогаш излегуваш „од себеси”, и состојбата кога дејствуваш не тргнувајќи од своите желби, е токму вистината. Затоа, совеста од духовна гледна точка е кога постапуваш над својот егоизам.

Од утринската лекција, 14.10.2012   на  Каб.ТВ

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica