16.12.2010 -
Прашање: Во овие денови кога секоја секунда до нас доаѓаат некои нови предизвици од сите страни и ние само се бориме со нив – какви необични средства за тоа, кои ги нема никаде, предлага кабалата?
Одговор: Науката кабала ни објаснува, од каде доаѓа целото зло и која е причината што ни е лошо. Таа тврди, дека злото не доаѓа од некаде однадвор, од другите луѓе или случајно – туку ни посочува директно навнатре, говорејќи ми: ти самиот си причината за сето зло!
Со ова човекот многу тешко се согласува, и затоа веднаш ја отфрла кабалата. Но откога кабалата ни укажува на причината на злото, таа објаснува, дека постои само единствена шанса да се дојде до доброто – да се поправи злото во себе, во добро! И тоа да им биде добро на другите, а не мене!
Се испоставува, дека освен што морам да признам дека целото зло е во мене и да се поправам себеси, за да им биде добро на другите до мене – јас морам уште со тоа и да се насладувам, воопшто не чувствувајќи ја својата состојба и грижејќи се само за доброто на другите? Кој ќе го купи таквиот метод?!
Затоа таа е погодна само за оние во кои постои точка на вистината и по својата природа тие веќе не можат да остануваат во лага – што и да се случи, потребна им е вистината! Такво барање доаѓа до човекот од страна на Природата, а не затоа што е тој толку добар и посебен херој.
Едноставно, желбата да се открие вистината – му станува поважна од сé друго во животот. Во него наеднаш се открива таква нова желба за вистината, која не постоела порано.
Тие пак, во кои постои само една поранешна желба – кон нашиот свет, подготвени се за измама. И затоа во сé е во трка по сето она што придонесува за таа измама, задоволувајќи го својот егоизам. Само тие, во кои се создала желбата за вистината, која не може да се потисне – со радост го примаат методот на кабалата. Бидејќи тие немаат излез, ништо повеќе нема да им помогне. Таквите луѓе напредуваат.
Ако пак човекот сега засега е способен да се согласи на некој компромис – тој ќе избега. Не треба за тоа да се обвинува или да се игнорира, бидејќи да си на негово место и ти би го направил истото...Тоа е природа: која од двете сили е поголема, таа ќе надвладее – механиката е многу поедноставна. Зошто до сега не си замолил...??
Откога одозгора ќе те доведат во групата – веднаш почнувај со нејзина помош да ја креваш важноста на целта, за да го зголемиш тоа што ти е дадено првично како една прва искра. Бидејќи само заради таа важност ти ја надминуваш лагата и ја купуваш вистината. Ако не ја добиеш таа важност од групата – или ќе се вратиш назад кон лагата, или ќе седиш и нема да правиш ништо, немајќи сили да напуштиш сé , ќе се јадосуваш.
Според степенот на важноста – ти ќе бидеш подготвен да го трпиш страдањето на твоето его, а вистината да расте. Но тоа е многу болно.
Освен тоа, групата помага да се сфати, дека да се достигне нешто може само со молитва. Молитвата е молба за промена на желбата од примање кон давање, од разделувањето и омразата – кон соединувањето и љубовта.
Се сеќавам, кога некогаш шетавме со Рабаш во шумата покрај Бејт Шемен, и јас му раскажав за сите мои проблеми, негодував и викав десетина минути, додека тој спокојно слушаше и на крај рече: "А зошто не си Го замолил Него?" Многу ни недостига оваа молба.
"Сепак зошто не си замолил?" Бидејќи нашата природа не ни дава да дојдеме до неа, не ни дава да замолиме. Тоа не се вклопува во нашиот разум и срце, дека е потребно само да организираме молба за поправка. И луѓето се мачат месеци и години, немоќни да замолат – да ја кренат МА'Н...
Од утринската лекција според статијата "Слугинката ја наследува својата господарка" /16/12/2010