Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Вистината ќе израсне од земјата

06.02.2011 -
Прашање: Како да знаеме дека работиме правилно? Зошто понекогаш наградата се чини пријатна, но понекогаш непријатна. Според што да процениме?

Одговор: Не според сладкиот или горчлив вкус, туку според скалата "вистина-лага". Само тогаш човекот може да разбере дали напредува. Тука можеш да предложиш: "Ајде тогаш горчината да ја направиме критериум. Колку ми е погорко, толку сум поблиску до духовното". Каде го пишува тоа? Зошто тоа мора да биде токму така?

Напротив, само за анализа ти треба да се издигнуваш над горчливиот и сладок вкус кон вистината и лагата, за да ги откриваш и да се спојуваш со вистината. Меѓутоа спојувајќи се со неа должен си да ја достигнеш состојбата кога вистината и сладоста ќе бидат единствени. Сладоста треба да ја креваш кон вистината за "мракот да засветли како Светлина", за горчливото да стане слатко. Тогаш сé ќе се обедини во вистината.

Речено е дека вистината ќе биде фрлена наземи и ќе израсне од земјата. Со други зборови, во тебе израснува вистината која веќе ги содржи сите други детали на воспримањето: и горчината и сладоста и лагата.

Од утринската лекција според статија на Рабаш од 06/02/2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica