Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Внатрешна, а не надворешна група

15.05.2011 -
Прашање: Како да ги разјаснуваме односите во групата – да разговараме со нив, да работиме заедно, да сме присутни физички на едно место?

Одговор: "Сè се разјаснува во мислата", а однадвор не треба да се гледа ништо. Човек надворешно може да изгледа безличен, груб, нетрпелив, кој никако не покажува добра волја кон другите. Можеби таков му е карактерот или пак намерно се прави таков за да не му ослабат неговите големи внатрешни напори.

Треба да се бара внатрешниот лик на групата, односно местото каде што се наоѓаат сите наши желби, мисли, цели, заеднички надежи и да се држиме до него. Затоа што може да ти биде тешко да ја прифатиш групата според нејзиниот надворешен изглед. Затоа, треба да престанеш да обраќаш внимание на надворешноста, затоа што „сите престапи ќе ги покрие љубовта".

Ти си дошол на тоа место бидејќи таму се собрале луѓе кои имаат точка во срцето, така што зближувај се со тие внатрешни точки.

Од лекцијата според писмата на Рабаш - 15.05.2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica