- 15.05.2012 Самиот факт што човекот учи според методот на интегралното образование, го менува на таков начин што неговата парадигма и чувства го менуваат светот во кој живее, и тој го чувствува светот како сосема различно место. Може да речеме дека со создавање на замислен свет за човекот, ги менуваме неговите природни, психолошки, внатрешни параметри. Во целост, денес развиваме апсолутно ѕверски манири и гледаме дека не може да продолжиме вака да постоиме. Ова значи дека можеме да го промениме светот само преку нашата перцепција, и тоа и го правиме.
Тука веќе почнуваме да чувствуваме дека во човекот се случува вистинска, длабока внатрешна промена, и можеме да видиме како тој внатрешно се менува и целиот свет станува поразличен. Животот во суштина е чувство на нешто што не постои; тој е едноставно како што го чувствуваш. Затоа мораме постојано да извршуваме многу сериозна психолошка работа, во работилници, запознавајќи луѓе, во нашите чувства, во дефинициите: Што значи реалноста, релативно и објективно, што е општеството, кој сум јас и кој е статусот до кој мора да се држиме бидејќи сé постојано се менува и е многу нејасно?
Одеднаш светот и јас стануваме нешто што е неодредено, зависно, каде што можеш да го водиш човека во сите насоки: Каде ќе бидеме?
Мора да го имаме ова чувство бидејќи од една страна е поврзано со опциите кои ги има човекот. Од друга страна, овие чувства треба да бидат слободни и човекот мора да почувствува дека може да го промени светот и себеси и да се врзе себеси со другите. И другите ќе го согледуваат овој свет кој всушност е мала слика која се замрзнала во нашата имагинација, во нашите впечатоци, и може да се промени.
Најважно е да се отслика вистинската слика за човекот и што треба да биде: целосен излез од себеси надвор и чувството на една сила во природата, односно силата на дарување и љубов, на добрина и заедничка соработка. Кога ќе ја стабилизираме оваа слика, ова чувство, во умот на човекот и кога општеството ќе ја поддржи, ќе почнеме бестрашно да се менуваме, и дури ќе има внатрешен премин од егоистична перцепција на реалноста (во мене), до надворешна перцепција (од мене).