Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Во брод

Прашање: Ако секој човекот кој нè оставил прави дупка во нашето соединување, тогаш нашиот брод треба да биде целиот продупчен?

Одговор: Не, тие луѓе не учествувале во соединувањето и не мислеле во него да се вклучат. И затоа ги тргнале од нас – едноставно ги фрлиле во длабочината на морето, во нашето заедничко егоистичко море кое се нарекува Малхут.

Прашање: А кој се наоѓа во тој брод?

Одговор: Во бродот се наоѓа оној кој сака во него да биде. Бродот е екран кој нè поврзува заедно. Тоа е почеток на садот, првиот услов дека ние се наоѓаме во еден брод и се чуваме да не потонеме во огромното море на нашите нечисти сили. Во бродот се наоѓаат точките во срцето а под него се наоѓа огромното море на целиот наш егоизам. И тодаш бродот служи како заштитен екран, со чија помош ние се соединуваме со своите точки во срцето и не потонуваме. А наоколу се креваат бранови, разбеснето море на нашите егоистички сили (ситра ахра).

Од лекцијата по статијата „Заемна гаранција“, 02.06.2014

Влез, излез а на средината цевка

Прашање: Како да го анулирам овој волумен на желбите со кои ме дуваат и сето да го пренесам во насока кон Создателот?

Одговор: Треба тоа да се помине преку точката на скратување. Рабаш пишува дека човекот треба да направи од себе што повеќе нули во однос на пријателот кој го смета за единица, и да ги стави тие нули зад него, и така тој ќе порасне: 10, 100... Токму во тоа се состои нашата задача. Ако пак тој се смета себеси за единица а другите за нули, тогаш со тоа се смалува себеси: 0.1, 0.01... На човекот му праќаат секакви знаци на напредок и успех но тој мора сето тоа да му го препише на Создателот. Тој мора да се почувствува како цевка која се пренесува и во неа не останува ништо. Има влез и излез а на средината е само цевка. Ако човекот гради од себе таква „цевка“ тоа значи приближување кон Создателот.

Реплика: Кога постигнувам успех во некое дејство тогаш пукам од гордост како балон. И барам каде да земам игла за да го дупнам балонот и да донесам некоја корист на групата, да достигнам врска со Создателот – но не можам да ја најдам.

Одговор: Самиот нема да ја најдеш таа игла, треба да замолиш! Тоа се нарекува да се направи принесување на жртва (курбан) по достигнатиот успех, односно да се приближиш (каров) до Создателот после твојот успех, над твојата зголемена гордост.

Од лекцијата по статијата од книгата „Шамати“, 02.06.2014

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica