Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Во напад против внатрешниот непријател

Од егоистичка гледна точка, групата се замислува како туѓа сила. Но човекот може да ја искористи таа сила, да ја приближи кон себе, и таа ќе му помогне. Така тој почнува да сфаќа, дека неслучајно е создаден целиот овој голем свет, огромниот надворешен круг и другите кругови, кои сè повеќе се стеснуваат околу него. Но сите тие се неживи, растителни и животински, и од таму не може да дојде вистинската помош. Тие не можат да му помогнат на човекот, бидејќи немаат намера да се креваат над својата природа. Само групата, пријателите, се стремат да се кренат над природата. И не е важно колку тие тоа го сфаќаат. Создателот им ја дал точката во срцето, посебна желба да го бараат Него и да Го разоткријат. Само таа желба му е потребна на човекот во секој од пријателите. Во пријателите постојат голем број духовни искри, и ако ги собереме сите заедно, тоа безусловно ќе биде доволно за да се открие духовниот сад. Во него ние ќе можеме да го почувствуваме духовниот свет, Вишата Сила, која ја исполнува целокупната реалност. Затоа важно е да се собереме заедно, важно е да се соединиме, да се инспирираме еден од друг. Но најважно од сè, треба да го оправдаме секој пријател, без оглед на тоа како тој изгледа во моите расипани очи. Речено е, дека „секој суди според степенот на својата расипаност”.

Мене ми се чини, дека сум повисоко од другите, повеќе сфаќам, чувствувам. Но не е важно дека пријателите сè уште не го достигнале откривањето – важно е дека во секој од нив постои искра. Создателот вградил во секој човек  дел од Вишиот Свет, како со пинцета. Токму искрите, кои се наоѓаат во пријателите – всушност се моите пријатели! Токму тоа во нив е интересно за мене – искрата, која се наоѓа во срцето на пријателот. Ние треба да се однесуваме еден кон друг така, да ни бидат важни само тие искри во срцето на секој, делот на Вишиот Свет. Со тие искри јас треба да се соединам. На сето друго не му придавам значење: на физичкото тело и на самото срце, т.е. на збирот на сите други желби. Јас ним не им обрнувам внимание, важно е дека постои искрата. Јас треба да сфатам дека нападот не треба да се води против некој надворешен непријател. Нападот се води против пречките внатре во мене, кои ми пречат да се соединам со срцата на пријателите. Тоа е првиот чекор кон вистината.

Повторување на 1-3 лекција од конгресот во Израел - 22.09.2012

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica