05.01.2011 -
Прашање: Во неговата статија "Науката кабала и филозофијата" Баал ХаСулам пишува, дека "сé додека науката не се развие до својата совршена форма, ние треба да ја земаме предвид само конкретната реалност". До каква "совршена форма" ќе се развие науката?
Одговор: Науката ќе се развие до состојба кога ќе се спои со науката кабала и ќе се приклучи кон истиот тој правец. Впрочем нашиот свет ќе се крене и ќе се преслече во Вишиот свет, станувајќи негов неразделив дел и вклучувајќи се во него со сите свои дејства, со сите наши напори вложени дури и во материјата на овој свет.
Ништо не се губи без трага, сé припаѓа на еден универзум, на една реалност. Затоа природните науки исто ќе се спојат и ќе се вклучат во науката кабала како нејзин органски дел. Науката кабала го покрива целиот универзум, така што исто ќе ги опфати сите науки на нашиот свет. Веќе и сега таа ги опфаќа, само ни се чини дека тие постојат одвоено.
Бидејќи сите закони на овој свет - се истите закони кои постојат во духовниот свет, само отпечатени во нашиот егоистичен материјал. Ако материјалот работи со намера да прима "поради себе" на скалилото Малхут де-Малхут на светот Асија, тогаш се добиваат такви закони.
Во духовниот свет намерата "поради себе" припаѓа на клипот, нечистите сили – и таму се тоа духовни закони. А тука тие излегуваат материјални, без сфаќање дека се во намера "поради себе". Ако ја достигнуваме Конечната поправена состојба (Гмар Тикун), тогаш цел овој свет постепено сé повеќе се поништува и исчезнува. Ние сé помалку го чувствуваме и сé поголем негов дел се губи од нашата перцепција.
Ние почнуваме да чувствуваме колку сето е минливо и привремено. Небаре трансформациите на материјалот од една состојба во друга, кога формите се враќаат во првобитна состојба и од "експлицитни состојби" на тврдата супстанција се претвораат во течност, но потоа во не многу јасно изразено – во гас, а потоа во сосема нејасно – во нула/празнина...Сето тоа се случува во нашите сетила, во нашата перцепција. И ако нашата перцепција се менува, тогаш нема место за обична физика, која, всушност, се занимава само со неживата материја.
Биологијата, зоологијата, медицината – се занимаваат со растителното и животинско ниво. Целокупната наша наука не се крева над тоа ниво: неживото, растителното, животинското. На човечкото ниво веќе не постои "наука" во строга смисла на зборот – само регистрирање на акумулираните согледувања од животот, фактите (психологија, психијатрија).
До степенот до кој овој свет ќе исчезнува од нашето чувствување во нивоата на неживо-растително- животинско, и сите овие нивоа ќе продолжат да се "згрутчуваат" искачувајќи се и вклучувајќи се во човечкото ниво, ние ќе престанеме да се занимаваме со овие науки, бидејќи ќе престанеме да ги чувствуваме овие појави и да ги сметаме за постоечки во тој облик, какви што сега ги замислуваме.
Целата оваа реалност постои само во однос на нас, ако сите наши особини и сетилни органи се менуваат, т.е. се менува реалноста која ја перцепираме во тие сетилни органи, тогаш каква наука може да има за непостоечка реалност? Сé е релативно...
Од утринската лекција според статијата “Кабалата и филозофијата“ /05/01/2011