Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Во точката помеѓу доброто и злото

08.09.2010 -

Зохар, глава "Вајехи", т.244: За идниот свет е речено: "Бидејки како денови на Дрвото (ќе бидат) деновите на народот Мој". "Како денови на Дрвото" – т.е. Дрвото на Животот. Истовремено е речено: "Ќе ја уништи Тој смртта засекогаш", - бидејки во Дрвото на Животот нема промени, и нема во него смрт.

Станува збор за тоа, дека човекот се наоѓа во точката на донесување на одлуката, изборот помеѓу доброто и злото, во Клипат Нога. Целиот тој систем произлегува од тоа, што од една страна, Создателот му забранува на Адам да јаде плодови од Дрвото на Живото, а од друга страна, му ја праќа "жената", која го заведува да прегреши – да го вкуси забранетиот плод. Двете спротивности постојат заедно.

Но ние треба да не се заплеткаме и да не се раздвојуваме во своето воспримање, туку да сфатиме, дека истите тие противречности, кои се присутни во секоја состојба, каде што Создателот ни се причинува дволичен, со двоен однос кон нас, се наметети за да не стави нас во таква ситуација, кога ние нема да знаеме што да правиме, - и тогаш ќе имаме потреба од Него.

Токму тоа е Клипат Нога, точката на нашата слобода. Таа слобода се појавува токму во таа точка, каде што двата односи на Создателот – божемното зло и доброто – се соединуваат заедно и не е можно да се разликуваат, да се тргнат нивните противречности, освен да Му се обратиме Нему.

Од  лекцијата за Зохар /08/09/2010

Да не се изгуби духовната линија

Прашање: Како цело време да се остане "на духовната линија", односно во точката на донесување на одлуката, дека духовниот простор, единството – се над материјалните достигнувања?


Одговор: Само што ни успева да ја создадеме помеѓу себе таквата врска, "место за откривање на Создателот" – тоа веднаш исчезнува, за да можеме ние да донесеме таква одлука повторно и повторно. Секој миг треба да биде Почеток. Во тој постојан избор ќе ни помогне– само силното опкружување, кое ќе ни овозможи да останеме во врска. (гл.Баал Ха Сулам, "Слобода на вољата"). Но, поединечно не е можно да се зарджиме во таа одлука подолго од момент...

Треба да се навлезе во правилно општество, како зрно во почвата, да се добива од него спознавање на важноста на целта – и тогаш ќе успееш, соединувајки ги точките на одлуките, да градиш од нив права линија до целта.

Од утринската лекцијата по Статија на Рабаш /08/09/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica