Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Воскресување на мртвите

Баал ХаСулам, „Предговор кон Книгата Зохар", п.3: „Телото" е толку ништожно, што веднаш од моментот на своето раѓање е осудено на смрт и погребување. Згора на тоа, се вели во Книгата Зохар, дека додека „телото целосно не се распадне, душата не ќе може да се крене на своето место во рајската градина. Но ако е така, тогаш зошто телото задолжително мора повторно да се крене при воскресувањето на мртвите”? Зарем Создателот не може да ги наслади душите без него?

Навистина, зошто повторно да се оживува „телото”? И што ќе се случи со душата? Дали Таа повторно ќе се спушти надолу од рајската градина?

Уште повеќе се несфатливи зборовите на мудреците за тоа, дека „мртвите мора да воскреснат во своите пороци, за да не речат: „Ова е друго тело. А потоа Создателот ќе ги излечи нивните пороци.

По распаѓањето од „телото” не останало ништо. За која намена тоа треба да се врати во животот? И што е важно ако некој нешто рече?

Треба да се сфати зошто на Создателот му е важно, ако тие речат: „Ова е друго тело. Важно е до тој степен, што Тој заради тоа наново ќе ги создаде нивните пороци и ќе мора да ги излечи.

„Телото”, т.е. желбата за примање, исконски секогаш било чисто, секогаш престојувало во спојување. А целиот циклус, кој ние го поминуваме, потребен е само за да се добие дополнителен подем кон Создателот, да се осетат 125 скалила, да се избруси, изостри нашата воспримливост во чувствувањето на Создателот, и да се кренеме себеси од скалилото на суштеството до Неговото скалило. Ете зошто на желбата за примање ѝ е потребно да го помине целиот тој циклус, а на крајот од поправката повторно да ги добие своите пороци. Тогаш ние ќе можеме да споредиме, каква таа била во почетокот на создавањето, и каква станала на крајот, после поминувањето на сите скалила и распаѓањето. Сето тоа се остварува преку нашата работа, како резултат на која, после „воскресувањето на мртвите” ние добиваме нова карактеристика на желбата, и благодарение на неа можеме да се споиме со Создателот.

Дополнително пробудување

Целата наша работа се состои, во тоа, да ја откриеме желбата во себе. Бидејќи уште пред да почнеме било што да правиме, Создателот веќе подготвил сè и престојува во апсолутно мирување. Од Негова страна секогаш постои подготвеност, Тој само чека било каква можност дадена од човекот, односно откривање на дополнителна, лична желба во човекот, достигната со свои сили, а не разбудена од Создателот. Неопходно е во нашата реакција да постои некој наш личен додаток. Но од каде тој може да се појави, ако ние постоиме во Вишиот систем, изграден од Создателот? Каде можам да внесам мој личен придонес, на каков начин? Единствениот начин самостојно да додадам нешто од себе е да вложувам напори на своето скалило, а не над себе, преку нашето соединување, и на некој начин нашето меѓусебно пробудување. Само заради фактот, дека јас со материјални дејства можам да ги пробудам другите и тие мене, ние можеме да создадеме од наша страна дополнително пробудување во однос на Вишиот. И со тоа ние навистина го поправаме разбивањето, го елиминираме расцепот меѓу нас, од материјалното ниво влијаејќи на духовното.

На духовно ниво поправката ја извршува Создателот, ние пак треба само да ја почнеме оваа работа за соединување, и тогаш Создателот ќе ја заврши. Во поправениот, соединет сад, ние почнуваме да го откриваме Него. Така ние се искачуваме, секој пат барајќи сè поцврсто соединување, во потешки услови и повисоко сфаќање на единството. Затоа е речено, дека целата слобода на волјата се состои само во изборот на опкружувањето. За сметка на тие дејства човекот се пробудува, ја пробудува внатре во себе поквалитетната желба за особината на давање, и затоа секој пат го открива гласот на Создателот, кој го повикува одозгора и го поканува на соединување и подем. Така за сметка на изградбата на заедничкиот сад, човекот се удостојува во тој сад да ја открие особината на давање, која се нарекува откривање на Создателот, која се преслекува и се пројавува внатре во суштеството.

Глас, што повикува во мрачната шума

Од статијата „Повикувајте го Него, сè додека Тој е блиску” („Шамати" №241):

„Знајте дека, ако Создателот ве повикува – значи Тој е блиску. Односно тогаш ви е дадена можност: ако бидете чувствителни во срцето, тогаш ќе почувствувате, дека Создателот ви е близок. И тоа личи на човек кој се изгубил во густата шума и изгубил секаква надеж да се врати дома. Но во мигот, кога во далечина здогледува некој човек и слуша човечки глас, во него веднаш се буди страсна желба да се врати во родниот крај, и тој почнува да вика и да моли за некој да дојде и да го спаси. Затоа, ако Создателот сака да го изведе човекот од густата шума, тогаш му покажува некоја Светлина во далечина, и човекот ги собира сите сили што му останале и трча во насока, која му ја укажува Светлината, за да ја достигне. Но ако тој не ја поврзува таа Светлина со Создателот, и не вели, дека тоа Создателот го повикува, тогаш целата таа Светлина се губи за него и тој одново останува да стои насред густата шума...“

Сè зависи од подготовката, од нашиот стремеж да ја откриеме особината на давање, што се нарекува откривање на Создателот. Во таа мера ние почнуваме да го слушаме гласот на Создателот, кој нè повикува и нè поканува кај Него, кој ни дава секакви знаци за Неговото приближување. Но човекот може да ги почувствува само под услов правилно да си ја претставува целта, која сака да ја достигне: ако се стреми токму кон особината на давање, која ќе биде над неговото егоистичко примање, а не кон нешто друго. И тоа ќе значи, дека кај човекот постои верба над знаењето. Но ако човекот сè уште не се поправил себеси, тогаш не може да почувствува и да поверува, дека тоа Создателот го повикува, туку мисли дека тоа е случајност или дека тој едноставно самиот се разбудил. Тој не сфаќа, дека го повикува гласот на Создателот, привлекувајќи го кон особината на давање.

Сè се одредува со подготовката. Ако подготовката била правилна и целосна, ако човекот вложил доволно сили и ја исполнил својата мера, тогаш почнува да чувствува како Создателот го поканува него во секоја можност да му се обрати на човекот. Ако човекот вложува напори, тогаш на крајот гледа дека Создателот го чека зад секој агол и го поканува кај себе, давајќи секакви знаци и алудирања. Излегува, дека меѓу нив се воспоставувува поврзаност, и човекот станува партнер на Создателот.

Колку што Создателот тежнее кон човекот, толку и човекот тежнее кон Создателот, кон заемното давање, сè додека тие не се сретнат и не се прегрнат. И тука сè зависи од подготовката. Во почеток човекот дури не се чувствува изгубен во мрачната шума. Тој бара на сосема погрешно место, и му се чини дека ќе се пробие со сопствените сили и самиот ќе го достигне посакуваното. Или пак едноставно чека кога некој ќе дојде и ќе го спаси (и таков период постои во текот на патот). Поминува време, сè додека не успее да воспостави правилна заемна поврзаност со Создателот, кога во човекот се создава тежнеење за давање, согласно со кое тој веќе може да го препознае гласот на Создателот, да сфати дека навистина Создателот го повикува него. Тогаш тие се соединуваат – Создателот го спасува човекот, бидејќи човекот веќе сфаќа во што се состои неговиот вистински спас.

Од утринската лекција по кабала, 27.02.2013.  на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica