Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Враќање на господарката на местото кое што ѝ припаѓа

19.12.2010 -

Сè додека човекот не се развил и не бил подготвен за поправка, кабалата не смеела да биде откриена, бидејќи луѓето нема да ја сфатат и ќе ја извртат. Ние гледаме во што го претвориле, филозофијата и религиите, знаењето добиено од кабалата, искривувајќи го и превртувајќи го наопаку, наместо правилната употреба на оваа метода. Филозофијата се занимава со апстрактен материјал, а религиите со "квази – духовен" за задоволување на сопствениот интерес/желбата, и тоа е сосема спротивно на тоа за што зборува науката кабала –поправката на личниот егоизам.

Денес веќе е возможно да се открие науката кабала на светот затоа што и филозофијата и религиите и генерално целиот однос на човекот кон животот, сосема се променил. Така што тој веќе не е задоволен со својата форма на постоење и е принуден да бара нова форма и причина на своето постоење, нова цел. Но, без кабалата сето тоа останува без одговор.

Дојде време да се врати "господарката" да превладува над доминантната слугинка. Неправилната употреба на науката кабала "заради себе" во облик на филозофија или религија – се нарекува "слугинка која ја наследува својата господарка". Додека нејзината правилна употреба – "враќање на господарката на местото кое што ѝ припаѓа".

Од утринската лекција според статијата "Слугинката ја наследува својата господарка" /19/12/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica