05.05.2011 - Прашање: На едно од предавањата Вие рековте дека треба да се промени сфаќањето на времето: да не се чека следниот момент, туку да се вовлече во тековниот. Што значи тоа?
Одговор: „Време" – тоа е количина на дејствија, состојби кои ни остануваат до крајот на поправката. Со правилна подготовка, можеме да ги поминеме со максимална брзина. Во спротивно, на секој премин ќе ни треба негативна сила за да нè поттурнува и тогаш ќе се развиваме многу споро. Се разбира, станува збор за нашите чувства. Всушност нема време.
Го знаеме тоа по себе: некогаш ни се чини дека времето лета како стрела. Ми текнува дека како мал и ветив на мајка ми дека ќе се вратам за еден час. Ми се чинеше дека еден час е многу, а јас се вратив дури после неколку часа. Но, се случува и за неколку минути да преживееш цели часови, горејќи од срам или тагувајќи. Времето зависи од нашите чувства.
Важно е како ќе ја исполниме низата на своите состојби, 125-те скалила кои се меѓу нас и правилната состојба. Ако интервалите помеѓу премините ги исполнуваш со стремеж кон добрина, патот за тебе ќе биде како авантура. За време на шетањето ќе се насладуваш со секој чекор. Ако пак одиш некаде по работа, се насладуваш само со пристигнувањето на местото. Во тоа е целата разлика.
Ти го правиш истото, но односот ти ја менува целата слика. Сега може да се почувствуваш во полна благосостојба: „Веќе ми е добро, а на крајната одредница ќе има и додаток. Одлично!"
Сè зависи од опкружувањето. Тоа определува како ќе се чувствуваме одејќи по духовниот пат. Ако сум поврзан со сите, ако немам сомнежи дека се движиме кон добрина, јас веќе сум исполнет и за мене нема време.
Од лекцијата според “ Современата физика и науката кабала“ од 05.05.2011