Баал ХаСулам, „Мир“: И ти ќе откриеш дека сите семки од кои добрите состојби растат се навистина само расипани дела, со значење дека сите изложени зла кои што пристигнуваат од рацете на злите, од генерацијата, се здужуваат и акумулираат до голем збир, сè додека толку не натежнат што јавноста веќе не ќе може да ги поднесе. Потоа, таа се крева, ги уништува и ја создава повеќе посакуваната состојба.
Ако сакам правилно да напредувам, јас мора да учествувам по пат за уништувањето на злото со цврсти дејствија. Овие дејствија се сведуваат на најефикасна постапка, која што е врска меѓу пријателите. Тоа е поврзаноста што го уништува злото.
Прашање: Што значи „злото се јавува при поврзувањето“?
Одговор: Тоа е точно. Вистинското зло се открива единствено кога сакам да се поврзам со останатите и да видам колку сум им одвратен и колу ги мразам. Привлечен сум кон нив и ова ме одбива, па чувствувам одбивност. Ова е злата склоност и тоа е единствената работа која што треба да ја поправиме. Сето останато се животинските чувства. На крајот, Адам, човечкото суштество, е само некој кој што е привлечен кон поврзаноста со останатите. Негативниот одговор на поврзаноста е злата склоност која што јас ја поправам и ја претворам во добра склоност. Мојата првенствена наклонетост е да воспоставам поврзаност со групата и со пријателите. Потоа почнувам да чувствувам дека не сакам повеќе да изучувам или да правам било што повеќе. Наместо да чувствувам како срцето ми е камен; уморен сум од обидување: „Уште колку ќе трае? Не гледам дека нешто добро ќе излезе од сето ова...“ Ова е злата склоност, она на што треба да работам сега. Тоа е Фараонот во мене. Неговото зло се спротиставува на поврзаноста.
Од друга страна, резултатот од поврзаноста е наречен „Создател –Бо-Ре“ чие значење води од: дојди и види (Бо- дојди и Ре – види, на хебрејски). Ако јас се поврзам со сите души или со некои од нив, тогаш во поврзаноста меѓу нив јас го откривам Создателот. Со други зборови, ја достигнувам врската и таму во неа го откривам резултатот. Но во меѓувреме се чувствувам лошо бидејки мојата желба е згасната, чувствувам дремка и не гледам смисол во ништо повеќе, ниту во овој свет, а уште помалку во следниот. Ништо повеќе не е вредно за напор. Сега откако го чувствувам скаменетото срце, морам да најдам сила да делувам, да ја зголемам МаН, молитвата. Па како се прави тоа ако јас веќе сакам да земам апче за спиење, за остатокот од мојот живот?
Тука ни е потребна околина да ни помогне да се разбудиме. Оваа околина прави две работи: Првин ги „закопува“ моите зли склоности. Второ, кога се поврзуваме, и заедно се креваме кон Светоста, ние со сета наша сила ја побаруваме силата на давање со молитвите на многумината. Затоа добрата склоност може да биде откриена само во групата. Потоа од Вишото, ја примам добрата сила, силата на давањето која што ме соединува со пријателите и Создателот.
Од 4-от дел на утринските лекции, 15.03.2013, според статијата „Мир“.
Но садот беше скршен
Кршењето на садовите не е само кршење, туку е откривање на местата, кои што биле скриени и во кои предходно имало недостатоци. Сега, кога недостатоците се откриени, можно е да се разјаснат, да се истражат до нивната целосна длабочина, и да се поправави она што недостасува во нив. И така возвишената состојба е многу посилна и повеќе ,откако ќе ги составиме сите делови заедно. Таа само изгледаше цела пред тоа, но внатре имало многу пукнатини. Во финалната трета фаза на создавањето е додадено осветлувањето, кое што недостасувало во првата фаза на садот на светот на Ајн Соф (безконечноста).
Од 1-от дел на утринските лекции, 15.03.2013, според статијата „Шамати“ бр.38
Желбата е цел на Светлината
Прашање: Може ли некогаш да докажеме дека сè од материјата на созданието е само жалбата да се прима?
Одговор: Прашајте ги физичарите, и тие ќе ви ја кажат истата работа, но со различни зборови. Постојат неколку основни принципи, каков што е вториот закон за термодинамика, и има неколку природни константи. Ако се продлабочиме, ќе дојдеме преку концептот на масата. Покрај масата, постои енергија, и, зад неа енергија, тука науката пристигнува до ќорсокак. Можеме да речеме дека постои сила зад енергијата, но која е таа сила? Како да ја објасниме? Научниците се обидуваат да ги пронајдат овие основи и кога нивното истражување ќе биде завршено, повлекувајќи линија од нивните студии до желбата за примање: желбата да се одржи нејзиното постоење на сите нивоа на мртвата природа, растителната, животинската, и говорењето. Дури и ако говориме за основните феномени, тоа е секогаш за нивната природа. Се обраќаме на нешто што сака да се одржи себе во сопствената форма на постоењето. Тоа е желбата за примање, желбата за постоење. Без неа, нема да постои ништо, ниту за кратко. Во овој извор, дури ниту времето не постои. Така да, желбата му претходи на сè, и зад тоа, постојат различни форми кои што се земаат врз себе. Сите мудрости и науки говорат за тоа што човекот открил овде во рамките на телесната реалност. На друга страна пак, мудроста на кабала не говори за нашите егоистични желби, кои што се типични за овој свет, туку за суровата желба, за силата која што сè уште не е облечена.
Прашање: Може ли ова да се научи надвор од мудроста кабала?
Одговор: Не, надвор од мудроста кабала, ние едноставно не ги имаме потребните алатки. Не може да изградиме асцелератор, кој што ќе ја бомбардира желбата и да ќе ги забележува нејзините одговори. Така е бидејќи сè е многу подлабоко отколку во микроскопскиот свет, подлабоко отколку квантните ефекти. Токму затоа, ти можеш да работиш со тоа внатре, во себе, откако ќе станеш „подрачјето„ во кое што пристигнува Светлината. Тоа ја удира желбата, и, како резултат на нивната средба - како резултат на соработката меѓу нив – различни честички се создаваат, според што ти ја откриваш Повратната Светлина која се спушта кон пониското ниво и предизвикува нови духовни гени (Решимот) во тебе.
Основната архитектура, спрема мудроста кабала, е Масах (екран) кој што почнува да се спушта од Табур. Во следното ниво постои Зивук од Хакаа (спојување за време на ударот ), и Повратната Светлина повторно почнува да се спушта од едно ниво на друго, со тоа надминувајки ја разликата во енергија во предходната фаза. Од таму, Таа „ги фрла“ Тагин на буквите („круни“ над буквите ) и на крајот, разликите во енергијата носат разлики во фреквенциите, разлики во својствата. Оваа споредба ти овозможува да ги спознаеш деталите и да ја составиш општата слика. Исто е како што едно бебе кое се обидува и така почнува да го осознава светот, бидејки вкусот е главно сетило кое што тоа може да го искористи и на кое може да се потпре во мигот. Во духовноста, новите Светлини кои што се откриени во желбите се наречени „вкусови“. Тие ни помагаат да научиме што се случува. Па така, материјата која што е целта, (моето јас), ја удира Светлината, ја удира мојата желба да примам. Исто како научниците што ги бомбардираат нивните цели со честици зголемувајќи ја нивната енергија, ние ја правиме истата работа, но не со телесната материја, туку со материјата на желбата, кревајќи се до четртото ниво, до третото ниво, до второто ниво и така напред. Поради тоа, не може да говориме со научник за ваква материја. Од исте науки, физиката е најблиску до мудроста кабала. И ние говориме за конкретни феномени и сили.
Од 4-от дел на утринската лекција, 14.03.2013. Според статии од „Вовед во Книгата Зохар“.
Ако посакаме сега - ќе биде сега!
Рабаш: „Што е напорна работа поради нетрпение“: „Ние треба да работиме напорно бидејќи единствено страдањето од напорната работа нè тера да повикуваме кон Создателот со целосна желба Тој да нè спаси од владеењето на Фараонот, кралот на Египет. Ова значи дека од состојбата на својата нискост поединецот насетува дека се чувствува полошо од сите останати луѓе, и ова го турка да повика кон Создателот со сето негово срце за Тој да му помогне. Но тој верува дека Создателот ги слуша неговите молитви затоа што Тој му го открил злото нему, и така Тој сигурно ќе му помогне и ќе го избави од злото. Тоа исто така, е наречено спасение. Ова значи дека човекот верува дека Создателот го остава да разбере дека тој е во прогонство и Тој подоцна сигурно ќе го избави од прогонот.“
Ние напредуваме со до две сили, но за тие што не знаат каде да одат, постои еинствено една сила, која ги турка одзади и ги принудува да одат напред. Тие непрестано се обидуваат да избегаат од неа, да се спасат од „тркалото на еволуцијата“ кое фаќа чекор со нив одзади и ги турка да напредуваат. Но патот на Тора е различен од патот на страдањето. На оној, кому што му е дадена мудроста кабала, тој ќе изгради сила што ќе светли пред него и ќе го повлече, во надеж за подобра иднина, со големи надежи, позитивен пример, чувство на стравопочит кое што е почувствувано од поврзаноста и духовната височина. Целта мора да биде најблескава и најпривлечна колку што е можно, и да биде прикажана најпрекрасно и најдобра. Иако напредувањето се случува со помош на егото, кое што мора непрестано да го одбиваме, мора да се обидеме да го користиме овој метод: да црпеме Светлина која што нè преобразува, така што Таа ќе ја направи сета работа. Пристапот тука побарува префинетост, како и во сè останато. Ако знаеш како да навлезеш, тогаш е многу лесно да го сториш тоа. Некој кој не го познава ова, чувствува големи потешкотии и константно се удира од ѕид.
Ние мора да ја организираме вистинската околина во која ти набргу ќе почнеш да страдаш поради недостаток на поврзаност и поради твојата завист, копнеж, и желба за почит. Ти ќе видиш дека другите се повеќе успешни од тебе. Ќе им завидуваш на другите, кои што успеале во поврзувањето толку силно, и исто така ќе сакаш да се здобиеш со тоа. Зависта те принудува да побараш промени. Веќе знаеш како да ја повикаш Светлината што преобразува, почнуваш да се менуваш под влијанието на Светлината, и така напредуваш. Главната работа е да ја развиеш силата, наречена „Јас ќе го забрзам тоа“. Тоа е поради страдањата, природните сили на развитокот „во свое време“, и не е до тебе. Ние треба да разбереме дека страдањето пристигнува кај човекот со цел да го разбуди. Ние треба да ги развиеме болките на љубовта од наша страна, наместо телесното страдање, така да наместо злото кое нè допира, доброто ќе светли пред нас. Наместо природниот тек во стисокот на времето, ние треба да се кренеме над времето, со цел да ја одлучиме фазата на нашето напредување, од самите нас. Тоа е значението на: „сè е во твоите раце!“ Мора да почувствуваме восхит и чувство на будење, бидејќи сето зависи од нас! Ако го сакаме тоа денес - ќе биде денес! Ако навистина го посакуваме сега - ќе биде сега! Сè што сакаме да достигнеме по патот на Тора може да биде достигнато и да напредуваме. Многу е важно да се нагласи ова во работата: да работат и да се вклучат сите елементи, сите средства што ги имаме на патот на „Јас ќе го забрзам тоа“. Тоа ќе ни помогне да напредуваме. Мора да ги развиеме сите средства и да ги поврземе правилно, со цел да увидиме дека има одредено напредување. Кревањето над природата со цел да се напредува во тоа и да се отворат вратите.
Од подготовките за утринската лекција.