Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Вртење околу централната точка во текот на целата недела

alt - 24.05.2012 Прашање: Како можам да се „исчистам“ од сите мои грижи од приватниот живот и да се фокусирам сам на внатрешната работа во центарот на групата?

Одговор: Ова е прашање од човек кој го одделува својот приватен живот, односно неговата работа, дом и семејство од групата, што значи одделување на телесната реалност од духовноста. Во целост, ние сме во нашата желба да примаме во која ја чувствуваме целата реалност. Оваа желба е поделена на многу видови, во четири фази, во кои ја чувствуваме целата реалност поделена на нивоата на неживото, растителното, животинското и говоречкото. Живееме само во желбата, и чувствуваме сé што е предизвикано во неа; „изгледа како ова да е мојот живот и мојот свет.“ Не чувствуваме ништо освен оваа желба, ниту мислиме и сфаќаме нешто друго. Сé се случува во неа.

Ако сфатам дека на овој начин се стабилизирам, целиот мој живот станува една непрестајна работилница, а не само еден час во неделата кога доаѓам во посебна дискусија. Во работилницата, се трудам да постигнам повистинска реалност со помошта на правилната околина во која го чувстувувам изворот и коренот на реалноста, горната сила, Создателот. Тука се зависи од тоа колку силно можам да се поврзам со правилната околина.

Тоа полесно се прави во работилницата бидејќи пред мене ги гледам сите мои пријатели. Но исто така постојано можам да се замислам себеси во оваа ситуација. Ако ја вршам оваа работа цела недела, на крајот ќе почувствувам дека сé уште има разлика кога се собираме со цел да се поврземе. Ќе видам дека поврзувањето кое го чувствувам цела недела, кое е создадено во работилницата, е различно во квалитетот, во нивото на единство. Затоа, постојано треба да се гледам себеси во желбата да се прима, која за мене ја отсликува реалноста во облик на овој свет, и преку оваа реалност треба да го барам нејзиниот извор кој се постигнува преку центарот на групата.

Од првиот дел на дневата кабала лекција 24/05/12, „Разговор за работилницата“

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica