Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Генерална мобилизација на напорите

Само упорноста да се почувстува неопходноста од единство може да нè спаси. Не треба тоа да го избегнуваме, надевајќи се дека нешто ќе се смени со текот на времето. Не треба да се занимаваме со други нешта! Сите придружни дејства се потребни само за да се поддржува главното – осознавањето на неопходноста од соединување. Тука е потребен заеднички, континуиран напор, сè додека не постигнеме успех. Не смееме да отстапуваме, да го одвраќаме вниманието. Сè што правиме, наменето е да ги засилува нашите напори за соединување. Потребна е грижа, која се движи од срце до срце, сè додека не успееме. Тука нема отстапки, и условите се познати: постојана реализација на решимо според принципот „се трудел и нашол“. Ако можеме, тогаш ќе се справиме, ако не можеме, тогаш нема. Тоа треба да е јасно, како целта пред очите, и сите се обврзани да се мобилизираат за нејзино достигнување. Има новајлии, кои можеби сè уште не разјасниле потполно и не се разочарале. Има долгогодишни членови, кои можеби премногу ослабнале и се нашле заробени од навиката. Меѓутоа, на крајот на краиштата, ние мораме меѓусебно да се зајакнуваме. Молитвата може да биде само за единството – инаку нема да биде слушната. Ако не се стремиме кон соединување, кон заемно давање, давање на Создателот, тогаш сè друго е „смртоносен отров”. Потребно е тоа добро да се разјасни.

Најважна е нашата заедничка грижа. Дури и да ја нема во моето срце, јас сум обврзан да ја покажувам на другите. Иако сега не сум воодушевен со целта на суштеството, сепак сум обврзан да ја играм играта пред другите. Обврзан сум. Инаку не смеам да бидам во групата. Тоа треба да биде основен услов: човекот се наоѓа во групата за да ги зајакнува срцата на пријателите на патот кон целта и нејзината важност. Ако не го прави тоа, не му е место во групата. Подобро кон целта нека стигнат неколку луѓе. Бидејќи каква корист од милионите луѓе околу нас, ако тие ништо не достигнат, ако духовната сила нема да дејствува во материјалната област?

Затоа групата треба секому да му го постави барањето: „Или ќе ја исполнуваш својата должност во врска со зајакнувањето на пријателите со големината на целта, со величието на единството – или оди си”. Токму така! Што се однесува на почетниците, треба да им се разјаснува оваа задача зависно од степенот колку тие се способни да ја воспримат. Бидејќи ние немаме ништо освен ова. Поминуваат долги години, додека човекот почнува помалку или повеќе да ја восприма оваа вест. Меѓутоа ние собравме веќе доволно искуство, сили, напори и знаења од изворниците, за да преминеме кон нејзина реализација. Уште повеќе и поради тоа што и надворешната реалност го бара тоа од нас.

Од подготовка кон утринската лекција - 05.10.2012  на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica