Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Главната заповед

05.10.2010 -

Прашање: Зошто сите ги паметат 613 заповеди, но забораваат, дека над сето тоа постои единствената заповед на љубовта?

Одговор: Постои само една заповед – т.е. наредба да се достигне љубов кон ближниот. Бидејќи со тоа ние го подготвуваме садот на душата за наполнување со Светлината и обединување во себе со Создателот. "да го љубиш ближниот свој како самиот себе" – тоа значи да ги обединиш сите спротивни и омразени за тебе желби во една, и на таков начин да ја достигнеш моќта, која дозволува да се открие Создателот и да се соединиш со Него. Со тоа ние ја совладуваме целата бездна, која нé разделува од Него.

Оваа заповед на љубовта се дели на два дела: "враќање со трепет" (ниво Бина) и "враќање со љубов" (ниво Кетер). Врз сите мои мисли и желби јас морам да ги направам овие две последователни поправувања, едноподруго. Првото поправување – да престанам да го мразам ближниот! Бидејки почетно јас го мразам. И поправувајќи ја омразата, јас поминувам половина пат – од негативната состојба, од омразата, достигнувајки ја неутралната состојба, нулата.

Тоа е скалило ( особина ГАР де-Бина), на кое јас ништо не сакам за себе, искачувајќи се над целата своја огромна егоистичка желба. Јас не сакам да му причинувам на ближниот никакво зло! Иако мене ми се открива, дека јас апсолутно неказнето можам сé да им земам и нив да ги уништам – но јас ништо не сакам, само да не повредам некого.

Потоа од тоа скалило (скалилото ГАР де-Бина) јас се икачувам кон скалилото на љубовта и ги исправувам своите желби до нивото на давање (ЗАТ де-Бина). ЗАТ де-Бина – тоа е матка на љубовта.

И на крајот излегува, дека постои само една заповед на љубовта, која ние ја достигнуваме во два чекори. Бидејки почетно, ние сме спротивни на љубовта, и пред се нам ни е потребно да ја достигнеме неутралната состојба – а веќе потоа да се искачуваме кон љубовта.

613 заповеди – тоа се исправувања на една желба за насладување, која има многу особини и затоа бара различни поправувања, но сите тие се наменети за да се достигне љубовта. Но јас цело време треба да мислам на таа крајна цел, инаку јас нема да ја привлечам врз себе Светлината, која враќа кон изворот.

Затоа, треба цело време да се мисли на крајната, поправена состојба, каде што Јас, Светлината што ме исправува, Создателот (Исраел, Тора и Создател) – се една целина. И се чини, зошто јас сега мора да мислам за Создателот. Тој е толку далеку од мене – дајте ми отпрвин да ги доведам во ред моите односи со човечкото општество?!

Но ние не ќе можеме ништо да исправиме во општеството, сé додека не ја привлечеме Светлината, која враќа кон изворот. Токму таа треба да изтрпи поправување, а Светлината на поправувањето – тоа и е Создателот, и не смееме да Го забораваме.

Затоа во сите "613" поправувања секогаш мора да е присутна мислата за "љубовта кон ближниот" – за главната заповед на љубовта кон Создателот. Без неа ние не ја привлекуваме Опкружувачката Светлина и ништо не исправуваме, не соединуваме.

Од утринската лекција според статијата “Љубов кон Создателот и созданието“ /05.10.201

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica