Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Главниот закон на вселената

Прашање: Зошто кабалата е скриена наука?

Одговор: Кабалата не е скриена наука. Таа едноставно чека додека секој почувствува потреба за неа. Човештвото треба да разбере дека не постои ништо друго во светот, освен општиот закон на балансот, основниот закон на природата. Со цел да се биде среќен, здрав (во апсолутната смисла на зборот), и да се крене над овој живот, да излезе на следното ниво на кое некој може да ја почувствува вечноста, совршеноста, и безусловното здравје, ние треба да го следиме законот на „љуби го ближниот...” Тоа е главен закон на вселената и крајната цел на методот наречен кабала. Сепак, со цел да се доближиме до тоа, човештвото треба првин да разбере дека природната егоистична аспирација единствено води кон смртта. Набргу (можеби дури денес) луѓето ќе слушнат дека постои метод способен да ги внесе во совршена хармонија, која што се преведува во апсолутно здравје, успех, среќа, мир, добронамерност и добро состојба.

Прашање: Можно ли е да се формулира овој закон на некој друг начин? На пример, „Не се однесувај со твојот ближен на начинот на кој што не сакаш да се однесуваат со тебе.”

Одговор: Да може и така да се вербализира. Во секој случај, ти треба да се ставиш себеси во чевлите на твоите ближни и да се однесуваш со разбирање. Ова се нарекува баланс, кој што ги истиснува сите болести надвор од нас. Но тука постои друг скриен проблем. Како балансот да ги елиминира болестите ако ние постојано сме предмет на влијание од ужасната околина, еколошката и човечката? Без разлика колку некој се обидува, неговото здравје ќе остане недопрено. Не само дека некој треба да се поправи себеси, туку тој некој треба исто да се поправи себеси во однос на општеството и самото општество. Ние зависиме од човештвото и сета цивилизација зависи од секого од нас. Меѓутоа, ако некој почне да се поправа само себеси, тој ќе стане „глуварче” кое му се восхитува секому и на сè околу себе. Со сите средства, тој ќе се почуствува покомотен и избалансиран, но сè уште некој нема да постигне состојба на вистинско здравје бидејќи останатите луѓе околу него се едноставно делови од неговиот организам. Секој треба да го поправи човештвото внатре во себе; остатокот ќе се случи автоматски и интензивно ќе води кон состојба на хармонија.

Прашање: Ако ние се поправиме себеси во однос на човештвото, дали тоа значи дека не ќе биде потребно да го лечиме човештвото на физичко ниво?

Одговор: Ние треба да му се обратиме на човештвото и да се обидеме да му ја пренесеме вистината, така што помагајќи им ние ќе се поправиме себеси. Светот нема да се подобри, бидејќи има луѓе кои што не разбираат што значи законот на општиот баланс во морален ниво.

Од разговорот “Медицина на иднината“,15.05.2013, на Каб.Тв

Да го знаеш Создателот, се нарекува мисла

Прашање: Што е мисла?

Одговор: Мисла е точката на поврзаност помеѓу создаденото суштество и Создателот. Таа е посебен недостаток, со кој создаденото суштество може да расте. Од друга страна тоа е телесен недостаток бидејќи некој е беспомошен, и не знае што да стори со неговиот живот и како да се снајде во животот. Сè започнува од вообичаените земски, телесни проблеми. Но ако некој успее да ги пренесе овие проблеми без да ги игнорира, туку да гледа на нив како средства, тогаш тие ја обезбедуваат инфраструктурата од која тој може да се крене кон Создателот и Нему да Му заблагодари за тоа што го разбудил. Ако некој сака да знае што е правилната намера и правилното однесување кон сè што се случува, тоа значи дека тој побарува мисла. Тој ја крева неговата телесна точка на недостаток до Бина, со тоа што не се прашува себеси, туку повеќе, со прашање како да достигне поврзаност со Божественоста: Како ние можеме да го запознаеме Создателот со овие недостатоци? Познавањето на Создателот е наречено мисла. Па така, оваа црна точка станува Нуква за Хохма, што значи дека таа е вградена во Бина, која што го побарува разбирањето. Овој недостаток ги присилува (Мајката и Таткото) да се парат и да направат идно човечко суштество, до следното ниво.

Од 2-от дел на утринската лекција,15.05.2013, според „Вовед во Книгата Зохар“, на Каб.Тв

Преносот на мисли

Прашање: Спрема научните истражувања, познато е дека мислите можат да бидат пренесени на раздалечина. Ако 10% од луѓето, надвор од заедницата, размислуваат или чувствуваат на одреден начин, тогаш дали тоа ќе се рашири како вирус на останатите?

Одговор: Тоа е во однос на егоистичките мисли. Тоа може да биде направено така што луѓето ќе започнат да чувствуваат, дали тоа е поради тоа што ти дискутираш и размислуваш околу тоа во твоите кругови, дури и ако не слушнале било што за тоа. Тие едноставно започнуваат да слушаат. Тоа всушност е она што се случува со сите мисли, луѓето започнуваат да имаат претчувство. Тоа што сега го разговораме, тие ќе започнат да го слушаат за неколку месеци покасно, низ различните друштвени медиуми или од луѓето на улица. Тоа се случува во однос на фактот дека ние постоме во еден систем. Но тоа не значи дека луѓето ќе бидат заинтересирани за тоа што ќе го слушнат. Тие ќе дојдат до тоа постепено, активно напредувајќи напред. Сеуште е потребен многу долг период на нивниот развиток да завземе место, мотиви. Всушностние тоа го гледаме. Пренос на мислите во светот, дури ако произлегува од различни егоистички мотиви, е природен процес во реалноста, и одсекогаш го имала нејзиното место.  

Од разговорот „Мудроста на толпите,“ 15.05.2013, на Каб.Тв

Мислата и чувството

Прашање: Како мислата е поврзана со чувството, во создавањето?

Одговор: Малхут го крева неговото барање, црната точка на недостаток, тое е чувството. Но ова чувство не може да биде од оддреден карактер, волумен, или облик, ако не е приклучен во Хохма и Бина. Тие две сили се наменети да изградат облик наречен „Адам“, „налик на Создателот“, што прозлегува од суровата и безобличена желба. Откако барањето ќе се крене до Хохма и Бина, две спротиставени сили започнуваат да работат во нив.  Едната сила не може да ја намести насоката и мора да има две сили кои што работат во различни правци. Силата на примање и силата на давање градат облик кој што е сличен на Кетер, кој што произлегува од суровиот материјал, надвор од недостатокот на понискиот. Обете - Хохма и Бина доаѓаат од Кетер и така Малхут се крева кон нив и моли: „Изградете ме како Кетер, бидејќи вие доаѓате од Кетер и тоа го знаете. Па затоа ве молам направете ме таков.” Ова е нашето цело исполнување. Малхут не знае што е Кетер, бидејќи е во Вишото.  Тоа е „работ на Јуд,“ кој што ние го достигнуваме. Но „По твоите дела те знаеме Тебе,” што означува дека ние ќе го разбереме Создателот, спрема тоа што е создадено од нас, и затоа тоа е наречено мисла. Не треба да бидеш многу итар да го исполниш ова, бидејќи колку помалку си мудар, толку си поблиску и подобро до твојата внатрешна реалност. Духовната мудрост не зависи од телесниот ум. Ниту еден кабалист не е помудар од обичните луѓе, и не е роден како генијалец, туку повеќе има просечни способости во рамките на овој свет. Потребата од духовност не е резултат на посебни ментални или емоционални способности. Таа е нешто што е целосно независно од телесните својства. Така нема потреба за ништо да се грижиш; ако имаш желба, која што те присилува да седнеш и изучуваш, тоа е доволно. Таа е знак дека ти можеш да ја развиеш, но не со знаење и разни дебати. Мудроста доаѓа подоцна, како резултат на духовно достигнување.

Првин, ти ги откриваш чувствата и единствено тогаш ја растеш мудроста според нив. Тоа работи во релативно спротивен начин отколку во овој свет, во кој колку по прибрано размислуваш, како компјутер или машина, толку подобри пресметки правиш и стануваш поумен. Во духовноста сè е спротивно, бидејќи духовниот сад е заснован на емоција, желбата за насладување. Сите сметки се во желбата за примање. Ако не ја одвоиш таа желба и започнеш да си играш со неа, ти ќе немаш со што да работиш. Како на друг начин ќе го постигнеш чувството, разбирањето и достигнувањето? Мислата е сила на Бина, и Бина е целосно заснована на силни чувства, бидејќи е степен на Хохма што сака да наликува на Кетер. Тоа е исто како гостин кој што открива дека тој сака да стане како домакинот, бидејќи на друг начин тој не може да постои. Проблемот не е само да се постои, туку да постоиш во Светлината на домакинот. Но тоа е невозможно ако не се однесуваш со Него толку убаво како што Тој се однесува со тебе. Ти не можеш да Го исплатиш Него како во ресторант и да Му компензираш Нему за трошоците што Тој ги имал подготвувајќи ги освежувањата за тебе, за цената на производот, бензинот, работната рака, плус 20%. Тој од тебе очекува чувство, кое што се открива во Бина. Сè е исполнето во садот на чувствата. Па така, сите наши напредувања произлегуваат од разочарувањето, од притисокот и од чувството на економски недостаток, кој ние го преведуваме како духовниот недостаток.

Од 2-от дел на утринската лекција, на кабала, 15.05.2013. според „Вовед во Книгат Зохар“, на Каб.Тв

Неположен испит 

Прашање: Вие рековте дека е неопходно да се обидеме да го видиме Создателот позади сè околу нас, вклучувајќи ги моите мисли и чувства. Но кога нешто лошо ќе се случи, многу е тешко да се повикам на Него, да не говорам за излезот од тие состојби. Зошто Создателот нè става во такви услови, над кои ние не можеме да се кренеме? Интелектуално, ја разбирам потребата да го надминам тоа, но сепак не е можно.

Одговор:  Не постојат состојби, над кои ние не сме во состојба да се кренеме. Секоја состојба точно одговара на нашето сегашно ниво, што прави можно за нас да го надминеме. Ако направиме напор и паднеме, тоа укажува дека ние не сме подготвиле доволно основа. Претпостави дека мора да направиш тест, и сакаш многу да  успееш на тестот. Но не си се подготвил доволно, и затоа, без разлика колку се „потиш,” без разлика колку се обидуваш да одговориш на овие прашања, тоа не помага. Па, што е целта од жалењето дека ти си ја вложил целата енергија и не си го положил испитот? Целото човештво и секој поединец се развиваат спрема програма, и ако се припремиме себеси и нашата околина правилно, не може а да не успееме во надминувањето на сите состојби, кои што патем ги сретнуваме. Затоа што овие состојби пристигнуваат во фази спрема прецизен програм, и ние примаме сè што е неопходно за да бидеме подготвени за нив.

Од конгресот во Њу Џерси, 10.05.2013, Лекција 1

Остави го магарето надвор од кругот

Прашање: Каква внатрешна акција можам да изведам со цел да им помогнам на пријателите, а не само да се смеам, но всушност да давам внатрешно? Јас не сакам само да потрошам време на конгресите и да си заминам дома. Сакам да ја создавам и изведувам внатрешната акција, па како да го сторам тоа? 

Одговор: Ние одржуваме работилници и вие треба да се обидете да се слушате еден со друг, и да го почувствувате кругот кој што е обликуван од вашиот прстен. Секој треба да ја наведне сопствената глава пред останатите, така што ќе може да прими од нив. Во исто време, секој ќе може да им даде на останатите. Ти треба во кругот да се појави посебна сила, која што ќе биде споделена со сите учесници во кругот. Никој од нас нема чувства или сопствен ум, бидејќи нашето срце и ум му припаѓаат на животното, на магарето, кое што е оставено надвор од кругот. Во кругот има души, а не тела. Ти не гледаш физички луѓе пред тебе, туку единствено нивниот копнеж да се поврзат, со цел да го откријат Создателот. Поради тоа е наменета оваа вежба. Ако успееме да се поврземе како што треба, ние ќе започнеме да чувствуваме оддредена блискост со нешто ново, кое што сè уште не сме го почувствувале. Ќе се појави посебно чувство, посебна сила која што тебе ќе ти биде надворешна, таа ќе те извлече од твоето тело. Тоа е искуството што треба да го постигнеме.  

Од конгресот во Њу Џерси 10.05.2013, Лекција бр. 1

Зошто ми се спие на лекциите?   

Прашање: Зошто треба да направам толку големи напори да не заспијам во текот на лекцијата иако јас вложувам многу напор во изучуваењто и дисеминацијата?

Одговор: Ќе ти кажам една тајна: Луѓето кои се привлечени од духовноста, кои што сакаат да го откријат Создателот, не сакаат да изучуваат... Тоа е поради причината што сакаат да почувствуваат! Тие можеби и ќе ти изгледаат помалку заспано и глупаво. Тие можат да го читаат истиот извадок десет пати и да не разберат ништо. Јас и самиот тоа сум го почувствувал. Ако некому однадвор му препуштиш да го прочита тој дел, тој веднаш ќе „разбере” што значи. Тоа е типично за мудроста кабала, бидејќи кај некој кога чита е разбудена точката во срцето, точката на чувствувањето, а не умот. Странецот го согледува текстот на целосно логичен начин, и така тој нема проблем да разбере за што се работи. Тоа е причината дека ние понекогаш гледаме колку нови луѓе пристигнуваат во групата и го впиваат и усовршуваат материјалот многу лесно. За нив е лесно да разберат што значи текстот, тие веднаш започнуваат да го изучуваат ТЕС, и за месец или два веќе започнуваат да дискутираат за најкомплексните теории. Луѓето со точка во срцето, кои веќе студираат по десет години не можат да разберат за што се говори, бидејќи тие бараат чувства а не логика, како умни магариња.

Ние треба да разбереме дека има две главни пречки за тие што изучуваат. Првата препрека е кога ќе ги откриеме проблемите во групата, во односите помеѓу пријателите, но не разбираме дека тие проблеми се всушност отскочна штица нанапред и ние ги избегнуваме. Втората препрека е кога некој го чита текстот одново и одново и веќе го знае од срце, но чувствува дека некако не го разбира значењето. Тоа е вистина, не само во однос на теоријата „Предговор во мудроста на кабала” или ТЕС, туку се однесува на „Шамати“ и други писанија. Понекогаш одредени статии може да допрат некого, но повеќето од нив изгледаат суво и не го допираат срцето. Ова всушност е добар знак. Речено е: „Не е мудриот тој што учи.” Не значи дека јас ти давам дозвола да спиеш за време на лекцијата, но всушност само го разбирам тоа. Јас никогаш не им ставив до знаење на студентите, кои што спијат, дека ги разбирам. Тоа не е само чувство на изнемоштеност, туку резултат од желбата да се сака да се почувствува духовноста. Ако тоа не го почувствуваат, тие не разбираат зошто седат на лекциите. За ова е речено: „Времето го прави она што умот не може,” бидејќи умот не може да ни помогне овде, но времето може! Тоа значи дека по извесно време Светлината влијае врз нас, кога сме во група, па дури и додека спиеме за време на лекцијата. Ти треба само да оставиш Светлината да работи на тебе, и чувството ќе дојде.

Од конгресот во Њу Џерси, 10.05.2013, Лекција 1

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica