Одговор: Тоа е заради тоа што одговорноста на човекот е да воспостави правилно поврзување меѓу желбата за уживање и духовната искра. Од една страна е Создателот, духовната искра, а од другата страна е созданието, желбата за уживање. Сé што ми треба е да го поврзам едното со другото, да ги облечам едно во друго. Желбата за уживање е нашиот природен материјал, вистинскиот јас. Но сега, духовната искра ме осветлува и ја губам главата, не знаејќи кон што се стремам, до некој духовен свет што е којзнае каде. Човекот, чувствувајќи ја оваа привлечност за прв пат, губи баланс и чувство на реалност. Затоа во наше време целиот свет изгледа кршлив и вознемирен.
Наша задача е да откриеме голема Светлина на НРНХЈ наместо искра, и да ја постигнеме целата длабочина на желбата и да ги поврземе заедно, за да може таа желба да го стекне обликот на Светлината и да се облече во неа. Тогаш ќе стане сад или одежди на Светлината, и наместо да откриеме мала искра, ќе откриеме Светлина која е 620 пати помоќна.