24.02.2010 - Арава конгрес
Прашање: Сите луѓе кои се собрани овде и целиот свет Кли всушност се отсликани внатре во мене. Сите тие сакаат само едно нешто: да го достигнам Создателот. Па зошто јас не го сакам тоа? Излегува дека јас ја повлекувам таа граница, но дали навистина постои?
Одговор: Границата е во моето срце; тоа е психолошка граница. За каков вид на Максом (граница) зборуваме? Moрам да го сменам своето гледиште од тоа да се гледам себе си и да почнам да гледам во пријателите. Оваа примена, оваа инверзија која морам да ја направам се нарекува Максом.
Но ако направиме заеднички напор за да почнеме на овој начин да се однесуваме кон општеството, да гледам на тоа како поважно од самиот јас и да дозволам да влезе во моето срце, тогаш оваа групна мисла ми помага. Ова се нарекува „секој човек ќе му помогне на својот пријател,“ и оваа групна мисла на сите им дава моќ да ја изведат. Како што вели Рабаш дека во секој од нас постои многу мала духовна моќ. Оваа инверзија има многу мала моќ, но заедно, кога сите добиваат моќ од другите, ќе успееме.
Ќе правиме групни напори, секој сам и сите заедно, во светот Кли, во сите негови делови, во сите негови видови, сите ние заедно. Така се прави тоа. И сигурно, сигурно ќе успееме. Ништо нема да нè спречи. Тоа е нашето единствено слободно дејство. Создателот го очекува тоа од нас; светот го очекува тоа од нас, иако сé уште не го сфаќа тоа.
Тука нема ништо друго освен фактот дека секој треба да се спои со другите или да им дозволи на сите да влезат во неговото срце. Ако сите размислиме за тоа, ќе видите какви ќе бидат резултатите. Почнавме да го пречекоруваме Максомот, па ајде да се потрудиме. Ова е тоа што го правиме тука и сега.
Од конгресот во Арава - 24.02.2012