Човекот е општествено битие, што значи дека е зависен од сите и сите се зависни од него, но ова постепено се открива.
Целата историја на човекот е суштината на неговото општествено откривање. Кога се симнал од дрвото тој живеел во општество на семејство или племе, и тогаш постепено ги проширувал неговите општествени граници. Од една страна, егото кое го дели од другите се развивало во него, и затоа имал имот – сопствена куќа, сопствено поле, сопствени камили, коњи, овци, слуги...од друга страна, станал позависен од другите – еден човек станал ковач, друг чевлар, трет кројач, дур станал земјоделец, и сите биле зависни еден од друг на човечкото ниво на размена на добра и услуги. Ова се случило и покрај фактот дека човекот всушност не сака да дава, туку сака само да зема. Затоа тркалата на глобалниот меганизам почнале да се движат бидејќи немало друг избор, иако никој не сакал да ги усогласува своите постапки со другите.
Низ историјата, општеството се развивало во две линии: растечка заемна зависност и растечка егоистична одбивност. Луѓето се затвориле меѓу градски ѕидини и политички граници сè додека овој неповратен процес не стигнал до ќор сокак, како што ние имаме големо его и сите зависиме еден од друг. Ова е тоа што денес ни се открива на крајот на два тренда кои почнале во минатото и го обликувале човештвото.
Денес немаме избор: Целосно сме зависни еден од друг и се мразиме меѓу себе иако ниеден аспект не е целосно откриен, и сè уште мора да го откриеме ова. Во целина, тоа ни го открива Светлината која поправа кога се обидуваме да се поврземе за да можеме да се издигнеме кон неа. Да претпоставиме дека сакаме да се поврземе ширум светот, како тоа ќе биде полезно? Гледајќи ги првичните предности на поврзувањето, исто така ќе видиме дека сме многу далеку од него, потопени во зло. Така е затоа што доброто и лошото се мерат во контраст едно со друго. Па по некое време, копнеејќи по добро, по обединување, повторно ќе откриеме ново зло, наречено „војната на Гог и Магог“ – Армагедон...Во целина, нашиот општ колективен механизам работи и сега, ако го погледнеме од друго ниво на објаснување. Тркалата се вртат и деловите работат. Прашањето е дали ќе се согласуваме со дејствата на овој механизам кога ќе ни бидат откриени. На овој начин треба да ја испитуваме ситуацијата, од позрело ниво.
Од четвртиот дел на дневната кабала лекција 10.09.12, според статијата „Мир во светот“
на Каб.Тв