Кога го избираме квалитетот на дарувањето, " грдата убавина " ( која што се појавува во нашиот егоизам, состојба наречена Тшува Ми Ириа ), по извесен период на живеење со неа започнуваме да ја искусуваме состојбата на љубов ( 15/ти од Ав ), примање во корист на дарувањето ( Чува Ми Ахава ).
Само што го завршивме Мега Конгресот каде што врз основа на нашиот труд ја откривме " невестата ", која што е убава за достигнување на Создателот, а грда на нашиот егоизам.
Меѓутоа, како што често се случува во животот, сега кога " венчавката " е завршена ние откриваме проблеми бидејќи егоизмот секогаш расте и се менува. Станува очигледно дека си се оженил со грда и и секогаш расположена за кавги жена, која што не е задоволна со ништо што ѝ даваш.
Всушност таа бара дарување; но бидејќи ти си под влијание на егоизмот, ја губиш инспирацијата и желбата да го задоволиш твојот егоизам. Ќе мораш да работиш со " верба на секој разум " – (дарувањето против егоизмот ) со цел да разбереш дека во реалноста несебичната желба за дарување е убава, богата и достоинствена. Ги поседува сите добри квалитети, само што ти не го гледаш тоа!
Да се надеваме дека ќе поминеме на оваа нова фаза на растото на егоизмот и ќе достигнеме поправка. Тогаш, наместо да гледаме " сиромашна и грда " Малхут, ние ќе ја видиме целата нејзина убавина, која што ќе биде откриена во квалитетот на дарувањето. Оваа состојба е наречена " денот на љубовта " ( 15/ти Од Ав).
Од првиот дел на дневната лекција по Кабала 7/26/10, " 15/ти Од Ав
Поправката нека се случи сега!
Прашање: Никој не очекуваше таков моќен исчекор нанапред во ширењето на мудроста Кабала како што одеднаш се случи во Израел и во целиот свет. Кои се вашите предвидувања за годините кои што доаѓаат?
Д-р.М.Лајтман: Не треба да правиме долгорочни предвидувања. Ние едноставно треба да работиме и да се обидуваме да го направиме сé она што зависи од нас.
Како светот ќе реагира? Тоа не е наша грижа. Препуштете и го тоа на Вишата Сила, Вишиот Програм. Ако јас сум сторил сé што сум можел, тогаш следното ниво ќе биде откриено. Ако јас размислувам за дарувањето, тогаш не морам да правам претпоставки за тоа како тоа ќе биде почувствувано во моите чувства.
Јас морам само да го најдам најдобриот начин да се прошири Кабалата, методот на поправка. Можеби тежок, слаб период ќе се појави како резултат на нашите напори. Но ние не знаеме што е подготвено внатре, или кои нации ја започнуваат својата поправка пред другите. Сé може неочекувано да се смени. Затоа, да не правиме предвидувања за годината која што доаѓа. Општата поправка нека се случи денес!
Од четвртиот дел на дневните лекции по Кабала ,26/7/10, " Вовед во Книгата, Паним Меирот у М `асбирот "