Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Да ги затвориме очите и да останеме во спојување!

Прашање: Како после чувството на голема блискост и позврзување со пријателите, кое го доживеавме на конгресот да не потонеме во обичното секојдневие, туку да останеме во истата висока намера што се однесува на патот и пријателите?

Одговор: Треба да се затворат очите и да се остане во спојување!

Пред сé, треба заедно да учествуваме на сите лекции, семинари и што е можно поголем број манифестации. Без тоа е невозможно.

Второ: не смееме да сметаме на нашиот разум! Видов дека има многу умни ученици, со добар аналитички пристап, кои притоа не можат да се анализираат и да се истражуваат себеси – а тоа е проблем. Дури и да можат да се подложат на критичка самоанализа, не можат да ја проанализираат самата критика. На таков начин тие напредуваат во насока на разумот наместо приврзаноста и пожртвуваноста. Без тоа, пак, човекот потонува во нечистите, егоистичките сили (клипа), наместо во духовното, во давањето. Токму од тоа треба да се плашиме за да не тргнеме по пат на разумот, наместо самоодрекувачки да бидеме верни на душата. Веќе сме виделе многу пријатели кои паднаа на овој пат, а уште многу ќе паднат. До целта ќе стигне само тој, кој ѝ е посветен со целата душа и е подготвен да оди со затворени очи.

Од дневаната лекција по статија на Рабаш - 21.08.2012 на  Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica