Прашање: Како да барам Светлина за луѓето, коишто ги гледам како страдаат, а истовремено да го оправдувам Создателот?
Одговор: За почеток, треба да се поминат поправките. Јас му се молам на Создателот поинаку: „Исто како што се откриваш Ти пред мене како Добар, и Тој што прави добро, без ниту едно зрнце зло во Твоите дела, насочувајќи ме со негатив кон доброто, и откривајќи го тој негатив со болка, многу поголема од мојата, иако јас сфаќам, дека тоа е за добро, - Те молам малку да им се разоткриеш, да им го покажеш Твоето добро“. Да го поставиме прашањето поинаку: како ние да го оправдаме Создателот за нашите страдања? Врз основа на искуството, ние постепено дознаваме, дека сè е за добро. Најлошите работи, пороци, мракот што претходи на зората, - сè се открива како „материјал“ од следното скалило. Тоа нам ни е неопходно, и затоа ние не само што го оправдуваме, туку и се заблагодаруваме за злото, како за добро. И така, што се однесува на другите: ние чувствуваме дека светот страда, - и мора со тоа да му се обратиме на Создателот. Но да се обратиме осознавајќи, дека всушност на луѓето им недостасува една работа – Неговото откривање. Само тоа веднаш ќе ги реши сите нивни проблеми. Бидејќи изобилството доаѓа од Светлината. Затоа само тогаш тие ќе се почувствуваат богати, здрави и успешни. Соодветно на тоа, обраќајќи се на Создателот, јас велам: „Те молам, дозволи во нив да се открие доброто“. Затоа што болно е за мене, кога тие го колнат Него. Страдајќи, човекот автоматски, без какви било зборови, го колне Создателот. Тоа пак значи, дека секоја состојба, што се наоѓа подолу од „кругот“, Бесконечноста, во иста мера ме принудува мене да го колнам Него. Суштината не е во рационалните заклучоци – самото чувство тоа го потврдува.
Прашање: Тогаш, како правилно да го замислам откривањето на Создателот во нив и во мене?
Одговор: Јас не барам Негово откривање за себе, јас само барам можност да му служам Нему и ним. Поточно да му служам Нему преку нив. Токму тоа е работата, која ми е доделена мене, како на „преодна алка“.
Од лекцијата по статијата од книгата „Шамати“, 11.11.2013, на Каб.Тв